05.06.2012, 14:00 Одложено судењето за приведен во „Монструм“
Судењето е одложено поради техничка неможност обвинетиот Ибраим Сејадини да биде спроведен од притвор во судот
Скопскиот Кривичен суд денеска го одложи судењето за еден од приведените во полициската акција „Монструм“
Судењето е одложено поради техничка неможност обвинетиот Ибраим Сејадини да биде спроведен од притвор во судот. Сејадини е обвинет за нелегално поседување и трговија со оружје, а е уапсен во полициската акција „Монструм“. Судењето е презакажано за крајот на овој месец.
Државнит јавен обвинител Ључшо Шврговски денеска пред седницата на Советот за јавни обвинители изјави дека ќе донесат одлука по овој предмет кога ќе бидат завршени сите истражни дејствија што биле предложени ��д јавниот обвинител и кога предметот ќе биде вратен на јавниот обвинител.
- За времето не можам да ви кажам кога ќе биде сторено тоа зашто не знам дали истражниот судија ги има преземено сите истражни дејствија што се барани, вели Шврговски.
Тој повтори дека ќе бидат задоволни ако биде донесена доживотна казна затвор за сторителите.
- Законот предвидува максимална казна за најтешките облици на тој вид на кривично дело со оглед на тоа дека се работи грозоморен чин. Сигурно дека наша заложба е да бараме доживотна казна затвор иако обвинителот во завршен збор неможе да бара доживотна казна затвор, туку тој може само да предложи условна осуда, а не и казна затвор. Меѓутоа со оглед на карактерот на делото што е сторено. Ние сигурно ви реков минатиот пат ќе бидеме задоволни само ако биде донесена пресуда со таква казна, рече Шврговски.
На прашањето колку Обвинителството за организиран криминал е подготвено кадровско и технички да го спроведе Законот за кривична постапка од ноември, државниот јавен обвинител рече дека тоа во целост ќе може да одговори на барањата што ги предвидува новиот закон за кривична постапка
- Во делот на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција согласно заложбите на Владата за негово доекипирање, доопремување и кадровско, материјално и просторно...сметаме дека во целост ќе може да одговори на барањата што ги предвидува новиот закон за кривична постапка, рече Шврговски.
|