Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.06.2012, 19:31

Ново роуд шоу

Делегација на Владата на чело со претседателот Никола Груевски, од денеска до петок, 8 јуни, ќе ги посети Шведска, Финска, Данска и Норвешка, каде што е предвидено да се остварат средби на највисоко политичко ниво, како и бизнис-презентации пред повеќе заинтересирани инвеститори од овие земји.

Во состав на владината делегација ќе бидат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министрите за привлекување странски инвестиции, Веле Самак и Бил Павлески, како и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, Христијан Делев.

Како што информираат од владината прес-служба, предвидени се средби со премиерот на Шведска, Фредрик Рајнфилд, како и со спикерот на парламентот на Шведска, Пер Вестерберг, потоа со министерот за трговија, Ева Бјорлинг, со градоначалникот на Стокхолм, Маргарета Бјорк, како и со претседателот и извршниот директор на Шведскиот трговски совет, Улф Берг.

Во Хелсинки Груевски ќе оствари средба со претседателот на Финска, Саули Ниинисто, а ќе присуствува и на вечерата што во чест на македонската делегација ја приредува амбасадорот на Канада во Финска, Кристофер Шапраданов, кој по потекло е Македонец. Во Осло е предвидена средба со премиерот на Норвешка, Јенс Столтенберг.

За време на престојот во Стокхолм, Хелсинки, Копенхаген и Осло владиниот економски тим ќе присуствува на бизнис-форуми на кои ќе ги претстави економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе шведски, фински, дански и норвешки компании, а предвидено е одржување и на поединечни средби со претставници на потенцијални инвеститори од овие земји. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 486 пати.

Испрати коментар



Работно лето
Владини мерки: малку сме скептични, но вреди да се поздрават
И земјоделците ги поздравуваат мерките
Државата ќе им дава пари на фирмите за да вработуваат
СИРИЗА во напад на хиперпатриотите
Иванов
Иванов го подбра Самарас од Мостар
Како да го придобиеме светот !?
ВМРО-ДПМНЕ
Црвенковски не добил покана од Зврлевски
Заев ја почна трката за трет мандат



toni, 04.06.2012 00:11:54
ne se tacni...
lovro, 04.06.2012 06:45:33
Pa taka treba , pretsedatelot da odi toa ima tezina i ozbilnost , ne ekonomski podrzuvaci , da me izvinite kako animir ....
vlado, 04.06.2012 06:56:38
koj be Toni???
Istocna Makedonija, 04.06.2012 08:12:45
Efekti od prosetkite?!Kade se?!
mmk, 04.06.2012 08:45:18
Ја најдоа рецептата за шетање по светот.Не се знае само дали правењата вакви театри ке имаат некакво фајде или одат посветот и си ги собираат провизиите.А каде им се платените амбасадори за привлекување странски инвестиции.Или нивната задача се га е на премиерот да му обезбедат само форуми за настап.Сфати ли грујо дека за ништо не ги бидува или пак тој е менторот за ништо да не сработуваат туку еве се се чека на мене (на паститор).Или можеби си бараат соодветна дестинација каде ке бегаат после поразот на избори.
Kon Severen pol, 04.06.2012 10:06:03
Znaci patuvackiot cirkus za privlekuvanje na stranski investicii prodolzuva. Sega go smenavme kompasot i trgnavme kon Skandinavija. A znaete od koga Skandinavcite so dusa ne ocekuvaa kaj niv i epten sakaat da investiraat kaj nas( setete se na sved-milk), posebno otkako gi slusnaa prognozite na Stavreski za rastot na BDP-to!? Stom odata na sever, neka prodolzat i kon Spicberskite ostrova, Zemjata na Franc Josif, more i ponatamu kon severniot pol. Sekako ce naidat na nekoi investitori , koi sto ce dojdat so vreci pari vo Makedonija.Se prasuvam dali vakvi roun soua ima nekade na drugi mesta vo svetot? Gospod da ne cuva od i ludilo!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |