Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.05.2012, 14:50
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“




Аида ќе ја толкува сопранот Гвинет Ан Џеферс од Британија, а во улогата на Радамес ќе настапи Леонардо Грамења од Италија

Со грандиозната опера „Аида“ на Џузепе Верди утревечер на сцената во Македонската опера и балет во 20 часот се затвора годинашното издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Со оваа опера во четири чина, со која фестивалот секоја година завршува на ист датум следејќи ја традицијата, ќе диригира македонскиот диригент Оливер Балабурски, кој со години живее и работи во Канада.

Во улогата на Аида ќе настапи познатата британска солистка, сопранот Гвинет Ан Џеферс, улогата на Радамес ќе ја толкува Леонардо Грамења од Италија, во улогата на Амнерис ќе ја видиме американската солистка Фредрика Брилембург, Амонасро ќе го игра Џанфранко Монтрезор од Италија, Рамфис е Игор Дурловски, Фараон е Владимир Саздовски, главната свештеничка е Олгица Милевска, додека гласникот е Марјан Николовски. Во операта настапува и целиот балетски ансамбл.

Првата изведба на „Аида“ се случила во 1871 година во Каиро, Египет. Таа е напишана по нарачка на Театарот во Каиро по повод отворањето на Суецкиот Канал и станала едно од врвните дела на композиторот.

Богатството на музичката содржина на „Аида“ е постигнато со заемно дејствување на неколку музички планови и нивниот совршен сооднос: експресивно психолошката линија на главните херои, мрачниот и непоколеблив свет на свештениците, раскошните триумфално-маршовски масовни сцени, егзотичниот свет на Истокот, чијшто колорит органски се вградува во драматургијата и музичкиот јазик на операта.

Режисер на операта е Дејан Прошев, сценографијата на Зоран Костовски, костимограф е Елена Дончева, додека кореограф е Снежана Филиповска. (Т.И.)

Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар



„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти



Mene, 30.05.2012 22:50:03
Операта Аида НЕ е напишана по нарачка за отворање на Суецкиот канал(кој е отворен 1869г.)Напишана е по нарачка на Исмаил Паша,тогашен Кедив,т.е.Султан од Египет...Убаво би било во иднина да се информирате пред на напишете било што,барем сега има каде да се провери...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Претежно облачно

Петок
Ведро
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Сабота
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |