02.06.2012, 11:13 Надежите им подарија бод на Фарски Острови
Иако беше фаворит на гостувањето во квалификацискиот дуел за Европското првенство 2013, младата репрезентација на Македонија одигра само 1:1
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година одигра само 1:1, иако беше фаворит на гостувањето кај Фарски Острови во квалификацискиот дуел за Европското првенство 2013. Ова е 16 натпревар во низа без пораз на младите македонски фудбалери.
Домаќинот поведе со автоголот на Кире Ристевски во 57.минута по едно недоразбирање со голманот Филип Гачевски. По тој момент избраниците на селекторот Бобан Бабунски ја преземаа иницијативата и преку Илија Несторовски во 77. минута изедначија на 1:1 што беше и конечен резултат. Голема шанса за целосен пресврт имаше Самир Фазли во самиот финиш кога од само неколку метри го префрли голот на Фарските Острови.
Со овој бод Македонија изби на втората позиција на табелата со еден бод повеќе од Данска кој е наш следен противник на 5 јуни во Копенхаген.
Табела: Србија 11 бодови (5 одиграни натпревари), Македонија 9 (5), Данска 8 (4), Северна Ирска 4 (6) и Фарски Острови 2 (6).
|