Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.06.2012, 19:19

Мое ќоше

Како да го придобиеме светот !?

Ерол Ризаов

Мораме да докажеме пред светот дека Грција не го прифаќа ни сопствениот предлог

Не стивнува новата вулканска ерупција што ја троши залудно енергијата на Македонија. Не' прекрива дебела наслага пепел од катастрофата што ја предизвикува сенародната кавга за лански праски. Двајцата најодговорни политичари Никола Груевски и Бранко Црвенковски ја отворија 21. летна сезона на македонската политичка сцена со драматична расправа за најглупавата тема што некогаш воопшто била отворена во светот, а која ја воделе со векови умни луѓе: колку ангели можат да застанат на врвот на една игла. По овие, наши лидери тргнаа цели стада поклоници и поданици аплаудирајќи секој по својот водач и фрлајќи со камен по другиот.

А, што се дели, чие наследство. Зошто се големите повици и претешките зборови на омраза. Се крчми ли богатството од 21-годишното владеење на нашите две најголеми партии. Си го мерат ефектот, секој на својот наштиман кантар, нашите политичари, државници, се разбира и ние го меркаме од страна нашиот голем придонес што ги избираме тие што не' внесоа во третата деценија на слободата и независноста уште посиромашни и победни отколку што бевме пред да дојдат на чело на државата. Секогаш има кавга кога нешто се дели според свои аршини, но најмачно и најбучно е кога се дели безнадежноста, неизвесноста и долговите. Очекувањата на гласачите по првите парламентарни избори кои беа повикани да го дадат својот глас за подобро утре се остварени до очај. Голем дел од нив веќе исполнуваат услови за старосна пензија, само што немаат ниту еден ден работен стаж или им недостигаат години откако останале без работа. Нивната најголема надеж е да добијат минимална пензија или социјална помош, поради инвалидноста и хендикепираноста што им ја нанесоа нивните идоли и избраници. Или пак големата ѓурултија е поради тоа што ги делиме резултатите, од лажното братство и единство што го заменивме со искрена и длабока меѓунационална омраза.

Премиерот Никола Груевски неодамна побара од светот да ја изнесе Грција на чистина како најголем виновник за украдената ни иднина. Ако правдата и правото, недвојбено, се на наша страна, тогаш кој е патот да дојдеме до целта. Како да го освоиме овој свет на интереси и сила со мирољубива непрофитабилна вистина. Таа одговорност паѓа најмногу на нашите политичари и избраници. Груевски вели направивме се' што е до нас. Резултатот покажува слаба оценка. Можеби многу сме работеле, ама тоа е како ученикот што не знаел ништо, па се оправдува кај професорот: ама јас многу учев. Тоа искрено признание може да значи толку ни се можностите, толку умееме.

Има ли нешто од што стравуваат моќните и силните. Да, и тоа многу. Тоа е нивната критичка јавност и слободните медиуми. Македонија не успеа доволно да ја анимира светската јавност, светските медиумски елити и глобалните интернет-мрежи за неправдата што и' се прави со најбесмислениот спор во поновата светска историја, да се оспорува основното човеково право на самоопределување и самоименување. Неинформираните највлијателни медиуми не можеа да извршат притисок врз своите влади. Наместо таа активност против големиот светски срам потрошивме милиони евра за контрола на сопствените медиуми и за целосно неуспешна скапа кампања за инвестирање во Македонија. И обратно, Грција одлично ја пласира во светот нашата антикоманија која поколеба многу наши пријатели и поддржувачи.

И Грција и Македонија имаат свои црвени линии. Грчката е ултимативно кумство за соседот со географска додавка на сегашното име, ерга омнес, за секоја употреба. Македонската црвена линија, иако не е јавно соопштена е позната и гласи: Република Македонија за сите употреби и сите времиња. ОН посредуваат за решение прифатливо за двете страни што е суштината и смислата на посредништвото. Досегашниот резултат е нула. Грција не сака ниту едно решение. Спорот не може да се разреши без арбитража на големите сили. Кој е начинот да го увериме светот во тоа. Единствениот начин е целосен консензус на сите македонски политички лидери и интелектуални и деловни елити дека Македонија се согласува на географска додавка на уставното име секаде каде што е во употреба апсурдната референца ПЈР Македонија. Уставот останува негибнат.

