Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.05.2012, 15:59
Груевски: Прифативме референдум, а не предлог за името



Премиерот го обвини СДСМ дека го прифатил името Поранешна Југословенска Република Македонија

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница истакна дека во 2008 година пред Самитот на НАТО во Букурешт не бил прифатен предлогот - Република Македонија (Скопје), туку согласност за давање можност да биде ставен на референдум, доколку и Грција го прифати.

Коментирајќи забелешка од пратеникот од СДСМ Јани Макрадули дека во 2008 година била прифатена промена на името, Груевски наведе оти опозициската партија и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски одат на тоа „дека ако 100 пати повторат една лага на крајот ќе стане вистина“.

- Јас најмалку 10 пати во тој период и подоцна, а и редовно во периодот кога се доближуваат избори сум бил прашуван од медиумите и редовно имам многу прецизно одговорено што тогаш се случило, што било прифатено и за што била дадена согласност, рече Груевски, додавајќи дека и повторува на јавноста за што тогаш дал согласност.

Тоа, појасни, беше предлог од медијаторот наречен конечен пред Самитот да биде ставен на референдум во Република Македонија, доколку и Грција го прифати.

- Со оглед дека и Грција не го прифати предлогот, тој не беше ставен на референдум, нагласи Груевски.

Според него, тоа не е прифаќање, туку само согласност и давање можност на граѓаните во пресрет на НАТО самитот во Букурешт да се изјаснат за тоа дали таквиот предлог е прифатлив или не.

- Во такви клучни моменти кога се одлучува на некој Самит, нормално е и природно ако сме се декларирале дека за прашањето конечниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум, да им ја дадете таа можност, доколку и другата страна го прифати и постои некаква шанса да стане тоа решение, истакна премиерот.

Во однос на тоа како ќе гласале на референдумот, според него, е сосема друго прашање. - Единствено што кажавме е дека се согласуваме тој предлог да се стави пред граѓаните на референдум за да го кажат своето мислење и државата да добие своја позиција по однос на тоа. Жал ми е што немате за што да се фатите, се фаќате за измислени работи и потоа ги повторувате по сто пати, истакна Груевски.

Тој ја обвини опозицијата дека за ова прашање има направено тешки стратешки грешки како политичка партија и како раководство.

- Вашата партија го прифати името поранешна југословенска Република Македонија и на јавноста и соопшти дека тоа име ќе биде во употреба само два месеци и оти потоа ќе се врати името Република Македонија. Тоа го соопштивте по враќањето на државниот врв од Њујорк од заседанието на ОН. Собравте десетици илјади граѓани на плоштадот во Скопје да им објасните дека тоа што сега било прифатено во ОН е само за употреба за два месеци и потоа ќе се врати се како што било претходно. Тоа е голема лага со последици, наведе Груевски.

Тој посочи дека во случајот за кој го прозиваат дали прифатил или не, за разлика од СДСМ, нема последици.

- Ние добро знаеме дека не сме прифатиле, туку само се согласивме да оди на референдум. Но ова што вие го прифативте и го потпишавте да се викаме ПЈРМ, ФИРОМ или БЈРМ и што цели 15, 16 години неможеме да се откачиме од тоа име, луѓето ни се смеат и се збунети кога слушаат имиња како ФИРОМ , БЈРМ, поранешни југословенски републики и слично. Тоа е нешто што го носите на душа пред овој народ и заради што ви се потребни измислени лаги, манипулации да набедите некој друг дека нешто прифатил или не прифатил, рече премиерот.

Според него, со таа тежина СДСМ како партија ќе живее цел живот и секогаш ќе бара друг виновник стратешките грешки што ги имала направено по тоа прашање. - Тоа беше една голема лага, голема манипулација за која што до ден денес немате одговор. До ден денес се објаснувате дека тогаш така морало, така требало, ако не било така ќе имало војна, ако не било така ќе сме ја изгубеле државата. Немало ниту државата да ја загубиме, ниту војна да има, посочи Груевски.




Статијата е прочитана 1763 пати.

