04.06.2012, 14:43 И Хоризонт Турново остана во Прва лига
Турновци во Прилеп го совладаа Еуромилк Горно Лисиче со 1:0 во бараж дуелот и се впишаа како последен, 12. учесник, во елитното домашно друштво за сезоната 2012/13
По Тетекс и фудбалерите на Хоризонт Турново успеаја да го сочуваат статусот во првата македонска фудбалска лига. Турновци во Прилеп го совладаа Еуромилк Горно Лисиче со 1:0 во бараж дуелот и се впишаа како последен, 12. учесник, во елитното домашно друштво за сезоната 2012/13. Стрелец на единствениот погодок на „Гоце Делчев“ беше Александар Милушев во 31 минута.
Тетовци во саботата во Битола се радуваа по мечот со Скопје дури по подобро изведување на пенали (5:4). Во регуларното време и во двете продолженија по 15 минути немаше голови „Под Ту��бе кафе“. (С.Д.)
|