Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.06.2012, 19:29

Државата ќе им дава пари на фирмите за да вработуваат

Со новиот владин пакет од 12 мерки треба да се вработат меѓу 6.000 и 8.000 невработени лица

Маја Томиќ

Премиерот Никола Груевски објави нов пакет на 12 владини мерки за кои вели дека би требало да ја раздвижат економијата и да ја подобрат социјалната слика. Владата ги објасни мерките како дел од таканаречениот нов бран, а за нивна реализација ќе бидат издвоени од буџетската каса 13 милиони евра. Четири се за нови шест до осум илјади вработувања, а осум се за поддршка на компаниите, социјално ранливите семејства, земјоделците и транспортерите.

Како што најави пред два дена Груевски, се планира вработување на 8.000 лица и тоа преку програма за јавни работи, потоа два проекта се за 1.000 вработувања со кредитирање на фирмите, 1.000 лица треба да се обучуваат за познат работодавач, а ќе се доделуваат и 850 хектари државно земјиште на социјални лица. Програмата за јавни работи предвидува ангажирање 2.000 лица за најмногу 6 месеци во општини со висока стапка на невработеност. Предност ќе имаат подолго невработени лица, ниско квалификувани и лица над 55 години старост.

Како што соопшти Груевски, едниот од двата проекта за 1.000 нови вработувања предвидува кредит за дополнителни 550 вработувања, како и за микро и за мали фирми кои имаат најмалку 2 вработени и егзистираат на пазарот минимум 1 година. Вториот проект е за самовработување на 450 лица со кредитирање преку формализирање на бизнисите.

„Секое ново вработување на 550 лица ќе биде кредитирано со 3.000 евра во период од 3 години, со грејс период од 1 година и 2 години период за отплата, 1 отсто камата на годишно ниво. Фирмите ќе може да вработат најмногу 3 лица и за нив ќе добијат 9.000 евра. Овие лица ќе мора да бидат вработени најмалку 3 години, до враќањето на средствата. Самиот кредит правните лица ќе го гарантираат со хипотека 1:1 или рачна залога во сооднос 2:1“, вели премиерот.

Со вториот проект е планирано самовработување со кредитирање преку два модела. Со првиот ќе се обезбедат 3.000 евра по лице за отворање фирма. Ќе се кредитира вработување до 3 лица, што значи максималниот износ на кредитот е 9.000 евра. Средствата ќе се враќаат со 1 отсто камата во период од 3 години, при што првата година е грејс период. Со вториот модел ќе се финансираат производствени фирми, а за секое ново вработување ќе се даваат по 3.000 евра, при што максимум ќе можат да се вработат 4 лица. Доколку невработеното лице е технолошки вишок ќе се издвојат дополнителни 1.000 евра. Средствата ќе се враќаат со 1 отсто камата во период од 5 години, при што првата година е грејс период.

За Програмата за 1.000 нови вработувања преку обука за познат работодавач ќе може да аплицираат околу 750 невработени лица и дополнителни 250 лица на возраст до 27 години на кои обуката ќе им биде прво вработување. Агенцијата за вработување на лицата кои ќе бидат обучувани ќе им исплаќа месечен надомест во висина од 4.400 денари, а на младите лица на возраст до 27 години 4.000 денари во период од 3 месеци.

Ова е четвртиот пакет мерки на Владата. Првиот од 10 антикризни мерки за стопанството Владата ги донесе на крајот на ноември 2008 година и тие ја чинеа државната каса 300 милиони евра. Како поважни беа : отписот на камати за неплатени даноци и придонеси, ако целосно се уплатат, плаќање на долгови кон државата на рати, оданочување на добивка само ако се исплаќа дивиденда, намалување на дел од царините...

Вториот пакет следуваше во април 2009 година, а како позначајни беа : програмата за наредните осум години за инфраструктурни проекти, замрзнување на платите во јавната администрација, кредитна линија со камата од 6 проценти и одложено плаќање на ДДВ при увоз. Во март 2010 година следуваше трет пакет од 24 мерки. Дел од бизнисмените ги оценија како не многу битни за подобрување на економијата, бидејќи не го решаваа најгорливиот проблем со ликвидноста на фирмите. Меѓу нив беа : поевтино градежното земјиште за 30 отсто, плаќање на ДДВ на 25 во месецот, нови локации за мотели, ресторани и бензински пумпи и нови, евтини кредити.

Земјиште за социјалците

Владата планира да даде на плодоуживање околу 850 хектари државно земјоделско земјиште на социјално необезбедени лица, приматели на социјална помош. Право на користење имаат лица способни за работа, материјално необезбедени и кои не можат да обезбедат средства за егзистенција. Оцените на Владата се дека со оваа распределба на државно земјоделско земјиште, вработување или егзистенција и работен ангажман ќе може да обезбедат од 1.000 до 1.500 лица.

„Обезбедено е државно земјиште на површина од 850 хек��ари во 24 региони, Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир, а правиме анализи и за распределба на земјиште и во други општини. На земјиштето ќе може да се одгледуваат житни, фуражни, индустриски и градинарски култури“, истакна премиерот Никола Груевски на промоцијата на новите мерки за подобрување на економско-социјалната состојба во државата.

Нови 110 милиони евра за компаниите

За поддршка на малите и средните фирми, преку поволни кредитни линии ќе бидат обезбедени 110 милиони евра. Како што најави премиерот Никола Груевски, со првата кредитна линија за евтини кредити, субвенционираната каматната стапка е 5,5 отсто. Владата ќе обезбеди нови 10,7 милиони евра за финансирање мали и средни фирми од преработувачката индустрија преку докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот. Средствата ќе бидат наменети за земјоделски претпријатија и мали и средни фирми кои се занимаваат со откуп и извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Намената е за обртни и основни средства, при што условите за фирмите ќе бидат исклучително поволни, 3 отсто камата, рок на отплата 5 години со 1 година грејс-период за основни средства, односно 3 проценти камата и рок на отплата 18 месеци со 3 месеци-грејс период за обртни средства.


Статијата е прочитана 1222 пати.

Испрати коментар



Работно лето
Владини мерки: малку сме скептични, но вреди да се поздрават
Ново роуд шоу
И земјоделците ги поздравуваат мерките
СИРИЗА во напад на хиперпатриотите
Иванов
Иванов го подбра Самарас од Мостар
Како да го придобиеме светот !?
ВМРО-ДПМНЕ
Црвенковски не добил покана од Зврлевски
Заев ја почна трката за трет мандат



jovan, 04.06.2012 00:06:16
Edna ista finta so godini ja kazuvaat. 100milioni za firmite, 3000evra za vrabotuvanje...a na teren edno golemo nisto. Firmite maka macat kako da opstanat, narod nemoze da se prehrani ne pa firmi da otvara... Neka napista/dadat barem jasni instrukcii, kade treba firmite da se obratat za tie 100milioni i pod koj uslovi, a isto i onie koj sakaat da otvorat firma za samozaposluvanje, kade da se obratat i sto uslovi treba da ispolnat.
jimmy1, 04.06.2012 02:50:57
Mnogu smesno pomaganje, vladata ke im dava pari na firmite a ke gi zema nazad so kamata. Ubavo eden rece, se gleda deka Gruji e ekonomist koj zavrsil ne vecerniot ekonomski fakultet vo Prilep, ako voopstoima zavrseno, zosto i da zavrsese vo vecerniot fakultet ke imase poveke poznavanje na ekonomijata,pa covekov ke znaese dali ova e pomos ili pak kredit.
razocaran, 04.06.2012 11:59:17
Vo red e da se pomagaat firmi ama koi vlozuvaat vo prosiruvanje na biznisot. Poveketo vlozuvaat vo luksuz skapi djipovi, motori, haciendi a ne vo proizvodstvo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C

Сабота
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |