Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.06.2012, 15:42

(ФОТО) Учениците фрлаа стари книги и тетратки за поздрава животна средина



Денеска граѓаните собираа стара хартија како дел од еднодневната акција организирана од „Ајде Македонија“ и МПМ

Деспина Трајковска

Стари сликовници, учебници, испишани тетратки и стари списанија беа само дел од старата хартија што денеска беше собрана во над 100 пункта ширум државава како дел од акцијата „Ослободи се! Однеси ја старата хартија во училишниот двор!“. Акцијата ја организираше асоцијацијата „Ајде Македонија“ со медиумска поддршка на „Медија Принт Македонија“. Во акцијата реализирана по повод 5 јуни, Светскиот ден на животната средина, се вклучија стотици ученици од 16 училишта од Скопје, но и од другите градови.

Од старата хартија се ослободија и повозрасни граѓани, свесни, како што рекоа дека селекцијата на хартијата е неопходна оти процесот на рециклирање е од голема важност за зачувување на здравата животна средина. Токму тоа беше и една од причините за организираното собирање на старата хартија кое имаше за цел и подигнување на свеста, пред се' кај младата популација од потребата за селекција на отпад.



„Имав испишано повеќе тетратки, а бидејќи се ближи крајот на учебната година решив да ги фрлам. Истовремено се ослободив од отпадот и помогнав за зачувување на животната средина“, констатираше еден седмооделенец од Карпош.

„Токму вакви размислувања и однос кон старата хартија е и целта на нашата акција“, коментираа од „Ајде Македонија“ кои организираа и дебата „Модерни носачи на информации-Новите технологии во функција на почиста животна средина“. Целта на учесниците на дебатата беше да се согледаат предностите и мааните на користењето на интернетот наспроти хартија. Дискутантите генерално оценија дека не може да се заклучи дали за животната средина е подобро да се користат печатени материјали, или, пак, електронски помагала.

„На пример, за да се отпечати ‘Хари Потер‘ било потребно да се исечат околу 6 милиони дрвја. Од друга страна, имајќи во предвид дека од ден на ден технологијата осовременува, па имаме потреба од менување на делови или цел компјутер, ние сме принудени да создаваме отпад кога се ослободуваме од апаратот. Значи, се' е оставено на свеста на корисниците кои треба да заклучат дали во одредена ситуација е поздраво за околината да се користи хартија или интернет“, заклучи Петар Ивановски од „Биди зелен“.



Дека не може да се подвлече линија и констатира што е поздраво за животната средина, дали да се корис��и интернет технологијата или хартијата, убеден е и Жан Ив Лавоар, директор на Францускиот институт каде се одржа дебатата. Според него, користењето на интернетот не е секогаш синоним за заштита на животната средина, но, и обратно.

Инаку, до крајот на неделава организаторите очекуваат да ги сумираат резултатите од акцијата, а помагателот МПМ училиштата ќе ги награди со најнови литературни дела.













Статијата е прочитана 712 пати.

Испрати коментар



Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2012
Сириза е за сложено име на Македонија со географска одредница
Венера „го засени“ Сонцето
Пандев три плус една година во Наполи
Словенија цврсто стои зад евроинтеграцијата на Македонија
Социјални компјутери за 3.000 апсолвенти
Идната недела нов тендер за ОХИС
Тодоров - Да се реновираат шалтерите во јавните здравствени установи
Почина јапонскиот принц Томохито
Cisco Expo 2012 - Бизнисот и Владата да ги користат иновациите за поголем развој
Биг Мек зависи од Македонија
Поддршка од Финска за влез на Македонија за ЕУ
Вардар исфрли уште еден труп
Трагична сообраќајка на патот Кавадарци - Ресава
Самоубијци однесоа во смрт 22 лица
Дачиќ - Нема мнозинсво за српска влада
Претепан поранешниот началник на УБК, Хисен Муслиу
Обама - воин со беспилотни летала
Директен лет Скопје - Дубаи од октомври
ДУИ ја прослави 10-годишнината од своето основање
Премиерот Груевски во посета на Финска
Денеска почнува „Cisco Expo 2012“
Собранието треба да гласа за ребалансот на Буџетот за 2012
СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ - Каде одеа парите во времето на СДСМ?
Ставрески - За два дена исплатени 25 милиони евра
Бројот на жртви од авионската несреќа во Лагос е речиси 200
Судење на прилепчанецот кој си ја уби девојката
Тодоров им закажуваше прегледи на болните
МАНУ е задоволна од своите нови академици
Груевски - Шведските компании ќе инвестираат надвор од еврозоната
Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Шврговски - Црвенковски не издал државна тајна
Заканувачки пораки на возила во Тафталиџе
Папата не се плаши од „Ватиканликс“
Продадена железарницата во Сисак за 30 милиони евра
Жена настрада при пад од тераса од четврти спрат
Вардар исфрли удавена скопјанка
Учениците ќе собираат стара хартија
Франција оди на парламентарни избори
Владиниот тим од Шведска заминува во посета на Финска
Избрани шест нови академици во МАНУ
Мартин Нешкоски - една година потоа
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |