02.06.2012, 12:30 Во Гостивар татко го рани синот во расправија
Шеесет и осумгодишен гостиварец синоќа со огнено оружје го ранил синот со кого претходно се скарале.
Според дежурниот истражен судија од Основен суд во Гостивар, синот Д.Ѓ. бил застрелан во нозете со огнено оружје во семејната куќа на улицата „Браќа Блажески“ во Гостивар. Настанот се случил околу 21 часот, а засега не е познат мотивот.
Ранетиот бил веднаш згрижен во гостиварската болница, а оттаму поради сериозноста на повредите итно е префрлен на скопските клиники.
Таткото Светозар Ѓ. е задржан во полициска станица, а во текот на денот се очекува да биде изведен пред истражен судија.
|