06.06.2012, 13:16 Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Хатон Гибсон, 93-годишниот татко на Мел Гибсон, иако е во длабока старост, поднел барање за развод од сопругата Теди Џој, зашто е уверен дека таа го злоупотребува.
Мел Гибсон застанал на страната на својот татко, кој е во многу тешка физичка состојба и зема многу лекови, а неговата сопруга, која е во седумдесеттите години, наводно сака да му ја ускрати терапијата за да ја забрза неговата смрт.
Мел Гибсон презел се' за да го извлече татко си од нејзините раце и да му обезбеди да ги добива своите лекови, а Хатон, наводно, барањето за развод го поднел самиот.
Теди тоа многу ја разбеснело, па се брани со тврдењата дека и Хатон сака што побрзо да го заврши својот живот, а на Мел му порачала дека ќе се видат на суд.
|