Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
06.06.2012, 13:50
Прокопиев ги промовираше „Антиупатствата за лична употреба“



Изборот на текстовите на Прокопиев чиј дел излегуваа во „Нова Македонија“, го направи амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ

„Антиупатствата за лична употреба“ на писателот Александар Прокопиев, како што самиот ќе каже, се налик на кусометражни аматерски филмови. По две објавени книги, во 2001 и 2009 година, денеска македонскиот автор во кафулето „Капри“ го промовираше својот „континуиран доживотен проект“ кој започнал да го работи уште од 1979 година.

Всушност, неговите текстови што излегуваа на страниците на весникот „Нова Македонија“, во додатокот за култура „Лик“, сега се во форма на книга чиј избор го направи амбасадорот на Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ. „Антиупатства за лична употреба“ веќе излезе од печат, во издание на НИК „Нова принт“, а во сабота книгата ќе биде дистрибуирана како подарок заедно со весникот „Нова Македонија“.

„Кога ти е во глава, приказната е прекрасна, кога ја кажуваш, веќе е малку полоша, а кога ќе седнеш и ќе почнеш (премногу) да мислиш како да ја запишеш, станува банална“, вели Прокопиев за процесот на пишување на „Антиупатствата...“. „Можеби антиупатствата во почетокот беа такви: пред триесеттина години, кога навистина ги запишував за ’лична употреба‘, во амбиент што сосема прилегаше на намената - во една планинска касарна каде што ги отслужував осумте месеци војничка обука“, додава тој.

Од намножените текстови на Прокопиев создавани во изминативе три децении, е направен избор од амбасадорот Златко Крамариќ, кој е универзитетски професор по литература и провокативен колумнист, со повеќе од десет објавени книги зад себе.

„Прокопиев нема ништо против идејата нашиот секојдневен живот да биде уреден со ’упатства‘. Но, затоа што тој сепак, на никаков начин, не му припаѓа на естаблишментот, освен на оној интелектуален, тој се одлучи на своите верни читатели да им понуди одредена количество антиупатства“, вели Крамариќ во предговорот на книгата. „Нема сомнение дека се работи за автор за кој литературата е единствено искуство на светот и најубавите страници во неговите антиупатства се токму оние што се реферираат на неговиот однос кон литературата, кон Крлежа, Кадаре, Албахари, Маркес, Чехов, Ман, Џојс, Памук, Еко, Павиќ, Виктор Цар Емин, Борхес, Милош, постмодерна, стрип, Алан Форд...“ (Т.И.)

Статијата е прочитана 246 пати.

Испрати коментар



(ФОТО) Новото „пежо 208“ пристигна во Македонија
Киноопремата наместо за три години, ќе се обновува за две
„Прометеј“ во 3Д од утре во Кино Милениум
Никола Маџиров го освои Бе��лин со својата поезија
Почина Реј Бредбери, бардот на научната фантастика
Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
„Суперхикс“ во Чешка
Скопје ќе гори на 26 јуни
(ФОТО) Заврши „Оф-фест“ во светот на ритамот
„Интерарт“ и Министерството за култура склучија тригодишен договор за финансирање
Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
Шестото издание на „Година на есејот“ во знакот на Миладиновци
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
Хитовите на „Ролинг Стоунс“, „Полис“ и „Квин“ со Македонската филхармонија
(ФОТО) Поп-ѕвездите во чест на Нејзиното Величество
(ФОТО) „Соба со пијано“ - збир на животни судбини
(ФОТО) Еуфорија со пост-рокерите „Тортоиз“
„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |