06.06.2012, 12:59 Вардар исфрли уште еден труп
За само два дена, водите на Вардар исфрлија два човечки трупа. Во скопското село Трубарево, вчера околу пладне, случаен минувач забележал машки леш, по што повикал полиција. Оттаму велат дека станува збор за Стојмен В. (73) од селото, кој бил пријавен за исчезнат пред шест дена. Неговото тело е дадено за обдукција, по што се чека да се утврди причината за смртта.
Во понеделникот, на кејот од Вардар во Градскиот парк во Скопје, беше извлечен распаднат човечки труп. По еден ден, се утврди дека се работи за Виолета Д. (61) од Скопје, која што исчезнала на 23 јануари годинава. Обдукцијата утврди дека жената починала како последица од давење. (Г.А.)
|