Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.06.2012, 10:21

Владиниот тим од Шведска заминува во посета на Финска



Македонска владина делегација денеска ќе отпатува во Хелсинки, каде премиерот Никола Груевски треба да има средба со претседателот на Република Финска, Саули Ниинисто.

Владината делегација во Хелсинки ќе присуствува и на вечерата што во нејзина чест ја приредува амбасадорот на Канада во Република Финска Кристофер Шапраданов, кој по потекло е Македонец.

Пред заминувањето во Хелсинки, премиерот Груевски, кој со владината делегација од вчера е во посета на Кралството Шведска, во Стокхолм ќе има средба со спикерот на шведскиот Парламент, Пер Вестерберг.

Вчера во Стокхолм македонскиот премиер имаше средба со својот шведски колега, премиерот Фредрик Рајнфилд, како и со министеро�� за трговија, Ева Бјорлинг и со претседателот и извршниот директор на Шведскиот трговски совет, Улф Берг.

Премиерот Груевски, заедно со владиниот тим, присуствуваше на Бизнис форум на кој пред шеесеттина шведски компании беа претатвени можностите за инвестирање во Македонија.

Тој на потенцијалните инвеститори им порача дека деловната клима во Македонија постојано се подобрува, а шведските бизнисмени треба да ја посетат и да ги искористат најзините компаративни предности за инвестирање.

Од Финска, владината делегација заминува за Копенхаген каде македонскиот премиер ќе се сретне со премиерот на Кралството Данска Хелен Шмит, со претседателот на Парламентот на Кралството Данска Могенс Ликетофт, како и со претседателот на „Данск индустри“, Ди Карстен Дибвад.

Претседателот на Владата, со владиниот тим, ќе го посети и Осло каде што е предвидена средба со неговиот норвешки колега Јенс Столтенберг.

Покрај премиерот Груевски во состав на владината делегација се и вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Христијан Делев.








Статијата е прочитана 263 пати.

Испрати коментар



Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
Сириза е за сложено име на Македонија со географска одредница
Венера „го засени“ Сонцето
Пандев три плус една година во Наполи
Словенија цврсто стои зад евроинтеграцијата на Македонија
Социјални компјутери за 3.000 апсолвенти
Идната недела нов тендер за ОХИС
Тодоров - Да се реновираат шалтерите во јавните здравствени установи
Почина јапонскиот принц Томохито
Cisco Expo 2012 - Бизнисот и Владата да ги користат иновациите за поголем развој
Биг Мек зависи од Македонија
Поддршка од Финска за влез на Македонија за ЕУ
Вардар исфрли уште еден труп
Трагична сообраќајка на патот Кавадарци - Ресава
Самоубијци однесоа во смрт 22 лица
Дачиќ - Нема мнозинсво за српска влада
Претепан поранешниот началник на УБК, Хисен Муслиу
Обама - воин со беспилотни летала
Директен лет Скопје - Дубаи од октомври
ДУИ ја прослави 10-годишнината од своето основање
Премиерот Груевски во посета на Финска
Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012
СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ - Каде одеа парите во времето на СДСМ?
Ставрески - За два дена исплатени 25 милиони евра
Учениците фрлаа стари книги и тетратки за поздрава животна средина
Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Судење на прилепчанецот кој си ја уби девојката
Тодоров им закажуваше прегледи на болните
МАНУ е задоволна од своите нови академици
Груевски - Шведските компании ќе инвестираат надвор од еврозоната
Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Шврговски - Црвенковски не издал државна тајна
Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
Папата не се плаши од „Ватиканликс“
Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Вардар исфрли удавена скопјанка
Учениците ќе собираат стара хартија
Франција оди на парламентарни избори
Избрани шест нови академици во МАНУ
Мартин Нешкоски - една година потоа
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



maca, 05.06.2012 13:50:41
Уште сега се мислам каде ќе биде новото РОУД ШОУ на Груевски????? Јужна Америка??? Австралија??? Море нека прошета низ наше Мариово да види што донесе таму Преродбата во 100 чекори......Надградена и прошарана.............

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |