Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.06.2012, 15:02

(ФОТО) Еуфорија со пост-рокерите „Тортоиз“



Третата вечер на „Оф-фест“ ги претстави француската вокалистка Летиша Садие и составот од Чикаго „Тортоиз“

Тина Иванова

ФОТО: Петр Стојановски

По општонародната веселба која очекувано ја иницираа кубанците „Афро Кубан Ол Старс“ и Хуан Де Маркос Гонзалес со чиј концерт стартуваше годинашниот „Оф-фест“, по вечерта на традиционална музика од Турција и од Македонија со дуото Еркан Огур/Дерија Туркан и квартетот на Драган Даутовски, третата фестивалска вечер понуди нешто сосема поинакво од генералниот концепт што од самиот почеток го негува овој фестивал, да ја презентира т.н. ворлд мјузик сцена. Но, и нешто што сепак, му припаѓа на „Оф-фест“, кој веќе десет години наназад вметнува и дел од современата музичка светска сцена од која се раѓаат т.н. независни бендови, како и експерименталните музички изрази. Токму таква беше завчерашната „оффестовска“ вечер, вечер на пост-рок музика, која во Македонската опера и балет донесе и малку поинаква публика, со концертите на француската вокалистка и гитаристка Летиша Садие и составот од Чикаго „Тортоиз“.



Летиша Садие на сцената излезе сама со својата гитара на која свири со левата река, што беше интересен момент затоа што инструментот не беше подесен за левучари со што се создава ефект на огледало. Оваа некогашна членка на популарниот лондонски бенд „Стереолаб“ од 90-тите години, реши сама да го продолжи својот уметнички пат издавајќи го првиот соло албум „The Trip“ (2010) кој го претстави и пред скопската публика. Во нејзиниот репертоар завчера се најдоа и неколку теми од „Стереолаб“ кои беа и единствените што ја израдуваа публиката. Како што и самата рече, затоа што сме фина публика, ќе слушнеме нешто и од бендот во кој таа свиреше и на синтисајзер и кој своевремено привлече голема бројка на фанови. Садие е одлична вокалистка, но и авторка, особено е препознатлива по нејзините „левичарски“ текстови, но таа не треба сама да излегува на сцена. На Садие и недостига бенд, не затоа што сме навикнати на нејзината извонредна партиципација во „Стереолаб“, туку затоа што тоа и е неопходно на музиката која ја создава. Со нејзината гитара, која и беше само звучна поткрепа и ништо повеќе, делува празно, монотоно, па дури и премногу скромно што создава нелагодност и дистанца кај оние кои ја слушаат.



Затоа, пак, чикашките пост-рокери „Тортоиз“ згрмеа во салата во МОБ. Петмината момци првпат на македонската сцена, сега и во живо ги покажаа своите извонредни свирачки капацитети, иако за големината на овој бенд не е само тоа пресудно. Музиката што ја создаваат е концептуална фузија од повеќе изрази од кои се издвојува или преовладува рок (панк) и џез музиката, и тоа своевремено го направи овој инструментален бенд револуционерен. Ваков идентичен пристап не е новина ниту кај нас, тоа сме го имале и на нашите простори во 80-тите години. Сепак, „Тортоиз“ се мајсторите во начинот на кој ги движат темите, а кои се навистина инвентивни. Нивните композиции се преполни со различни мелодиски и ритмички сегменти кои се навидум неспоиви, со директни и неочекувани скокови од една до друга тема, со динамички контрасти и различни инструментални бои. Тоа го прави нивниот звук комплексен, екстремен и мошне енергичен. Во салата во МОБ имаше нивни фанови, но и такви кои првпат се сретнуваат со оваа музика. Очигледно, ниту овие вториве не останаа рамнодушни на звукот на „Тортоиз“, кои понудија разновиден материјал од нивната досегашна дискографија, а публиката ја почестија со два биса.


Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар



Се подготвува втор дел од „Ѓаволот носи Прада“
„Суперхикс“ во Чешка
Скопје ќе гори на 26 јуни
(ФОТО) Заврши „Оф-фест“ во светот на ритамот
Прокопиев ги промовираше „Антиупатствата за лична употреба“
„Интерарт“ и Министерството за култура склучија тригодишен договор за финансирање
Мел Гибсон сака да го разведе 93-годишниот татко
Шерил Кроу објави дека има тумор на мозокот
Шестото издание на „Година на есејот“ во знакот на Миладиновци
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
Хитовите на „Ролинг Стоунс“, „Полис“ и „Квин“ со Македонската филхармонија
(ФОТО) Поп-ѕвездите во чест на Нејзиното Величество
(ФОТО) „Соба со пијано“ - збир на животни судбини
„Скопје креатива“ во игло во Градски парк
(ФОТО) Звучните магии на Куба, Турција и Македонија
Богат викенд на „Оф-фест“
„Свадбата на Фигаро“ ќе го отвори МТФ „Војдан Чернодрински”
Британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн во филмот „Соба со пијано“
Kуќата на Ејми Вајнхаус се продава за 2,7 милиони фунти
Промоција на „Грабнувањето на Европа"
„Оф-фест“ почнува со Хуан де Маркос Гонзалес
Цеца на концерт во Скопје со приватен авион
Грандиозната „Аида“ ги затвора „Мајски оперски вечери“
Се отвора галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“
Праизведба на „Змејовата невеста“ во прилепскиот театар
„Оф-фест“ продолжува да носи музика од сите континенти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Петок
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |