30.05.2012, 10:30 Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни победи на вчерашните републикански прелиминарни избори во американската сојузна држава Тексас, со што обезбеди доволно гласови за да биде кандидат на републиканците за претседател на САД.
Ромни освои 71 проценти од гласовите и ги доби 93-те делагати од Тексас на Републиканската националната конвенција, што ќе се одржи од 27 до 30 август. Втор беше тексашанецот Рон Пол со освоени 10 отсто од галсовите, пред Ник Санторум со седум и Њут Гингрич со пет проценти.
Со победата во Тексас Ромни освои повеќе од неопходните 1.144 делегати на Републикансата националната конвенција за да биде и официјално избран за претседателски кандидат на републиканците.
Во победничкиот говор по објавувањето на резултатите од изборите во Тексас, Ромни изјави дека е загрижен за состојбата на американската економија и упати критики кон преседателот на САД и негов противкандидат на изборите во ноември, Барак Обама.
Ромни, кој е бизнисмен, обезбеди најмногу средства за својата кампања од сите републикански претенденти за претседателската кандидатура, кои го обвинија дека со парите со кои располага може единствено да се мери само со демократскиот кандидат за претседател Обама.
|