06.06.2012, 17:06 Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
Продолжението на популарната книга излегува точно една деценија по оригиналот, а упатените откриваат дека едно големо холивудско студио веќе ги откупило правата за снимањето на филмот „Одмаздата носи Прада - Ѓаволот се враќа“.
Во филмот повторно ќе може да се видат Ен Хатавеј и Мерил Стрип. Американските медиуми објавиле дека Лорен Вајсберг, авторката на романот „Ѓаволот носи Прада“, според кој во 2006 година е снимен истоимениот голем филмски хит, пишува продолжение.
Продолжението со наслов „Одмаздата носи Прада - Ѓаволот се враќа“ ќе се појави во почетокот на 2013 г., точно десет години од издавањето на оригиналот. Новиот роман следи што се случува по осум години откако Енди ја напуштила работата кај својата строга шефица Миранда.
Енди сега е уредничка на популарен магазин за свадби. Во екот на подготовката на сопствената свадба, таа ќе мора уште еднаш да дојде во судир со озлогласената поранешна шефица. |