03.06.2012, 19:25 Иванов го подбра Самарас од Мостар
Препукувања на највисоко ниво се случија викендов на „неутрален терен“ во Мостар, на регионалната средба на шефови на држави од Југоисточна Европа
Гордана Дувњак
Татнежот од дводеценискиот грчко-македонскиот спор за името, се слушна и надвор од средиштето на европската дипломатија во Брисел, но и од центрите на одлучување на воената алијанса. Препукувања на највисоко ниво се случија викендов на „неутрален терен“ во срцето на босански Мостар, на регионалната средба на шефови на држави од Југоистоична Европа.
Во маратонскиот и исцрпувачки македонско-грчкиот тениски меч, топчето на теренот на нашиот јужен сосед, овој пат го врати македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Запрашан со новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас дека заедно со премиерот Никола Груевски ја дестабилизират безбедноста и стабилноста на Балканот, Иванов на заедничката прес-конференција на државите од регионот во Мостар,само кусо одговори: „Ако станува збор за изјава на лидер на партија кој заедно со Слободан Милошевиќ пред 20 години црташе нови граници на картите на Балканот, тогаш немам коментар“.
Повод за оваа реакција од Самарас беше интервјуто на претседателот Иванов за весникот „Дневник“ каде тој кажа дека Грција треба да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг или да не поставува дополнителни барања и услови во преговорите за името.
Лидерот на грчката десничарска партија Нова демократија, Андонис Самарас ги посочи македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот ментор премиерот Никола Груевски како главни дестабилизатори на Балканот.
„Претседателот на Скопје покажува дека не научил ништо од исходот на Самитот на НАТО во Чикаго и од добиените резултати за неговата земја. Затоа, заедно со неговиот политички ментор, премиерот Груевски, продолжуваат со својот став да ја дестабилизираат безбедноста и стабилноста на Балканот, отфрлајќи ги иницијативите на Грција за изнаоѓање фер и трајно решение за нерешените прашања меѓу двете земји“,напиша во соопштението до јавноста одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Панос Панајотопулос.
Ваквите тези не поминаа незабележано на домашен терен, па во духот на вжештената атмосфера на новите парламентарни избори, токму политиката за името што ја води лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас деновиве наиде на жестоки критики од еден од комитетите на партијата СИРИЗА на популарниот Алексис Ципрас.
Во партиското соопштение, СИРИЗА остро го нападна Самарас дека води политика на антагонизам со Македонија. Во соопштението, кое го пренесоа дел од грчките медиуми, пишува дека за разлика од лидерот на Нова демократија кој не успеал да го реши спорот за името 20 години, предлогот на СИРИЗА - заемно прифатливо име со географска одредница за севкупна употреба, има за цел да ги унапреди односите меѓу двата народа. Во својата критика за политиката за името на Нова демократија, СИРИЗА ја споменува и изјавата на пратеникот Јанис Јоанидис, кој кажа дека е Македонец од Гевгелија, а неговото родно место не било ослободено од Грците. СИРИЗА прашува дали тоа што го кажа Јоанидис е официјална политика на Нова демократија или, пак, во партијата постои разногласие.
„Ако оваа теза е општоприфатена, можеби мислат дека треба да влеземе во војна со ПЈРМ, за да му ја ослободиме татковината на Јоанидис“, се вели во соопштението. |
|
Статијата е прочитана 6082 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Албанец од САД, 04.06.2012 02:23:24 | Погледнете го одговорот на Самарас, па тогаш видете кој кого го татнеше |
| Itar Pejo, 04.06.2012 06:45:21 | Ivanov nisto ne razbral. Go obvinuva Samaras za delenje na Makedonija, a bas toj ne go prifatil predlogot na Milosevic za prekrojuvanje na granicite. Vazno Ivanov go podbral Samaras pa site makedonski mediumi se oduseveni. Kako i od histericniot ispad na Kaliopi vo Baku. Vazno SIRIZA, komunisti, ja podrzuvaat politikata na VMRO. So netrpenie ocekuvam sredba na dvete partii. |
| Zvonko, 04.06.2012 06:51:39 | prepukuvanje so korci.Se znae koj gi kroi granicite na Balkanot,a sigurno ne se nitu edna od balkanskite zemji. |
| ФЕЛИКС, 04.06.2012 07:49:08 | Соодветен одговор на нашиот председател,едноставно не се коментира оној чија партија се залагаше своевремено на добрососедски односи со Србија преку поделбата на Македонија,плус финански удавеник во светски размери.Очекувам изблик на негативни реакции на испотресените симпатизери на соседот тука на домашен терен. |
| Istocna Makedonija, 04.06.2012 08:14:27 | Bravo,taka treba dostoinstveno! |
| mmk, 04.06.2012 08:30:07 | Овој нашиов Хорхе знаел и да каже нешто поостро..Тоа што Самарас и МИлошевик цртале граници ГИ и неговиот ментор НГ треба да сфатат во каква ситуација се наогаше Македонија во тоа време и колкави беа напорите на тогашните влади и целокупниот државен естаблишмент да се сачува државата.Ако тоа го разберат и историски нема да го негираат туку ке ги афирмираат тие напори јасно ке им стане зошто денес сме ПЈРМ,ама сме држава.Лесно е над ‘‘саможртвата‘‘ да градиш кариера уживајки ја државата,а од друга страна да ги негираш тие што ја сочувале.Е мој ГИ далеку си ти од политикатА СО ВАКОВ МЕНТОР. Сега со Чашуле и останати социјално незгрижени мавтаџии ке ја оправдате дипоматијата..На пат сте да го реализирате тоа што го вели и Самарас.Да не постанете фактор за дестабикизација на регионот со нивните додворувачки радикални изјави!!,па пиосле Цацко ке ви биде крив. |
| Treba NACRT REZOLUCIJA ONGS kako lek!, 04.06.2012 08:31:04 | NACRT REZOLUCIJA
Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g,
Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON,
Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat,
Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, ,
i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina,
Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON,
Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
|
| Pejo Glupaviot, 04.06.2012 09:39:48 | I jas, kako i ФЕЛИКС, gledam kakvi positivni komentari predizvika tatnezot na Ivanov vo svetskite mediumi, kade sto site se podsmevaat so Samaras. Mislam na svetskite mediumi: Vecer, Kurir i slicni. |
| Taka mu rekle , taka kazal, 04.06.2012 10:14:19 | Ne napadjajte go. Taka mu rekle i taka kazal. inakum kolku da znae g-dinot Pretesedate. Samaras nikogas ne go prifati predlogot od Milosevic za podelba na Makedonija. bidejci bese svesen deka toa ce dovedese do novi vojni i vovlekuvanje na Grcija vo istite tie koi gi vodese Milosevic. |
| РНД, 04.06.2012 11:47:59 | Леле како можеше Ѓорѓе да му каже така на нашиот сосед.... Незнам дали ФЕЛИКС ова го очекуваше - ама јас очекувам 20 години да мрднеме од статусот кво. Со меѓусебна конфронтација и чаршиски препукувања ништо нема да се реши во наша корист - како што не се решило во овие 20 години. А ако мислиш дека треба да се “јача народот“ тогаш Ѓорѓе требал и да го исплука Самарас. Треба да прекинеме веќе еднаш да “ломотиме“ и да се фатиме за работа. Молчењето е злато. Работи и молчи - ќе зборуваш тогаш кога ќе имаш за што да се пофалиш!!! |
| Bokser, 04.06.2012 12:16:09 | Horthe e kulturen chovek, taka da ovoj naslov apsolutno ne sodejstvuva so vistinata. Bokserot/mentorot e za tie raboti. |
| Ози, 04.06.2012 13:24:04 | Типична реакција на вмро-вски дилетант. Прашањето на новинарите беше да ги коментира обвинувањата а не авторот на обвинувањата. Со неодговарањето на прашањето само ја потврди својата инфериорност и недокваканост. За жалење е, гревче... |
| lazaro, 04.06.2012 13:37:13 | Novinarkata vo svojot tekst se potrudila samo da gi prenese grckite stavovi, no nikade vo tekstot ne gi prenese zborovite na Predsedatelot Ivanov.ZOSTO ??? - MOZEBI NE VI SE DOPADNAA/?? |
| do itar Pejo, 04.06.2012 18:00:31 | Micotakis odbi,a Samaras prifati i se zalagase za unistuvanje na Makedonija.I sega gi ima istite stavovi. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 20°C
Ведро
|
Недела
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 19°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
|
|
|
|
|