Испрати коментар



Николиќ се заложи за прекин на судирите на Косово
Доживотна казна затвор за Мубарак
Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Ципрас останува на грчките црвени линии
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Neki, 31.05.2012 16:21:01
Ma kakvo Skopje bre! Makedonija ne e Skopje. Jas kako Ohrigjanec se cuvstvuvam navreden od takvo ime i ekspresno ke se otkazam od drzavjanstvoto i ke baram nezavisnostna Ohrid od drzava so takvo ime. Ne sakam nisto da imam so Skopje a veruvam deka moeto mislenje go tvrdat site gragjani na Makedonija koi ne se od nashiot prepotenten i egocentricen glaven grad koj poleka no sigurno ni ja unistuva drzavata. Makedonija pripagja na site Makedonci, a ne na Skopjani. Ako sakate da imate drzava so imeto Skopje jas veruvam deka nie ostanatite ke vi posakame se najdobro vo vaseto osamostojuvanje.
jimmy1, 31.05.2012 16:56:45
Sto go macite covekot, pustetego neka dogradi ona sto si pocnal da gradi. Pa zarem gledate deka nemat tri cisti, kako i onie sto go izbraja da ni vodit drzava.
Zoshto ne se koristat argumentite od MSP 1948?, 31.05.2012 17:11:41
Treba da se koristi argumentacija na dopolnitelnite uslovi napravena od MSP 1948 (Sovetodavnoto mislenje od 1948.). Pravo na samoopredeluvanje/samoidentifikacija za ON nee DOVOLNO! Treba da se pojasni i so pravoto na PRAVNATA ednakvost, Pravoto na nezavisnost i Pravoto na nemeshanje vo stroga vnatreshna jurisdikcija od drzahvite i ON ! Poslednoto pravo nanemeshanje vo stroga vnatreshna nadleezhnost ushte e pobitno za nas od samoopredeluvanje na identitet, i tie prava se povrzani. Koga nastapuva diplpomatot treba site ovie prava da gi zeme vo celina, vkluchuvajki i kreshenje na chlenovite 2. i 4. od Povelbata na OON pri makedonskiot priem vo ON. Prvo R. Makedonija ke vospotavi svoeto ime vo Generalnoto sobranie na ON, zamenuvajki ja nelegalnata referenca FYROM. Potoa, so poseben aranzhman ke vlezeme vo NATO. A isto so specijalen dogovor ke se prikluchime vo EU. Vakov specijalen dogovor nema da bide predmet na odluki bazirani na konsenzus i VETO od koja bilo chlenka na EU
Ne po vrat, ta po shija, 31.05.2012 17:16:21
Se zapletkavte od pusta zelba da go omalovazite Branko. Shto vi voopshto trebashe da go vadite od naftalin predlogot od 2005 g. I dosta vece so toa ime, mi se smachi do tolku, da go nejkam povece. Neka si go nosat grcite, a nosete se i vie so niv i so imeto. Koga ke zemame plati da mozeme da ziveeme? A ne ime, pa ime, kako da zivotot se sostoi iskljuchivo od toa prokleto ime. Ekonomijata gospodine, imeto samo po sebe ke se reshi. Odgovarajte za siromashtijata i bedata, i za raskoshot i lopovlukot Skopje-2014 od drugata strana, a ne za postapkite na Branko. Gospodine Gruevski da ve potsetam, vie ste premier, ne tracher/baba.
evro-makedonec, 31.05.2012 17:20:17
Gujo, mislese ke se skries so Drzavna tajna. Sega izleguva na videlina, nemozes ti so Branko. Toj nema da odi vo zatvor, ti ke odis vo pekolot.
ФЕЛИКС, 31.05.2012 17:52:09
Зошто Макрадули не го прашува својот шеф зошто прифатил зедно со премиерот предлог РМ(Скопје) кога нели предлогот 2005год. бил ептен поарен.Поарноста се гледа во тоа што таму се нудело ГРАЃАНИ место МАКЕДОНЦИ и оној одличен безвезен јазичен поим МАКЕДК за кое сигурно му го знаат значението само Бихаќевците.Па токму Бихаќевците не исподавија своевремено да се нема референдум за името,оти,,што има да се прашува народот,тоа треба да го реши одговорна власт,,за потоа лани пред избори им се додворуваа на гласачите со ,,нормално да треба референдум за името,народот треба да решава,,.И сега тој ист народ презаситен од вакви политикантски врдулами и вербални акробатики им плесна уште еден изборен пораз петти во низа.Капак на се е замерувањето со Нимиц со кого е договорено да не се открива ништо додека траат преговорите.Се на се да и Нимиц и неговите ментори станаа жртви на политиканството на лидерскиот очајник од Бихаќка.
