01.06.2012, 16:16 Петмина ранети во Косово
Во судирите меѓу војниците на НАТО и Србите на северот на Косово, денеска беа ранети двајца војници на Бундесверот. Се работи за прострелни рани
Портпаролот на командата на Бундесверот во Потсдам, Уве Новицки, потврди дека двајца војници добиле прострелни рани, но нагласи дека не се во животна опасност. Еден од војниците има прострелна рана на горниот дел од раката, додека другиот е повреден на увото. Според Новицки, војниците на КФОР биле нападнати претпладнево кога сакале да отстранат барикада поставена од Србите во селото Рударе. Од српски извори се вели дека во судирите има и тројца повредени Срби.
До судири дојде кога силите на НАТО, КФОР ги отстранија сите барикади, кои водат кон градот Звечан, во северно Косово, меѓу кои и големата бетонска барикада.
Белградските медиуми денеска попладне јавија дека локалното население одново се обидува да постави барикади што дополнително ги зголемува тензиите
|