05.06.2012, 12:44 Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Во Кочани синоќа околу 19 часот жена паднала од тераса од четврти спрат на зграда на улицата „Роза Петрова“ и починала на лице место.
Според соседите Стоилка.М (61) стоела на терасата од својот стан кој се наоѓал на четвртиот спрат во зграда во населбата Калиманова глава и разговарала на мобилен телефон со својата ќерка која била во Скопје. По разговорот се потпрела на металната ограда и паднала. При падот од височина повеќе од 10 метри жената се здобила со повреди на телото и главата кои за неа биле смртоносни. По укажаната лекарска помош во кочанската болница не покажувала знаци на живот.
Според полицискиот извештај, јавен обвинител и истражен судија од Основниот суд во Кочани извршиле увид на местото на настанот.
|