01.06.2012, 16:26 Ципрас останува на грчките црвени линии за името
СИРИЗА и Нова демократија се борат рамо до рамо на предизборните анкети
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Грчката левичарска партија СИРИЗА останува на грчката црвена линија за решавање на спорот за името. Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас при претставувањето на изборната програма покрај економските приоритети на партијата ги претстави и приоритетите од надворешната политика кои се во линија подобрување на односите со соседите на Грција за одржување на мирот и стабилноста на регионот. Конкретно за спорот за името Ципрас истакна дека СИРИЗА ќе работат во насока на изнаоѓање заеднички прифатливо решение за во рамки на Обединетите Нации. " Решение за сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Ние ова решение го предлагавме со децении, и ако тогаш не послушаа ќе беше решен овој проблем кој за зал го попречува развојот на суштинска соработка меѓу двете држави", истакна Ципрас. Потенцираше дека за СИРИЗА територијалниот интегрирет и националната независност не се предмет на преговори, но и дека Грција поради нејзиното членство до сега се водела по "излишна доктринаа за припаѓање кон Западот" која полека се трансформирала во "предавање на посилните", идеологија која според Ципрас веќе не смее да биде компас за грчката надворешна политика.
Младиот лидер на СИРИЗА се претстави како модерен Робин Худ посочувајќи дека нивниот економски план предвидува построги даночни мерки за богатите, додека пак вети олеснувања и укинување на дополнителните даноци за недвижнини за невработените, оние со ниски плати и пензиина и граѓаните кои живеат на работ на сиромаштијата. Според Ципрас на изборите на 17 јуни граѓаните ќе имаат избор пакет на мерки за штедење или СИРИЗА, појаснувајќи дека првиот чекор на владата на десницата ќе биде поништување на пакетот за штедење и барање за повторни преговори за договорот за заем со меѓународните кредитори.
Две недели пред новите грчки парламентарни избори СИРИЗА и десничарската Нова демократија на Адонис Самарас водат битка гради во гради. Нови резултати од предизборни анкети излегуваат речиси секој ден, дел од кои им даваат предност на СИРИЗА, други пак на Нова демократија. Резулатите од анкетата за "Катимерини" и "ТВ Скај" и дава водство на СИРИЗА со 31.5 отсто од гласовите, додека пак десничарите се на второ место со 25.5 отсто, додека пак анкетите за телевизијата Алфа покажуваат водство на Нова демократија со 28.8 отсто, а зад нив е СИРИЗА со 27 отсто. Меѓутоа она во што се слични резулататите на сите анкети се очекувањата на граѓаните, кои независно од тоа за кого ќе гласаат прогнозираат дека на изборите ќе победат десничарите Нова демократија. Во целата предизборна неизвесност, граѓаните на смеа коментираат дека единствено што е извесно е дека ПАСОК ќе бидат трета партија.
Голем дел од граѓаните го поддржуваат Ципрас во пркосењето на меѓународните кредитори со предлогот за поништување на договорот за штедење. Изјавите на меѓународните кредитори со кои се укорува Грција според многумина само му одат во прилог на Ципрас и неговата политика. "Само Ципрас. Не верувам на никој друг, ниту пак планирам да ја спасувам Ангела Меркел. Не ме интересира еврото, ме интересира тоа што заработувам само 20 евра дневно, тоа што немам пари. Кој друг и да дојде освен Ципрас работите ќе ги направи уште полоши од што се сега", коментира еден средовечен граѓанин, додавајќи дека не треба да им се верува на анкетите на медиумите кои се вртат против Ципрас и со тоа покренуваат отворена војна против неговата победа. Друг граѓанин пак, кој својот глас на претходните избори го дал за помалата радикална десничарска партија Независни Грци, вели дека се покајал за својот глас и се уште се мисли за кого да се определи. "Никако за д��ете големи партии. Се мислам за СИРИЗА, но имаат многу малку силни луѓе во своите редови кои би можеле да ја раководат државата", вели тој.
|
|
Статијата е прочитана 2281 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Единствени во неправда и неединствени во праведна одбрана, 01.06.2012 20:51:13 | Неединството важи за Македонија. Македонија не била никогаш грчка. Достоинството не ми дава да попуштам на грчките лаги за Македонија. Штета што кај нас има луге што би попуштиле. Немаат поим од вистината за Македонија и македонскиот народ. Грција незаслужува да се разговара. Грција е безобразен сосед кој ��аже краде и ја уништува македонска нација. ЕУ дебело греши кога вели добрососедство. Нејзиниот член не едобар сосед. |
| pile, 01.06.2012 20:52:12 | Grckata evroparlamentarka Marija Eleni Kopa pri krajot na april 2012 godina, podnese izvestaj do Komisijata za nadvoresni raboti na Evropskiot parlament vo koj bara bilateralnite sporovi megju zemjite da ne bidat precka za clenstvo vo EU.Evropskite vrednosti na Balkanskiot poluostrov se neminovnost.Nikoj Makedonski gragjanin ne saka da ja vidi sosedna Grcija, ekonomski plan osiromasena,nadvor od EU zonata i na megjunaroden plan ponizjena.Posakuvam prijatelska Grcija da formira stabilna proevropska Vlada, i zaednicki so identicnite sojuznici i prijateli da gi nadmineme bilateralnite problemi,kreirani vo drugo vreme od pogresni politicari za tugji interesi,so sto ke se otvori patot kon NATO i EU na Republika Makedonija za pogolema regionalna bezbednost i zajaknata ekonomskata sorabotka pomegu zemjite od EU i regionot, za dobrobit na idnite generacii. |
| Od bankrut malce mito mal kuver, 01.06.2012 20:59:45 | Opste neme interesira za niv......... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 29°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|