Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
01.06.2012, 16:26
Ципрас останува на грчките црвени линии за името



СИРИЗА и Нова демократија се борат рамо до рамо на предизборните анкети

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Грчката левичарска партија СИРИЗА останува на грчката црвена линија за решавање на спорот за името. Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас при претставувањето на изборната програма покрај економските приоритети на партијата ги претстави и приоритетите од надворешната политика кои се во линија подобрување на односите со соседите на Грција за одржување на мирот и стабилноста на регионот. Конкретно за спорот за името Ципрас истакна дека СИРИЗА ќе работат во насока на изнаоѓање заеднички прифатливо решение за во рамки на Обединетите Нации. " Решение за сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Ние ова решение го предлагавме со децении, и ако тогаш не послушаа ќе беше решен овој проблем кој за зал го попречува развојот на суштинска соработка меѓу двете држави", истакна Ципрас. Потенцираше дека за СИРИЗА територијалниот интегрирет и националната независност не се предмет на преговори, но и дека Грција поради нејзиното членство до сега се водела по "излишна доктринаа за припаѓање кон Западот" која полека се трансформирала во "предавање на посилните", идеологија која според Ципрас веќе не смее да биде компас за грчката надворешна политика.

Младиот лидер на СИРИЗА се претстави како модерен Робин Худ посочувајќи дека нивниот економски план предвидува построги даночни мерки за богатите, додека пак вети олеснувања и укинување на дополнителните даноци за недвижнини за невработените, оние со ниски плати и пензиина и граѓаните кои живеат на работ на сиромаштијата. Според Ципрас на изборите на 17 јуни граѓаните ќе имаат избор пакет на мерки за штедење или СИРИЗА, појаснувајќи дека првиот чекор на владата на десницата ќе биде поништување на пакетот за штедење и барање за повторни преговори за договорот за заем со меѓународните кредитори.

Две недели пред новите грчки парламентарни избори СИРИЗА и десничарската Нова демократија на Адонис Самарас водат битка гради во гради. Нови резултати од предизборни анкети излегуваат речиси секој ден, дел од кои им даваат предност на СИРИЗА, други пак на Нова демократија. Резулатите од анкетата за "Катимерини" и "ТВ Скај" и дава водство на СИРИЗА со 31.5 отсто од гласовите, додека пак десничарите се на второ место со 25.5 отсто, додека пак анкетите за телевизијата Алфа покажуваат водство на Нова демократија со 28.8 отсто, а зад нив е СИРИЗА со 27 отсто. Меѓутоа она во што се слични резулататите на сите анкети се очекувањата на граѓаните, кои независно од тоа за кого ќе гласаат прогнозираат дека на изборите ќе победат десничарите Нова демократија. Во целата предизборна неизвесност, граѓаните на смеа коментираат дека единствено што е извесно е дека ПАСОК ќе бидат трета партија.

Голем дел од граѓаните го поддржуваат Ципрас во пркосењето на меѓународните кредитори со предлогот за поништување на договорот за штедење. Изјавите на меѓународните кредитори со кои се укорува Грција според многумина само му одат во прилог на Ципрас и неговата политика. "Само Ципрас. Не верувам на никој друг, ниту пак планирам да ја спасувам Ангела Меркел. Не ме интересира еврото, ме интересира тоа што заработувам само 20 евра дневно, тоа што немам пари. Кој друг и да дојде освен Ципрас работите ќе ги направи уште полоши од што се сега", коментира еден средовечен граѓанин, додавајќи дека не треба да им се верува на анкетите на медиумите кои се вртат против Ципрас и со тоа покренуваат отворена војна против неговата победа. Друг граѓанин пак, кој својот глас на претходните избори го дал за помалата радикална десничарска партија Независни Грци, вели дека се покајал за својот глас и се уште се мисли за кого да се определи. "Никако за двете големи партии. Се мислам за СИРИЗА, но имаат многу малку силни луѓе во своите редови кои би можеле да ја раководат државата", вели тој.



Статијата е прочитана 2070 пати.

Испрати коментар



Самак - Опозицијата нема поим од странски инвестиции
Во Мостар потврдени добрите меѓусоседски односи на земјите од регионот
Тешко повредено момче од село Грдовци, с�� бори за живот
Педофилите од денеска на интернет
Владата најави распределба на градежно земјиште
Груевски најави 110 милиони евра за компаниите
Владата со нов пакет мерки, најавува 6 до 8 илјади вработувања
Во Гостивар татко го рани синот во расправија
Путин нема да го бојкотира ЕП во фудбал во Украина
Николиќ се заложи за прекин на судирите на Косово
Доживотна казна затвор за Мубарак
Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Петмина ранети во Косово
Иванов - Безбедносната состојба не е загрозена
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Нови тарифни постпејд-модели на „Т-мобиле"
Николиќ ја презеде должноста претседател на Србија
Јанкулоска - Во „Монструм“ испочитувани правилата на полициско однесување
Ставрески - 450 милиони евра за поддршка на економијата
Црвенковски и Жерновски разговараа за соработка
Груевски - Прифативме референдум, а не предлог за името
Либерализиран превозот на стока меѓу Македонија и Полска
Сарачини - Не очекував да нема понуди за купување на ОХИС
Денеска и утре локално невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
До 15 јули ќе се знае судбината за тендерот на Чебрен и Галиште
Пратенички прашања во Собранието
Кумановец убиен во дворот на семејната куќа
Командант Бреза се бори за живот по тешка сообраќајка
ЕУ се надева на ирско „Да“ за фискалниот пакт
Најмалку седум луѓе загинаа во бомбашки напади во Багдад
Папандреу - Грција не е проблем
Светот го одбележува Денот против пушењето
Вооружен напаѓач убил петмина и се самоубил
(ФОТО) Велосипедистите излегоа на протест
Волерс - Исходот од самитот во Чикаго не е негативен резултат
Опозицијата за ребалансот - Ако е криза, нека биде криза за сите
Судот ги распраша сите обвинети за убиството во ГУЦ
Директор сексуално злоупотребувал ученици
Груевски - Црвенковски се издрибла самиот себе
Црвенковски го повикa Груевски на ТВ дуел
Џулијан Асанж ќе и биде екстрадиран на Шведска
Избрани тројца обвинители за скопското јавно обвинителство
Седми Баскерфест во Скопје од 1 до 10 јуни
Чарлс Тејлор осуден на 50 години затвор
Анкета на ИПИС - ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг
Спречени терористички напади за време на Евросонг
Попоски - Македонија останува на патот кон НАТО и ЕУ
Мит Ромни кандидат на републиканците за претседател на САД
Уште 98 лица загинаа вчера во Сирија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Единствени во неправда и неединствени во праведна одбрана, 01.06.2012 20:51:13
Неединството важи за Македонија. Македонија не била никогаш грчка. Достоинството не ми дава да попуштам на грчките лаги за Македонија. Штета што кај нас има луге што би попуштиле. Немаат поим од вистината за Македонија и македонскиот народ. Грција незаслужува да се разговара. Грција е безобразен сосед кој лаже краде и ја уништува македонска нација. ЕУ дебело греши кога вели добрососедство. Нејзиниот член не едобар сосед.
pile, 01.06.2012 20:52:12
Grckata evroparlamentarka Marija Eleni Kopa pri krajot na april 2012 godina, podnese izvestaj do Komisijata za nadvoresni raboti na Evropskiot parlament vo koj bara bilateralnite sporovi megju zemjite da ne bidat precka za clenstvo vo EU.Evropskite vrednosti na Balkanskiot poluostrov se neminovnost.Nikoj Makedonski gragjanin ne saka da ja vidi sosedna Grcija, ekonomski plan osiromasena,nadvor od EU zonata i na megjunaroden plan ponizjena.Posakuvam prijatelska Grcija da formira stabilna proevropska Vlada, i zaednicki so identicnite sojuznici i prijateli da gi nadmineme bilateralnite problemi,kreirani vo drugo vreme od pogresni politicari za tugji interesi,so sto ke se otvori patot kon NATO i EU na Republika Makedonija za pogolema regionalna bezbednost i zajaknata ekonomskata sorabotka pomegu zemjite od EU i regionot, za dobrobit na idnite generacii.
Od bankrut malce mito mal kuver, 01.06.2012 20:59:45
Opste neme interesira za niv.........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |