30.05.2012, 11:44 Попоски: Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
„Ќе продолжиме да дејствуваме како земја членка на Алијансата, а нашите очекувања и аспирации се исти како пред Самитот на НАТО во Чикаго“, оцени министерот за надворешни работи
Македонија останува посветена на нејзините стратешки цели и интереси - влез во НАТО и ЕУ. Ќе продолжиме да дејствуваме како земја членка на Алијансата, а нашите очекувања и аспирации се исти како пред, за време и по Самитот на НАТО во Чикаго, оцени денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски одговарајќи на новинарско прашање по работниот појадок со дипломатскиот кор.
- Во поглед на очекувањата пред, за време и по Самитот на НАТО во Чикаго, тие се еднакви. Тоа го рековме и пред неговото одржување. Немавме очекувања од Самитот бидејќи тој не беше самит за проширување. Значајно за нас е да покажеме дека имаме капацитет да дејствуваме како земја членка на Алијансата и да се продолжи со однесувањето на земја која е фокусирана на остварувањето на своите права, на своите стратешки цели и во тој правец сме насочени, рече Попоски.
Тој додаде дека засега нема сериозни сигнали од страна на Република Грција за поддршка на процесот на интеграција на земјите во регионот, како и за решавање на спорот со името. Македонија, за разлика од Грција, истакна Попоски, останува посветена на неговото решавање.
- Доколку се види динамиката на средби и иницијативи од наша страна нема никаква дилема. Тоа е нешто што го правиме и што ќе продолжиме да го правиме. Тоа што недостасува е одговор од другата страна, рече шефот на македонската дипломатија и додаде дека и покрај се не треба да се минимизира и потценува значењето на правниот аспект на пресудата од Хаг во врска со овој спор.
Прашан за последните случувања со обеледенувањето на делови од предлог на медијаторот Метју Нимиц од 2005 година, министерот Поповски посочи дека тоа има два димензии.
- Првата е институционална. Секој оној што прекршува закон треба да одговара според законите. Втората е политичката. Во тој контекст мислам дека ние како Република Македонија имаме интерес за максимална кохезија и максимален фокус на она што е наша стратешка цел. Во Македонија граѓаните очекуваат дека треба да се фокусираме на постигнување на нашите цели - НАТО и ЕУ членството, изјави министерот за надворешни работи и додаде дека Македонија мора да настапува на ниво на заштита на своите интереси, а тие, како што наведе, се многу јасни.
|
|
Статијата е прочитана 402 пати.
|
Испрати коментар
|
|
bitola troa skolovan, 30.05.2012 13:58:54 | Abe deckovo kako da zaboravi na sedumte ofanzivi sto poslednava godina gi izvojuva so kazuvanje deka site nas ne poddrzuvaat i deka juzniot sosed e sam i nie sme veke vo integraciite.Ili seto se zaboravi pa pak treba da mu veruvame.Bate ti si mlad i perspektiven odisi od vladata oti imas sansa da te vrednuvaat ludjeto mnogu poveke ako toa go storis,a ne da bides izvrsitel na familijata.
|
| mmk, 30.05.2012 14:17:08 | Ако остануваме на нашите аспирации како пред Чикаго и ако уште 5 месеци пред Чикаго ни соопштија дека приемот не е во пресудата од Хаг Зошто??? почитуваниот министер и прмиерот правеја јалови турнеи низ светот,боже ке го за...НАТО и неговите членки.Оваа јалова дипломатија ги врака на почетните позиции.Ако е така,зошто ни е потребна.Ако адутот за оваа власт беше Хаг,редно е министерот да се повлече.Наместо да троши безполезна енергија и пари , да се сконцентрира на суштинското прашање од проблемот.Или пастирот мораше да глуми пред јавноста како стотици илјади километри се поминати за спас на Македонија.!? |
| Пат, 30.05.2012 14:54:48 | Дете , тргни се од патот , има возила , ќе те згазат! |
| evro-makedonec, 30.05.2012 18:58:11 | Se dodeka ovcarot i negovoto stado se na vlast, nie ke si cekame, ke stopirame na patot za Evropa, no nikoj ne ne zema.Cel svet znaese deka haskata presuda e samo opomena, a ti kako najgolema ovca, se setas niz svetot. Ako ne bea narodnite pari, nemase da odis ni do Albanija. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 17°C
Претежно облачно
|
Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|