01.06.2012, 16:40 Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Охридската полиција поднесе кривична пријава против 60-годишниот К.И. од Охрид за кривично дело задоволување полови страсти пред друг.
Пријавениот во вторникот, околу 15 часот, извршил полови дејства пред две малолетни лица. Делото било сторено во дворот на неговата куќа, односно во непосредна близина на куќата каде што живеела една од малолетничките.
Осомничениот бил приведен, а подоцна и притворен, а со децата бил извршен разговор во присуство на нивните родители и социјални работници од Центарот за социјални работи од Охрид. (Љ.С.)
|