30.05.2012, 14:41 Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Лондон - Врховниот суд на Велика Британија денеска ја потврди одлуката за екстрадирање на основачот на сајтот „Викиликс“ Џулијан Асанж во Шведска.
Судот ја отфрли жалбата на Асанж против екстрадирањето во Шведска и утврди дека тој може да биде префрлен во скандинавската земја, каде што е осомничен за сексуално малтретирање.
Асанж, кој стана познат по објавувањето на тајните и доверливи материјали на Пентагон и преписката на американските дипломати со Стејт депертментот, шведските правосудни власти го бараат затоа што во Стокхолм е обвинет за силување и за сексуално насилство на две жени.
Асанж и неговите адвокати тврдат дека станува збор за „политички мотивирано обвинување“, инсистирајќи дека доколку биде екстрадиран во Шведска, оттаму ќе биде префрлен во САД, на судење. Адвокатите уште тврдат дека доколку се случи тоа, нивниот клиент би можел да заврши во затворот во Гвантанамо и да биде дури и убиен.
Основниот суд во Лондон, а потоа и Вишиот апелациски суд не ги прифатија ваквите аргументи на Асанж, кој додека траеше целата оваа постапка формално беше во куќен притвор.
Неговите адвокати претходно најавуваа дека доколку ги загубат сите прави битки во Велика Британија, ќе се жалат пред Европскиот суд за човекови права.
|