Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
06.06.2012, 17:27

Ѓоковиќ и Федерер со пресврт до полуфинале

Првиот и третиот носител утре еден против друг за финалето на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, победувајќи го Жо-Вилфред Цонга со 6:1,5:7, 5:7, 7:6, 6:1. Во маратонскиот меч на тенискиот стадион „Филип Шатрие“ публиката постојано беше на нозе, поддржувајќи го својот француски миленик на теренот. Сепак, на крајот мораше да го поздрави и најдобриот на АТП-листата.

„Ни сам не знам како успеав да се извадам од сево ова и да победам. Цонга беше подобар од мене, морам да признам, навивачите беа со него, беше исклучително агресивен и ми беше тешко да ја задржам концентрацијата. Во ваквите дуели некој мора да загуби. Жал ми е за Цонга, искрено“, ијзави по мечот Ѓоковиќ.

Тој уште еднаш го покажа она што му ја донесе лидерската позиција минатата година - неверојатна смиреност во најтешките моменти. По очајниот прв сет, Французинот одигра беспрекорно во следните три и се наоѓаше на чекор до голема победа над првиот светски рекет. Цонга имаше и четири меч-топки во четвртиот сет, но откако не ги искористи, го загуби тај-брејкот и му овозможи на Ѓоковиќ со фуриозна игра во решавачкиот петти сет да стигне до полуфиналето.

„Навистина е неверојатно тоа што ми се случи против Ѓоковиќ. Можев да го добијам. Обично, кога имам меч-топка, не знам за пораз. Овој пат имав четири можности во четвртиот сет. Имам за што да жалам. Одиграв речиси перфектен меч против првиот носител, а, сепак, не успеав да стигнам до победата“, изјави Цонга.

Следен на патот на Србинот ќе му се испречи Швајцарецот Роже Федерер, кој исто така имаше свој ден, совладувајќи го Хуан Мартин Дел Потро со 3:6, 6:7, 6:2, 6:0, 6:3. Швајцарецот се врати во игра по загубените два сета, ја зачува психолошката стабилност, а ја искористи и повредата на која се пожали Аргентинецот за време на мечот.


Статијата е прочитана 449 пати.

Испрати коментар



Казни за играчите што ќе го напуштат теренот
Италијанците и Холанѓаните го посетија Аушвиц
Пресијадо го презеде Вилјареал, па почина
Металург, сепак, во квалификации за ЛШ
Шпанија и Германија најголеми фаворити
Оклахома Сити е првиот финалист во НБА лигата
Јувентус се засили со Асамоа и со Исла
Чави ги искритикува играчите на Реал
Македонија повторно под „стотката“ на ФИФА-листата
Шпанија најскапа репрезентација, Ирска на последно место
Бостон на чекор до големото НБА-финале
Надежите и дадоа пет гола на Данска и - загубија!
Вучичевиќ ново име во Металург
Стосур - Ерани прво полуфинале на Ролан Гарос
Роналдињо во Атлетико Минеиро
Манчестер Ј. и Борусија (Д) се договорија за Кагава
Блажевски и Маринова на ОИ во Лондон
Суслина три години во Вардар
Данска шанса на генерацијата
Оклахома го презема водството во западното финале
Холандија се откажа од организација на Европското првенство
Паднаа седмиот и осмиот носител на Ролан Гарос
Прозивката без Гечевски и Чековски
(ЕКСКЛУЗИВНО) Селебрити веселбата на Пандеви
Бостон израмни со Мајами по продолжението
И Хоризонт Турново остана во Прва лига
Почнува операцијата „Лондон“
Македонија избори пласман на Европското првенство во ракомет
(ВИДЕО) Пандев го кажа судбоносното „Да“ и пред Бога
Тетекс го сочува прволигашкиот статус
Оклахома израмни на 2
Перо Антиќ со Олимпијакос стана шампион на Грција
Бостон се врати во игра во финалето на Истокот
Надежите им подарија бод на Фарски Острови
Прв пораз за Сан Антонио по 20 победи
Вардар доби дозвола од УЕФА за настап во еврокуповите
Горан Пандев останува во Наполи!
Страмачони на клупата на Интер до 2015 година
Ракометарките чекор поблиску до ЕП
Македонија е за промени во ФИБА-Европа
Убиен македонскиот ексолимпиец Гаџиханов

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |