Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
01.06.2012, 16:06

Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“

На 4 јуни на Скопски саем ќе почне снимањето на новиот филм на Игор Иванов, кој собра многу интересна интернационална екипа

Со британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн, кои влегуваат во филмот „Соба со пијано“ на Игор Иванов како актери, целосно се комплетира екипата на овој нов македонски филм, чиј старт на снимањето е закажан за 4 јуни. По германските актери Торстен Вогес и Ханес Вегенер, како и големиот српски и поранешен југословенски актер Светозар Цветковиќ, во филмот на Иванов влегоа и двајца многу реномирани режисери, кои ќе ја надополнат неговата актерска екипа.

Тони Палмер (1941) има огромен опус зад себе, кој вклучува над стотина филмски наслови. Тој се смета за еден од водечките режисери на музички документарни и историски филмови, во чие портфолио се остварувањата за многу музички легенди и за нивните дела, како што се „Битлси“, Џими Хендрикс, Френк Запа или делата на Стравински, Вагнер, Марија Калас, Леонард Коен. Палмер има освоено повеќе од 40 награди, има повеќе номинации и награди за БАФТА и ЕМИ, а познат е и како режисер на театарски претстави и опери.

Мајк Сарн (1939), пак, и' припаѓа на пионерската генерација филмски уметници од Велика Британија, кој многу успешно се занимавал со режија, но има и големо актерско искуство и соработувано со култни автори, како што се Јежи Сколимовски или Дејвид Кроненберг. Сарн бил номиниран за „Златен глобус“ за странски филм за неговото остварување „Јоана“ во 1969 година, а има значително искуство и успеси и на полето на поп-музиката.

Филмот „Соба со пијано“ собра доста интересна актерска екипа, која доаѓа од различни страни на светот. Во него играат и македонските актери Владо Јовановски и Наташа Петровиќ, како и: Ива Крајнц од Словенија, Јагода Кумриќ од Хрватска и Невена Ристиќ од Србија, а кон екипата се приклучи и светски познатиот пијанист Чили Гонзалес. Филмот е планирано да почне да се снима на 4 јуни, а целото снимање ќе се одвива во Скопје. (С.У.)


Статијата е прочитана 447 пати.

Испрати коментар



„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти



natalija, 02.06.2012 10:05:37
Wow!!!Bravo, samo napred!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |