Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.06.2012, 19:27

СИРИЗА во напад на хиперпатриотите

ЛАОС и Нова демократија сакаат да ја вратат назад банкротираната позиција за име без збор Македонија - обвинува СИРИЗА

Атина - Левичарската СИРИЗА им реплицираше на постојаните напади од десничарските и националистички структури во државата за нивниот став за спорот меѓу Македонија и Грција. СИРИЗА, која се залага за сложено име со географска одредница за севкупна употреба, е под постојани обвинувања дека доколку формира влада, ќе дозволи нашата држава да го користи уставното име.

„Националистичките кругови во нашата држава сметаат дека прашањето меѓу Грција и БЈРМ ги прави привилегирани за напади против СИРИЗА. Претставувајќи се како современи борци за Македонија, одредени поранешни членови на ЛАОС и сегашни на Нова демократија го враќаат на виделина банкротираното максималистичко тврдење дека не прифаќаат решение за проблемот за името во кој ќе се содржи името Македонија“, вели Панос Тригазис, одговорен за секторот надворешна политика на СИРИЗА. Според него, во 2012 историјата се повторува како фарса, бидејќи „хиперпатриотите“ не извлекле порака од балканската историја на национализмот, па со таквото однесување само ја олеснува империјалистичката политика на раздели и владеј во корист на САД.

Тригазис ги искритикува ПАСОК и Нова демократија за креирање клима на националистичка хистерија и за воспоставување на позицијата „не признаваме држава со името Македонија“ на почетокот на признавање на нашата држава. Ваквиот однос на двете партии, според него, довел до пропуштање на можностите за решавање на спорот со пакетот на Пинеиро.

„Ставот на радикалната левица уште од самиот почеток беше дека сме за мир на Балканот и за почитување на меѓународните граници во регионот, далеку од иредентизам, надворешни вмешувања и националистичка омраза. Го поддржавме пакетот на Пинеиро и од 1992 предлагавме заеднички прифатливо решение со сложено име со географска одредница“, вели Тригазис. Оттогаш, посочи тој, поминале 15 години додека нивниот предлог станал официјална политика на Грција, а во меѓувреме повеќе од 120 држави ја признале нашата држава под уставно име. Како што се тврди од партијата, СИРИЗА од самиот почеток го поддржувала развој на билатералните односи меѓу двете држави, односно да се градат мостови на соработка, а не ѕидови меѓу Македонија и Грција.

Инаку, СИРИЗА смета дека евроатлантската политика и воените планови на НАТО веќе немаат иднина. „Ќе бараме итно повлекување на грчките сили од Авганистан и други воени мисии на НАТО или во ЕУ. Останува стабилна и непроменета нашата желба да се повлечеме од НАТО. Свесни сме за тешкотиите што доаѓаат со ова барање, но веруваме дека развојот на меѓународните настани ќе ја потврди исправноста на нашите позиции“, стои во програмата на партијата. СИРИЗА предлага надворешна политика која ќе биде заснована на почитување на човековите права и на меѓународна соработка надвор од атлантските врски, со цел развивање на соработка на државите од Балканот, Медитеранот и Русија, Кина, Индија, Латинска Америка. (М.П.)


Статијата е прочитана 523 пати.

Испрати коментар



Работно лето
Владини мерки: малку сме скептични, но вреди да се поздрават
Ново роуд шоу
И земјоделците ги поздравуваат мерките
Државата ќе им дава пари на фирмите за да вработуваат
Иванов
Иванов го подбра Самарас од Мостар
Како да го придобиеме светот !?
ВМРО-ДПМНЕ
Црвенковски не добил покана од Зврлевски
Заев ја почна трката за трет мандат



mmk, 04.06.2012 08:39:58
Клку е голем македонскот феномен или синдром покажува и овој напис .СИРИЗА многу реално го лоцира проблемот ,Останатите ‘‘големи‘‘ партии очигледно научиле дека за на избори на грците треба да им се фрла прашина во очи со Македонија покажувајки кој е поголем националист и изборите ке се добијат.Добро е што во Грција почнува да се рага или врака демократијата со која таа толку се фали и гордее.Ама дали европејците го следат овој тренд или во последен момент повторно ке и фрлат пари на Грција (Неа Демократија и останатаи европски сателеити) за да добијат на избори и повторно да се врти целава приказна за Македонија во гаволски круг.ПОјавата пак на фашистичките оргнизации јасно говори дека Грција не само што не се справила со истиот туку потајно и го негувала,за да и послужи кога тоа ке биде потребно како во дадениот случај.Најголем кар повторно ке извлече НДбидејки европејците и американците не трпат демократија,освен онаа нивната за која сметаат дека е најобјективна.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |