31.05.2012, 10:44 Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
Сообраќајката се случила вчера кога автомобил на Македонски пошти „Волксваген кеди“ со кое управувал Османи се судрил со автомобил „БМВ“, кога се враќал од Косово
Директорот на поштата во Чаир и висок функционер на ДУИ, Насер Османи кој е познат како Командант Бреза , се уште е во критична состојба по сообраќајната несреќа што ја преживеа вчера кај Долно Блаце. Од Ургентниот центар велат дека Османи е се уште во животна опасност поради тешки повреди на главата.
Сообраќајката се случила вчера околу 11,30 часот, кога автомобил на Македонски пошти „Волксваген кеди“ со кое управувал Османи се судрил со автомобил „БМВ“, кога се враќал од Косово.
Османи се здобил со тешки изгореници, откако експлодирал плинскиот уред во возилото. Во сообраќајката повреден е и неговиот сопатник, но и возачот на „БМВ“-то.
|