od macedonka, 31.05.2012 18:43:29
gospodine gryeski citam i se cydam ci se sramel deka se narekyvame poranesna repyblika i branko e poranesen presedatel poranesen praim minister pa ne se srami znaci camo ti ke se sramis koga ke bides poranesen nikolce razbydise tie sto gi narekyvas komynari predavnici e oddelija macedonija bez krv dase prolee a vie samo sto e dobifte na vlasta vojna otvorifte zivoti zagybivme i yste po bolno gospodine voci ne gledase i lazese koga te prasavme dali ke ima amnestija a ti odgovori samo cdcm tova mozi da se clyci sega kazi kade se slyci i ako baras nekoj koi laze pogledni vo ogledaloto i ke go vidis
Mitre, 31.05.2012 19:23:28
Iskreno, jas mozam da ziveam so FYROM bidejkji znam deka bese nuzen kompromis za da se vleze vo OON, a ne znam koj moze da zivee so onolkavi konjoj i angeli i voini i gakjosani Prometei sto go kocat resavanjeto na problemot so imeto koj tolku mnogu ja ima preokupirano vlasta... FYROM naizgled zvuci mnogu loso, no imase pozitivni posledici, a Skopje 2014 niti izgleda ubavo, a ima krajno... krajno stetni posledici. I toa e samo eden segment od celokupnoto loso rakovodenje na drzavata od strana na ovaa vlast.
pero, 31.05.2012 20:21:45
Е поголемо дриблање од ова - ЗДРАВЈЕ .....
Dimitar, 31.05.2012 20:34:40
Gospodine Gruevski da Ve potsetam deka momentalno ste na Vlast i toa e aktuelno prethodnive 6 godini! Ako imeto Fyrom e stramno, zarem Vie kako vlast nemozete da se otkacite od nego, pa plukata po Branko??? Pa eve vi, stom ste tolkavi patrioti ete spasete ne od Fyrom bre Nikola, pa ako vie kako vlast toa ne go mozete Vi blagodaram mnogu za toa sto ja vrativte Makedonija 150 godini nazad i odete si, ama ne od vlast tuku nadvor od drzavata i nikogas povekje da ne ve vidime! I dosta ni e od minato,spomenici,patriotizam i idiotizam, na ovie lugje im treba idnina i mir, a ne p.n.e.! Fala mnogu i prijatno!
Veles, 31.05.2012 21:24:00
G-dnot Gruevski uporno go obvinuva Branco deka go smenil imeto vo BJRM a istiot on Gruevski ne napravi cel svet da ni se smee anticki makedonci.Sekoj znae deka narodot na referendum ke glasa protiv promena na imeto i ke mu ovozmozi da si bide na vlast bas kako Milosevic.Fakt e deka duri i da se smeni imeto,Gruevski uporno ke si ja gradi anticka Makedonija so grckite figuri i normalno 50 god. istata prikaska kako nie sme mali a grcite imaat pomos od NAto i EU i kako sakaat da ni go smenat imeto i identitetot.
Bez gaki, 31.05.2012 21:25:00
Isto kako shto stavi gaki na Prometej, sega Gruevski stavi gaki na predlogot sto go prifatil: Republika Makedonija (Skopje).
Трпе, 31.05.2012 23:38:07
А што бидна со референдумот.Сакам да знам за ова информација затоа што и јас не сум од овде како пастирот.Незнам зошто не го оставите човекот на мира,зарем не гледате дека ке ни се поболи.На секоја седница за пратенички прашања ке си ги испокрши прстите од нервоза.Нервозата е штетна по здравјето.И некако многу интересно се однесува,заборава на вакви седници кој на кого поставува прашања.Тој е научен како што на своите министри им поставува прашања вака сака и на пратениците тој да им поставува прашања.И по 6 години власт се однесува како да е опозиција.А позади него во клупата седеше едно девојче кое се смешкаше да не кажам како во кој филм.
Boshko, 01.06.2012 03:22:02
Koga SDSM prifati FYROM kako reshenie za so ova ime da bide narekuvana Makedonija,pa sega neka iznajdat drugo reshenie za da si go vratat imeto Republika Makedonija.
pile, 01.06.2012 06:46:09
Pravnicite znaat mnogu podobro deka vo pravoto koga od eden Organ se bara soglasnost, a Premierot e ovlasten pretstavnik na najvisokiot Organ od izvrsnata vlast vo R.Makedonija,dadenata soglasnost e obvrzuvacka i e sostaven del na konecniot akt.Vo narodot od sekogas postoi dilemata, zosto mackata koga e frlena, kolku i da leta visoko sepak pagja na noze.Vcerasnata debata na Sobraniskata sednica za pratenicki prasanja ne samo sto potvrdi kolku se vo pravo sojuznicite i prijatelite na R.Makedonija koga so diplomatski recnik povikuvaat na potrebata od liderstvo i pragmatizam pri nadminuvannje na odredeni sustinski prasanja, kako sto e sporot so imeto,tuku i pokazja deka resenie za sporot bez Ekspertska Vlada ne e mozjen.Zatoa predlagam prvo da se oddi na referendumsko izjasnuvanje,imajki vo predvid deka za identitetot na se razgovara, so prsanjeto,dali ste za imeto ,,Republika Makedonija za sevkupna upotreba pod uslov Gruevski i familijata da si oddat od vlast.Ovoj poteg na samozjrtva
Dragica Lapajkoska-Belchevska, 01.06.2012 07:45:01
E bre Grujo,sakas so tvojot referendum posle krivicata da ja frlis na narodot. Ti cestitam sto barem za toa si pameten,a drugoto...??? Tvoite lagi pak tolku se povtoruvaat,bidejci ti imas mal fond na zborovi,taka da tokmu tvoite lagi sakas da stanat vistina. V nedela ce probam da gi potsetam moite slusateli dali navistina seto ova sto go zboruvas e vistina upotrebuvajci te tebe tonski so tvoite izjavi.
nikola od Bitola, 01.06.2012 10:27:43
koj e protiv imeto na Makedonija, neka se imenuva kako saka vaka taka rade made branko brane branka fanka itn gavoli trgnetegi racete od nasata zaednicka Makedonska drzava, taa so vekovi bila Makedonija i taka ke ostani za nejze ilijadnici cesni kerki i sinovi ne umrea od svoja smrt, zaginaa od neprijatelski kursumi, bajoneti, bombi i po zatvorite na tito i lazo. DOSTA E DOSTA RAZBUDISE MAKEDONSKI NARODE
canberra, 01.06.2012 10:52:40
Pa dobro be narode, zarem i ovoj da ti bide Premier? Uporno BYRM de BYRM... Dali mozese da ne se prifati privremenoto ime togas? Samo retardirani mozoci mozat da veruvat na Gruevski, nikoj drug
strumica, 01.06.2012 11:32:32
spored komentarite nie ne ni zasluzuvame nesto drugo osven FYROM.
Дарко, 01.06.2012 12:01:56
Секогаш е најлесно вината да ја префрлиш на друг некој. А најлесно е да ја наталожиш и да мислиш дека сите би ти верувале . Што ни докажал Бранко за да веруваме на неговите лажни тези . Доста беше . Таа грешка која ја направивте во 2008 сега нас не чини многу . Но ние веруваме во оваа влада и сигурни сме дека ќе се избори за тоа што ни следува и дека ќе бидеме под уставното име . А СДСМ може сеуште да се занимаваат со лаги бидејќи сеа се никаков фактор за нас граѓаните .
Marioec od Azija, 01.06.2012 15:37:43
Bravo Strumica za komentarot,mada nemam navika da komentiram tudji komentari,ama na Kanbera po naski ce mu odgovoram.Da mozese da ne se prifati imeto i vo toa vreme ce nemase nikakvi golemi posledoci,nitu vojna nitu nikakvo drugo crno scenario.Referencata e jamkata okolu vratot na Makedonija,ama od pusta partijska zaslepenost nesakate da ja videte ili ja gledate ama greskata sakate da ja prefrlete na drug.Inaku e bespredmetno sega da se debatira,koj i kako ja napravil nego treba da se sedne i razraboti scenario kako da se kompenzira ovakva greska.Inaku site se lazete ako sonejze sme mogle nekade da se zaclenime kaj sto e clen Grcija,tie i ja stokmija i potpisaa istata samo zato sto e vo novna korist.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 13°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |