06.06.2012, 10:07 Шпанија најскапа репрезентација, Ирска на последно место
Вредноста на играчите на Шпанија изнесува 653 милиони евра, на второ место е Германија со 469 милиони евра, а на трето Англија со 394 милиони евра
Шпанската репрезентација е најскапата од сите 16 учесници на овогодишното Европско фудбалско првенство во Полска и Украина, а на последно место е Ирска.
Вредноста на играчите на Шпанија изнесува 653 милиони евра. На второ место е Германија со 469 милиони евра, на трето Англија со 394 милиони евра, а на четврто е Португалија со 332 милиони евра.
Листата на вредноста на репрезентациите ја направи бразилскиот економист Фернандо Пинто и заснована е на моменталните цени на 23 играчи, кои ги сочинуваат националните фудбалски тимови, кои ќе се натпреваруваат на Еуро 2012.
Шпанците имат дури девет играчи, чија просечна вредност изнесува 28,4 милиони евра.
Вкупната вредност на играчите на сите 16 селекции изнесува 3,75 милијарди евра. Вредноста на 32 селекции на последното Светско фудбалско првенство изнесуваше 5,3 милијарди евра.
|