Грција експресно ќе го одбие и ова решение. Таа нема ниту демократски, ниту лидерски, ниту политички капацитет, ниту во парламентот, ниту во влијателната црква, да го прифати решението кое наводно го бара. По оваа наша понуда, Грција дефинитивно ќе биде изнесена на чистина пред светот. По што, би морало да уследи непристрасна арбитража. Ниту еден голем билатерален или каков било проблем меѓу балканските земји не бил решен низ целата историја без војна или арбитража на големите сили.


Статијата е прочитана 2476 пати.

Испрати коментар



Работно лето
Владини мерки: малку сме скептични, но вреди да се поздрават
Ново роуд шоу
И земјоделците ги поздравуваат мерките
Државата ќе им дава пари на фирмите за да вработуваат
СИРИЗА во напад на хиперпатриотите
Иванов
Иванов го подбра Самарас од Мостар
ВМРО-ДПМНЕ
Црвенковски не добил покана од Зврлевски
Заев ја почна трката за трет мандат



pameten, 04.06.2012 05:21:45
Светот беше на наша страна додека Грција тврдеше дека никогаш нема да го признае држава во името на која присуствува зборот Македонија. Но помина на страната на Грција, кога ние побаравме ексклузивни права врз името - земјава се викала Македонија, пошто ние секогаш сме биле Македонци и се што се нарекувало Македонско ни припаѓа, а исто и словенобугарската култира од овие земји, која што не се викала Македонска - Св , Климент, Царот Само Миладиновци и др. Ќе ги добиеме симпатиите на светот кога јасно прогласиме: Живееме на земја, која што сите ја нарекуваат Македонија. По долга и контроверзен историја немаме друга идентификација освен со земјава и со себе. Изградиле сме свој Македонски јазик, на него веќе има литература, поезија, филмови. Наше право е да бидеме посебен народ, со свој јазик. Тоа право никој нема да ни го негира.
Itar Pejo, 04.06.2012 06:53:58
Erole, ti si seriozen covek, i toa sigurno dobro go znaes. Problemot ne e vo imeto tuku vo teritorijalnite pretenzii. Kongres vo Solun, solunsko pole, slavenje na Cento, iminjata, spomenicite .... Cudno mi e sto i ti go prifacas stavot: Nie sme vo pravo, svetot ne ne slusa, svetot e vo krivo, svetska zavera! I tebe li da ti objasnuva deka pravdata e relativna rabota? Koga covek misli nesto a site drugi sprotivnoto se veli deka e shizofrenicar. Koga se raboti za cela drzava neznam kako se vika. Da gi prasame srbite, oni toa go preziveaa pred nekolku godini.
nacional-patriot, 04.06.2012 07:32:59
Sekako deka Atina takov predlog bi odbila poradi toa sto ne se sovpagja so nejzinite crveni linii.No takov predlog ne e soodveten i e neprimenliv vo praksa zatoa sto konecno resenie ne moze da se upotrebuva ograniceno.Pisuvav za toa kaj minatiot broj.Kako moze nekade da se koristi na primer Severna Makedonija i toa da se koristi so nekoi drzavi bilateralno,a nekade da se koristi R.Makedonija i bilateralno so drugi drzavi.Taka bi licelo deka ima dve drzavi, Severna Makedonija i druga R.Makedonija.Zamisli na nekoja konferencija Francija se obrakja na Severna Makedonija,a Rusija se obrakja na R.Makedonija.Na sto bi licelo toa?Bi licelo deka ima dve drzavi so ime Makedonija.Smesno!Dodeka BJRM ne e konecno resenie i e refernca i zatoa se koristi ograniceno,a konecno resenie se koristi sevkupno.Golemite sili mora da go pocituvaat pravoto i da ja priznaat Makedonija so vistinskoto i ustavno ime.Ne moze arbitraza za ime na drzava.Pristrasni se kon Atina poradi bazite i evroto.
mitre, 04.06.2012 07:44:04
Со ROAD SHOW разбира се..................
ФЕЛИКС, 04.06.2012 08:00:44
Добро е кога се има став за проблемот со името макар тоа да е и туѓ став,едноставно став за подршка на став.Инаку околу домашниот консензус е илузорна НАДЕЖ да некој ќе направи такво нешто.Па до ден денес опозицискиот лидер илузионист нема став или предлог како да сето ова се реши.Имаме само ,,како ќе реши власта ние се сложуваме.Истиот тој се ,,шокира,, кога друг предлага разврска,,проблемот не е за по пресови,,.И на крај е нелогично од авторот да се предложи нешто од наша страна за потоа ,,на чистина,, соседот да го одбие и демек разоткривање каков да ти бил соседот,и нормално сите ќе бидат за нас.Ова ми личи на Гримовите бајки,ем неостварливо ем ќе се презентираме како Византијци кој подметнуваат нешта кои одат во правец на одбивање на предложеното.За мене лично двојната формула е идеално решение на кое треба да се истрае и да се промовира.
девер, 04.06.2012 08:28:31
Зошто мислите дека РМ има ексклузивно право врз името на едно географско подрачје (Македонија) кое се простира низ три земји (ГР, РМ, БГ)? Владата на Груевски води дволична политика на постојана конфронтација и провокации кон Грција. Со тоа ги изгубивме сите надворешно-политички пријатели. Кога ќе ви стане јасно: Без пријателски односи кон соседите нема ниту НАТО ниту ЕУ!
mmk, 04.06.2012 09:11:42
Арбитража или војна.А што ако големите сили решат тивка војна на самоистребување,како на пример економски статус кво или албанска ‘‘нерамноправност‘‘. Па зошто го формираа Косова Републике.За да има нестабилност не да се реши некој проблем на Балканот.Тоа што БЦ и НГ се ставени во ист кош значи дека како и во Грција .Двете најголеми партии не ја спасија државата ,како нашата ,така и таму нивната,Значи потребна е трета сериозна сила ,а не профит коалиција за еднократна лична употреба како онаа на Циле.Ако и оваа сега што се создава личи на неа ништо не ке ме изненади.Штом либералите се во неа ке има кавги,па после ај цурик кај СДСМ, главниот контејнер за промашени кадри.
Pejo Glupaviot, 04.06.2012 09:36:33
Oduseven sum od bistrata analiza na ФЕЛИКС. Kako moze da se najde koncensus so vakava opozicija koja sto izjavuva deka ce prifati sekoe resenie od vlasta? Koncenzus moze da se postigne samo ako opozicijata rece: iako ne poznat stavot na vlasta, nie sme protiv!
Mora da izgradime strategija, 04.06.2012 09:57:14
Erole! jasno e deka ovaj problem ne e praven , ami politicki i sekoe zalutuvanje po pravni lavirinti( kako Hag) nosi nisto.Site znaeme deka sme obespraveni,da se narekuvame kako sto sakam i uporno insistitame na toa, zaboravajci deka postojat politicki interesi kaj golemite sili, pa ednostavno naseto pravo mnogu ne gi zasega.Imavme odredeni podrzuvaci i simpatii, no so zalutuvanje kon antikomanija i prekrojuvanja na istorijata gi izgubivme. Postoi ahajski,gnomski aforizam:Duri i bogovite ne mozat da go smenat svoeto minato,no eve nie sakavme da pokazeme deka mozeme,pa se vrativme duri 2500 nanazad.Sega i dvete strani stojat na svoite crveni linii, bez nikakvi izgledi na resavanje na problemo.Ako golemite sili se zamesaat vo reasavanjeto na sporot(a toa koga da e ce bide) sekako ce bide na nasa steta. Makedonija niz istorijata ima loso iskustvo so odlukite na golemite sili.Zatoa mora da se izgradi nekoj zaednicka strategija za resavanje na ovaj spor so zacuvuva. na identitet i jazik
Tina, 04.06.2012 11:09:56
Se zavisi sto sakame da prosiruvame. Lagi, ili vistinate. A tie koji ziveat so lagi, neka se sramuvat pred cel svet.
tihi, 04.06.2012 11:37:06
Nashiot najgolem problem e shto imame mnogu itarpejovci ,koi gi nemashe posle Lisabonskata deklaracija i zatoa evropejcite omeknaa vo svoite stavovi.Otkako se pojavija itarpejovci i pochnaa da trguvaat so imeto koe kje ima vazhnost samo 2meseca,azhderite pochustvuvaa deka tuka ima meko tkivo ,koe mozhe da go seche koj saka.I kje prodolzhi da seche ,se do menuvanje na lichniot opis.Lekot e da gi nema itarpejovcite, shto izgleda e nevozmozhno.Zatoa samo trpenie spasenie.
Vlatko, 04.06.2012 12:40:16
Ne znam zoshto ne se predlozzi ime Makedonska Republika (Macedonian Republic) , kako sto Grcija se vika oficijalno Helenska Republika, Holandija se vika Holandsko Kralstvo, itn... Terminot Makedonija moze da go koristi sekoj. Prashanjata za jazikot i identitetot da se trgnat od pregovorite ( a ne kako sto sega nie samite insistirame da bidat delo od pregovorite) oti za ovie raboti e bespredmetno da se razgovara.
Stav, 04.06.2012 13:06:17
Republika Makedonija za site upotrebi i za site vreminja! Ova e stav na sekoj makedonec, no ni na kogo ili mnogu retko na nekogo nadvor od RM, posebno zapadot. E tuka e problemot. Da zloto bide polosho, tie se silni vo sekoj pogled i ne mora da pochituvaat nishto i nikogo, osven ona shto im odi vo prilog. A nie so nashiot ponos im ideme na zivci, pa moze zlo, nevideno zlo, da ne snajde. Zatoa, pamet v glava, a muskulite vo druga prilika i na drugo mesto. No po obichaj, togaj ke ne nema. PS: Dali go Feliks svati stavot na Erol, koj pred desetina dena beshe dobro objasnet, sega e povtoren za onie shto poteshko svacaat. Mada lichno smatram da toa reshenie grcite mnogu brzo ke go pretvorat vo dvojna formula t.e. erga omnes za cel svet, RM za nas.
Миле - Охрид, 04.06.2012 15:54:17
Спорот не може никако да се разреши. Македонија ги направи сите напори да биде кооперативна (сите влади досега). Тука е крајот. Нема никого да тераме на чистинка. Ќе заборавиме на спорот, како да го нема. Ќе продолжиме да соработуваме со соседите , НАТО и ЕУ, како и со останатиот свет, на нјависоко можно ниво. Секогаш со отворена можност да ја унапредиме соработката (да станеме нивна членка кога ќе најдат решение за блокадата која ни ја врши една нејзина членка). Ќе се свртиме кон досатигнување на стандардите на функционалните демократии. Значи ќе се фатиме во коштец со сите предизвици кои ги носат болните реформи. Секој кој ќе се обиде да не дефокусира со повторно отварање на прашањето за името сам ќе излезе на чистина. Него треба да го заобиколиме. Да го игнорираме. Тоа е замката каде што не тераат злобниците. Затоа нека се формира силна прореформска опозиција која ќе ја корегира власта, а нема да го чепка името. Тоа е решение. Или, како што некои посакуваат, ќе не нема.
dedo dimo, 04.06.2012 15:58:40
Ade bre predavnici dosta e.Imeto nashe e REPUBLIKA MAKEDONIJA A na koj ne mu se svigashe trebashe da se zali kaj PAPATA VO RIM.Na zalost ,nashite politichari ne se dovolno hrabri i prifatija neshto shto nikoj drug vo svetot ne bi go prifatil po nikoj nachin.Vo svetot e edna REPUBLIKA MAKEDONIJA DRZAVA i ako MAKEDONIJA e podelena, vo drugite drzavi i ne se spomnuva ni kako pokraina, Niedna drzava ne ima dve iminja . Nashiot juzen sosed sakaat i edno i drugo a na krajot ke PROPADNAT vo SREDOZEMNO MORE.
evro-makedonec, 04.06.2012 19:27:45
Gujo i Paskov veke go pridobija so nivnata nova anticka istorija. Besilka!!!!!!!!!!! da ja vrzat za stapot na Aceta.
I, 04.06.2012 19:29:55
IMAM PREDLOG.BJRM......B KE JA IZEDI VREMETO KE OSTANE JRM.....DODEKA CBR...CENTRALNO BALKANSKA REPUBLIKA.......E MAX.STO MOZEME DA IZVLECIME ......I VOLKOT SIT I OVCITE NA BROJ
ak47, 04.06.2012 20:04:28
Slobodni mediumi? Kritichna javnost? Na Zapad? Ti tokmu li si choveku? Shto se odnesuva za geografska dodavka, tuka glavno prashanje e opsegot na upotreba. Ako e samo za upotreba vo komunikacija so Grcija, togash OK. Ako e za sekade kade se upotrebuva PJRM, ko ti shto predlagash, togash ne.
Makedonija e fantasticna, 04.06.2012 23:01:30
Kojste pa vie da resavate Ime na Makedonija vie resetesigi vasite problemi a ne visite po forumite i izigravate experti koj samite imate po 1000 problemi.......................

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |