31.05.2012, 13:14 Промоција на „Грабнувањето на Европа"
Новата стихозбирка на Иван Џепароски, чиј издавач е „Дијалог" вечерва ќе биде промовирана во Салонот 19.19 во КИЦ, во 19.19 часот
„Грабнувањето на Европа", новата стихозбирка на Иван Џепароски, чиј издавач е „Дијалог" вечерва ќе биде промовирана во Салонот 19.19 во КИЦ, во 19.19 часот.
Промотори ќе бидат Анастасија Ѓурчинова и Соња Стојменовска Елзесер, а стихови ќе чита Ѓорги Јолевски.
Поетот, критичар, есеист и естетичар Иван Џепароски работи како професор по предметите „Естетика", „Историја на естетиката" и „Филозофија на културата" на Филозофскиот факултет во Скопје.Бил и во моментов повторно е секретар на П.Е.Н. Центарот. Во оваа своја нова стихозбирка Џепароски останува доследен на својата веќе препознатлива и изградена поетика, зошто песните во неа не се патописни сведоштва за сопственото доживување на градовите, лицата и пределите на Европа, туку многу повеќе една имагинарна, возвишена, пост-метафизичка, но ирониска фреска на состојбите врзани за духот на времето на нашиот стар континент кому од дамнини му припаѓаме. (К.Б.)
|