08.07.2012, 14:39 Мое ќоше
Еден оди - тројца води
Ерол Ризаов
Македонскиот бирократски монструм ќе не' изеде сите
Македонската Влада и официјално стана најголем работодавач во земјата, најголем инвеститор и најголем должник. Генерален директор со неограничени овластувања на оваа расипи куќа е Никола Груевски. За само две години во ова претпријатие, без никаква одговорност, се вработија 50.000 партиски војници кои примаат плата да гласаат по препорака и да клатат врата. Во моментот од државната каса, од парите на граѓаните, секој месец се исплаќаат десетици милиони евра на армија од 165.000 луѓе. Оваа бројка не е измислена од домашните предавници, тоа е официјален податок од Министерството за финансии испратен до Европската комисија во Брисел. Е па, наздравје бричење. Ако Македонија има 165.000 државни службеници, 280.000 пензионери и 100.000 социјални случаи кои примаат месечно помош, тоа значи дека 550.000 луѓе секој месец чекаат за нив да одработат 300.000 вработени во реалниот сектор. Ако се има предвид пак колку луѓе живеат и преживуваат од овие пари и колкав е буџетот, јасно излегува дека во Македонија се случува драма од епски димензии кога еден оди тројца води. Еден вработен кој создава нова вредност го цицаат тројца буџетари.
Еве, ова е најдобриот резултат од повеќегодишните економски реформи кои ја донесоа Македонија во светскиот врв. За две години приватните компании отпуштиле 45.000 вработени, поради кризата и неплатените долгови на Владата, а државната крлежијанска администрација вработила 50.000 луѓе. Ваквата волшебна алхемија е рамносилна на Нобелова награда. Бркаш од работа армија која прави пари и ја спасува државата, вработуваш уште една армија која трошат пари и и' ја цица крвта на државата. Ваков генијален изум може да испорача само голем водач и државник чии успешни реформи даваат резултати низ светот, почнувајќи од Штип, Скопје и Атина до Лондон, Берлин и Париз.
Како тоа изгледа во секојдневието. На ЕУ порталот во Словенија, која е приближно голема колку Македонија, а има 40 пати поголем буџет, дневно од Брисел стасуваат 250 до 400 најразлични барања. Стручната и обучена администрација во одреден рок, според европските стандарди, треба да оговори на барањата точно како што налагаат правилата. Кај нас, пак, кога ќе стаса писмо од Брисел, тоа е паника и хаос. Почнува бирократската хиерархија да го префрла од рака во рака писмото на некој белосветски службеник се' додека не стаса до Комисијата за патриотизам и зачувување на националната гордост и независност. Потоа писмото исчезнува во бирократските лавиринти. Не може тоа така од нога кога ним ќе им текне дај ова, дај она. Тука си има ред. Никој не може да го види тоа што не треба да го види.
Ако за две години државната администрација од 115.000 лица се зголемила на 165.000 лица, тогаш што мислите колку службеници добила Македонија во ерата на преродба од 2006 до 2012 и уште колку ќе добие со оваа динамика до 2015 година до крајот на мандатот на оваа Влада. Ако 2006 година државата имала неефикасна администрација од блузу 80.000 луѓе, што беше доживувано како претежок товар, денес бројката од 165.000 луѓе е вистинска лавина која прогресивно се дуплирала. Ако продолжи ова темпо до 2015 година, Македонија ќе има над 200.000 службеници, исто колку и вработени и двојно повеќе пензионери и исто толку социјални случаи. Тоа би било вистинска експлозија која ќе предизвика клачасичен нокаут на се' што значи работа. За армијата од 200.000 админстративци, од кои две третини ги немаат неопходните обуки и квалификации - државата ќе мора да одвојува годишно над милијарда евра. Ако кон ова се додадат уште толку буџетски пари за пензискиот фонд и социјалната помош, тоа значи дека оние што треба да ги заработат овие пари и притоа исто толку да обезебадт за сопствената егзистенција, ќе наликуваат на магарето на Насредин оџа. Тамам го научил да не јаде - пцовисало. Драматичното саморазмножување на македонската адмнистрација јасно го покажува грчкиот пат кон банкротство. Бирократските аргументи се несоборливи за политичките елити на власт. Тие како јаничарската војска го штитат султанот, но и го симнуваат од престолот кога нема да им се задоволи нескротливиот апетит.
Според европските стандарди кои се штедри и благопријатни за добрата и стручна администрација, на Македонија и' се потребни околу 70.000 до 80.000 луѓе високообучена, професионална и стручна доброплатена администрација, која ќе им го олесни животот на граѓаните, а наедно ќе дава квалитетни ��слуги во сите области. Кој ќе ја направи оваа реформа, тој ќе ги изгуби изборите. Оди сега ти па крати ја администрацијата и изгуби ја власта. Таков не се родил во Македонија. Овој бирократски монструм ќе расте додека сите не не' изеде или ако не се појави свети Ѓорѓија да ја убие аждајата. |
|
Статијата е прочитана 4829 пати.
|
Испрати коментар
|
|
USA, 09.07.2012 00:28:46 | Rizaov konzervativec??? Koj bi rekol. Republikancite vo USA gi imaat istite argumenti protiv Demokratite (citaj PJSDSM). Privatniot sektor e dvigatel na sekoja ekonomija. |
| граѓанин, 09.07.2012 00:33:45 | *Еден вработен кој создава нова вредност го цицаат тројца буџетари* - и тоа не го цицаат само со пари. Работникот ем рмба за тројца буџетари, ем дел од тие буџетари дополнително му стојат на глава и му ја цицаат енергијата преку стресови наметнувајќи му бесмислени казни, му се прават фраери со нови и нови закони скроени да го докусурат. Буквално нов вид на суптилно робовладетелство, а она УЈП е бетер од робовска арена. Сум видел ептен глупи а надмени инспектори кои си вообразиле дека имаат многу битна работа од планетарно значење. А стопанството - еве и тоа малку текстилци што опстојуваа за минималец пропаѓаат. |
| Asan od Krivolaka, 09.07.2012 01:21:02 | Cenet i pocituvan Gospodine Erol Rizaov, mnogu ti blagodaram sto vo denesnoto Moe kose uste ednas, na taka ednostaven nacin uspea da ni go podotvoris zatemnetiot prozorec niz koj jasno mozeme da go vidime naseto tolku neizvesno Utre i istovremeno da go pozdravime nasiot golem i mil Vodac od Radoe Domanovik (Se izvinuvam: ne sum bas najsiguren deka toa bese delo na ovoj pisatel, no seedno, bese nekogas eden golem knizevnik koj sto napisa pesna za nasiot Denesen premier!?). |
| Mapkoc, 09.07.2012 01:44:56 | На спомнатите 165.000 државни службеници мора да додадеме барем уште по две души од нив��ите семејства и блиски роднини. Така бројот се качува на 495.000 души. Разумно е да заклучиме дека тие при изборите својот глас во главно го даваат на „работодавецот„, т.е. на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот партнер ДУИ. Тие на ланските избори добиле заедно 553.230 гласа или 49,22 одсто. Али на оние 495.000 души треба да се додадат партиски војници кои не се од спомнатите структури, привилегирани стварни и лажни бранители и инвалиди, „борци за слобода 2001„, бројна корумпирана интелектуална елита - сите со дел од семејствата. Во природа е на зависници од овој карактер да гласаат во висок процент, за разлика од оние што одбиваат да гласаат бидејки „немале за кого„. Сето спомнато - и поред хипотетските броеви - во извесна мера објаснува зошто Македонија не може да куртули од својата антидржавна власт. |
| Perica, 09.07.2012 06:00:31 | Tekstot e tolku jasen I razbirliv, bravo za avtorot. Erole, pisi I nekoj tekst za Dzinga od Kratovo. Dzingo e na vlast od osamostojuvanjeto, a vo kratovo nema luge veke. Ili umiraat od rak od olovnite I radioaktivni vodovodni cevki ili lugeto se isselia po skopje I po bel svet. Pisi ja vistinata za ovaa vlast. Kolku mladi luge pocinaa ili zaminaa po svet od ovaa rasipi kuka vlast. |
| dobro utro :-), 09.07.2012 06:36:33 | Prosta matematika. Taa e van sekakvi politiki i sé e tuka ednostavno i jasno. Izlez? Jas ne go gledam. Pozdrav. |
| Istocna Makedonija, 09.07.2012 07:38:37 | Ima i prodolzetok.Eden odi,trojca vodi i za sto
dusi pat pravi.Enigma,kolkav e brojot na stecaj
ci,t.visok koi ispolnuvat zakonski uslovi za mate
rijalno obezbeduvanje,a ne se obesteteni.Zgora
se pokaci cenzusot na godini za penzija,ama tok
mu tie,ke kaznat na izbori.Koi,50 posto razlika megu dvete opcii.Taa e 70 iljadi glasovi,so site
mehanizmi za pritisok na aktuelnive.A narodecot
nas,sekogas bara promeni,Bira pomalo zlo.Po
malo e ona,koe e podzaboraveno,aktuelnive se
hendihepirani,ne se svesni kolku se lesni. |
| mitre, 09.07.2012 08:11:10 | Сето ова води кон неизбежна ......КАТАСТРОФА...........само е прашање на време................... |
| od ostrijot, 09.07.2012 08:54:08 | pricekaj erole toa e novijot bran na grujevski losoto tek doaga. a togas kebide eden odi pet vodi. |
| ФЕЛИКС, 09.07.2012 09:02:18 | За административните вработувања по партиски терк одмна во РМ е урбана легенда.За овие 20-тина год.се изнагледавме вработување не по стручност и знаење туку по партиски терк.Денешнава власт вработува што се вели ,,на ангро,,а опозицијата има намера по ист терк да вработува кога некогаш ќе се доберат до власта.Во прилог на ова оди она легендарни изјави ,,нормално е да од партијата ги вработувам на локално ниво,,и она уште полегендарното ,,ќе бркаме нивни ќе вработуваме наши,,.И затоа го нема и уште долго ќе го нема ,,св.Ѓорѓија који убија аждају,,.П.С очекував од авторот барем еднаш да собере сили да го искоментира партиското дисциплинирање кај Шатевските демократи кон своите видни членови а малку нешто се побара демократски на внатрешен план(младинецот,Кумановецот и др.).Да беше обратното ќе имавме еден куп написи за тоа како власта се се справува со неистомислениците. |
| Мартин, 09.07.2012 09:17:26 | Десницата не води во комунизам ама и му создава на Бранко услови кога и ако дојде на власт да изведе нова транзиција по ова прасање. Транзиција на работните места со отпуштање , арно ама ке има механизам со кој истите кои ке ги отпушта ке ги брише од завод и работат е наредена. Умна држава е македонија со умни политичари. |
| Zagrizen od Sidnej, 09.07.2012 10:46:57 | Kolku se vraboteni vo metropolata Skopje?Sto stanuva so drugite gradovi vo Republikata?Napred makedonijo! |
| Трпе, 09.07.2012 11:52:59 | Јавна тајна е дека патриотската ни власт е најголем работодавец.Тоа го научија од доаѓањето на власт 1998 година.Со самото вработување по автоматизам си купуват гласови.Поранешната администрација била комуњарска.Од тогаш администрацијата која броеше околу 80 илјади,денес е дуплирана .2006 година СДСМ баш поради ова ја изгуби власта.Никола Поповски не сакаше да им даде решенија.Најдобар индикатор е и тоа од 2006 година до сега колкав е буџетот на РМ.Но преку градењето на барок и бронза неможе да се дознае вистината колку се троши од буџетот за плати на администрација.Сегашниот министер за информатика и администрација никако не сака да го даде вистинскиот број на клати врата земај плата.Затоа во нашиот буџет за полнење има ставка од казни и рекетарство на стопанството.зарем не ги намалија даноците? |
| srebre, 09.07.2012 12:47:54 | neli koga dojde grujo na vlast davavte komentari ovde bravo grujo do eden jas i togas veklv toa e izmama stampa opari pokacuv aplati nema osnovica za toa ama eve dur da dodame i perenje pari so spomenici i vie dodeka da se svestete stanavte posiromasni kako nikogas porano a sega placete po branko i dsd. |
| Чичко Пркачин, 09.07.2012 14:14:35 | Не ни бега треснување од земја заедно со нашиот мил јужен тросед. Единствена разлика е што тие ќе пропаднат со феноменална инфраструктура и со бајковит квалитет на живот во последниве 30-40 години (иако целосно нереален и заснован на задолжување), за разлика од нас кои „ничим изазвани“ одиме во провалија со африканска инфраструктура и со најнизок квалитет на живот во Европа во последниве 20 години, па оттаму и опоравувањето кај троседот ќе оди многу побрзо |
| Makedonec vo EU, 09.07.2012 17:14:13 | Najubavo se zivee od zaemi - ne treba da rabotis, a imas pari kolku sakas. Ostanuva duri i za po nekoj spomenik :) A parite? Toa sega ne e vazno. Nekoj drug kje gi vrakja :) |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 32°C
Делумно облачно
|
Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C
|
Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|