03.06.2012, 19:13 Црвенковски не добил покана од Зврлевски
Лидерот на СДСМ и поранешен претседател на Македонија Бранко Црвен��овски негире дека добил покана од обвинителот да се јави во рок од пет дена во неговата канцеларија. Црвенковски рече дека документот од 2005 година за името на државата го оставил кај новинарот со кој разговарал во Канал 5 телевизија, а тој го доставил до Дирекцијата за класификација на документи.
Црвенковски негира дека обвинителот Зврлевски му пратил допис за да се јави во рок од пет дена.На новинарско прашање во Струмица, дали доколку добие покана ќе се јави во јавното обвинителство,Црвенковски рече:
„Немам јас што да кријам. Цела Македонија треба да знае. Во едно се согласувам со Груевски кога вели дека народот има право да ја знае вистината. Еве,тоа е вистината. Што се кријат сега зад државни тајни, строго доверливо, зад обвинителства или некои други институции. Ако се работи за клучното прашање за иднината на македонскиот народ и македонската држава,тогаш граѓаните треба да знаат што точно се случило и кој што мисли да прави во наредниот период“, рече Црвенковски. (С.Т.) |