04.06.2012, 15:20 (ЕКСКЛУЗИВНО) Селебрити веселбата на Пандеви
Горан и Надица Пандеви вчера го кажаа судбоносното ДА и во православен храм во Струмица, во рамки на семејната веселба и крштевка на нивната шестмесечна ќеркичка Ана
ФОТО: Киро Попов
„Феноменално беше. Поубаво здравје. Повеќе не можам да кажам ништо. За детаљи обратете се на друго место. Го сакам како брат и ја почитувам неговата приватност “,- ни изјави еден од гостите во неделната семејна веселба на Пандеви во Струмица.
Горан Пандев и неговата сопруга Надица вчера попладне го кажаа судбоносното ДА и во православен храм. Долгогодишната љубов меѓу нив ја крунисаа со граѓански брак во декември во 2009 година, но викендот ја официјализираа и пред Господ во присуств�� на најблиските роднини и пријатели на двојката. Церемонијата се одржа во храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица каде воедно беше направена и крштевка на нивната шестмесечна ќеркичка Ана.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на Наполи пристигна пред црквата со неговиот црн „Ренџ Ровер“ со италијански регистарски таблички. Го управуваше лично тој. При излегување од храмот, по завршување на целата процедура, популарниот Гоче за рака го фати неговиот двегодишен син Филипо и не го пушти што беше доволно да се заклучи дека е многу приврзан кон својот татко. Околу објектот не можеше мува да прелета од ангажираното обезбедување од „Никоб“, но итрите фоторепортери, сепак, успеаја да фатат по некоја фотка меѓу рацете на лицата што беа задолжени да го држат настанот што подалеку од очите на јавноста. (С.Д.)
(Поопширно во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)
|