Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.06.2012, 15:05
Тодоров им закажуваше прегледи на болните



Министерот за здравство Никола Тодоров денеска им закажуваше прегледи на пациентите кои за медицинска помош се обратија во градската општа болница „8 Септември“. Тој речиси четири часа седеше зад шалтерот и заедно со здравствените работници на болните им закажуваше термини за снимање на компјутерска томографија, магнетна резонанца или на некое друго снимање.

Тодоров го одбрал овој начин за да ги сними и проблемите кои се јавуваат при работата на шалтерите. Министерот вели дека можел да прати и дел од својот тим да ја истражат состојбата на терен, но сакал лично да види и да се увери со кои проблеми се соочуваат пациентите и персоналот на шалтерите. „Секогаш е подобро кога од прва рака ќе го видиш проблемите. Можеш да се распрашаш, да поразговараш со луѓето“, додаде Тодоров.

Министерот констатирал 14 проблеми во оваа болница, а еден од нив била и висината на шалтерите, поради што болните мора да се наведнуваат. Затоа тој добил идеја да ја промени висината, и шалтерите во болниците да бидат како оние во банките. Тодоров смета дека мерките на Министерството за здравство со кои се ограничи бројот на дневни снимања и пациентите со над еден месец чекање за преглед да се префрлат на Клиниката за рентгенологија, ги даваат резулатите. „Листите на чекање за одредени снимања се намалуваат. Пациентите, зависно од дијагнозата, досега чекаа и до еден месец, а сега листите на чекање ќе траат од 2 до 6 дена“, додаде Тодоров. И додека министерот ја уверуваше јавноста дека редиците за снимање се намалени, пациентите кои излегуваа од оваа болница и натаму велат дека чекаат и по еден месец за снимање. (Ј.Ј.)

Статијата е прочитана 1362 пати.

Испрати коментар



Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
Сириза е за сложено име на Македонија со географска одредница
Венера „го засени“ Сонцето
Пандев три плус една година во Наполи
Словенија цврсто стои зад евроинтеграцијата на Македонија
Социјални компјутери за 3.000 апсолвенти
Идната недела нов тендер за ОХИС
Тодоров - Да се реновираат шалтерите во јавните здравствени установи
Почина јапонскиот принц Томохито
Cisco Expo 2012 - Бизнисот и Владата да ги користат иновациите за поголем развој
Биг Мек зависи од Македонија
Поддршка од Финска за влез на Македонија за ЕУ
Вардар исфрли уште еден труп
Трагична сообраќајка на патот Кавадарци - Ресава
Самоубијци однесоа во смрт 22 лица
Дачиќ - Нема мнозинсво за српска влада
Претепан поранешниот началник на УБК, Хисен Муслиу
Обама - воин со беспилотни летала
Директен лет Скопје - Дубаи од октомври
ДУИ ја прослави 10-годишнината од своето основање
Премиерот Груевски во посета на Финска
Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012
СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ - Каде одеа парите во времето на СДСМ?
Ставрески - За два дена исплатени 25 милиони евра
Учениците фрлаа стари книги и тетратки за поздрава животна средина
Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Судење на прилепчанецот кој си ја уби девојката
МАНУ е задоволна од своите нови академици
Груевски - Шведските компании ќе инвестираат надвор од еврозоната
Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Шврговски - Црвенковски не издал државна тајна
Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
Папата не се плаши од „Ватиканликс“
Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Вардар исфрли удавена скопјанка
Учениците ќе собираат стара хартија
Франција оди на парламентарни избори
Владиниот тим од Шведска заминува во посета на Финска
Избрани шест нови академици во МАНУ
Мартин Нешкоски - една година потоа
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Трпе, 05.06.2012 17:45:11
Момчето способно за се,нека отвори подвижни амбуланти во шатори.Слично како во војни услови.
mitre, 05.06.2012 17:59:40
Жалосно !?? Што дочекавме.............мисли кој знае што направил............
saso, 05.06.2012 18:15:06
Човеков самиот си ги покажува колку му се капацитетите,не знам само засто Груевски не може тоа да го види,нели и двајцата беа успешни менаџери.Т.Н министер за здравство самиот со своите менаџерски способности покажува што му лежи на срце за работа,на пр. супер би му одговарало да работи во Агенцијата за спорт(нели е каратист),евентуално полицаец а ако има и соодветно школо можеби и инспектор(нели само нешто испитува),дека таткому беше екс генерален секретар во Владата на Груевски може да го постави и како санитарен инспектор(нели бараше прљавштини по разрушениве ни болници) а евего покажува афинитети и кон шалтерски работник(нели секоја реформа со младиве дечки од владата ни започнува со шалтерските служби и тука завршува уф пардон ќе илажев и со енормно ГОЛЕМИТЕ казни.). Доста бе веќе со триокови, веќе и селаните ве прочитаа.Фатете се за работа за која сте платени ако не фаќајте џаде доста продавате магла и трошите пари за споменици како богати размазаени деца за играчки.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |