30.05.2012, 15:24 Директор сексуално злоупотребувал ученици
Директор на основно училиште во Демир Капија е осомничен дека сексуално злоупотребувал двајца свои ученици, ветувајќи им поправање на слабите оценки
Според полицијата, 41-годипниот маж во септември минатата година, ги носел во својот стан учениците на возраст од 13, односно 15 години, им давал пари и им ветувал дека ќе им ги среди оценките, доколку имаат секс со него.
Против него се поднесени кривични пријави за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, односно за обљуба со злоупотреба на положба. Денеска попладне, 41-годишникот беше однесен на распит пред истражен судија. (Г.А.)
|