03.06.2012, 19:14 ВМРО-ДПМНЕ: Нека отидат пред фирмите што ги затворија во Струмица
Ана Павловска Данева и целокупното раководство на СДСМ веќе втор ден не собраа храброст да отидат пред фирмите кои се затворија во Струмица во време додека тие беа на власт, фирмите како Иднина, Агро Промет, Политекст, Струмичанка, Југо Промет, реагираше вчера владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на собирот на социјалдемократите.
„Ана Павловска Данева заедно со челниците на СДСМ не отидоа да ги посетат и семејствата кои останаа без егзистенција поради затворањето на овие фирми. Не отидоа кај пензионерите на кои им кратеа по 8 отсто од нивните пензии. Не отидоа да ги посетат земјоделците од струмичко Ново село, Босилево и Василево кои не добија ниту денар субвенции во време на СДСМ. Шетањето по струмичките улици не значи и разбирање на проблемите на граѓаните", стои во писмената реакција. |