Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
08.07.2012, 17:20

Грција бара искреност од Скопје

Се надеваме кај соседната држава да надвладее гласот на здравиот разум, велaт од грчкото МНР

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Извори од грчкото Министерство за надворешни работи за саботните предлози од македонската влада за зголемување на дијалогот и соработката меѓу двете страни велат дека Грција очекува поголема искреност во билатералните односи од македонската влада. Од грчка страна постои дилемата како ќе се интензивира соработката и подобри довербата ако македонската влада наместо да помогне во креирање подобра клима, ја интензивира затегнатоста меѓу двете држави со негативна пропаганда против Грција на сите нивоа.

Конкретен официјален одговор на саботните предлози на портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, изостана од грчката страна, меѓутоа шефот на дипломатија, Димитрис Аврамопулос во првиот официјален говор во посочи дека очекуваат менување на реториката на македонската влада за да се создаде клима за побрзо наоѓање на решение на спорот за името.

Предлози на македонската влада поминаа без поголеми коментари во грчките медиуми.

Во фокусот на медиумите беше тридневната расправа во Собранието која вчера ноќта резултираше со гласање за доверба на новата влада.

Шефот на грчката дипломатија Аврамопулос, при презентацијата на приоритетите на грчката надворешна политика за спорот за името истакна дека прашањето за името не е само разлика меѓу двете страни во врска со историски настани или симболи кои имаат свое значење, туку прашање за почитување на меѓународното право. Според него, македонската влада „застранува, скршнува од насоката во која треба да се движат преговорите и со својата реторика и непоместливост создава дилеми кои е тешко логично да се објаснат и кои само ги отежнуваат билатералните односи“.

„Се надеваме кај соседната држава да надвлада гласот на здравиот разум. Треба да бидеме многу јасни кон нашите соседи, кон нашите партнери во ЕУ и нашите сојузници во НАТО. Бараме решение за спорот за името што ќе биде во согласност со меѓународното право“, истакна Аврамопулос. Посочи дека Грција во конструктивен дух направила голем чекор и се согласила на сложено име со географска одредница за севкупна употреба ерга омнес. Аврамопулос информираше Грција веќе отворила специјална канцеларија во ЕУ која ќе ги подготвува работите за грчкото претседателство во 2014, а една од целите на грчкото претседателство е веќе познатата „Агенда 2014“ за поддршка на европската перспектива на државите од западен Балкан.

Новинарот на „Катимерини“, Ставрос Ѕимас, вели дека предлози за подобрување на дијалогот меѓу двете страни е секогаш добредојдена работа, но предуслов за тој дијалог е да има добра клима меѓу двете држави. Негово мислење е дека треба да дојде до релаксирање на односите кои во овој момент се затегнати, снижување на вжештените тонови, како и дека треба да се избегнуваат отровни, екстремни изјави кои им штетат на билатералните врски. „Бев изненаден од реториката на господинот Никола Груевски, од неговата изјава за политички геноцид од грчка страна. Добар предлог е подобрување на дијалогот за соработка на економско, политичко ниво и соработка меѓу граѓаните, меѓутоа за се тоа мора да се создаде добра клима. Би требало да се избегнуваат нападите и реторика кои се отров за добрите врски меѓу двете страни“, вели Ѕимас.

Новата грчка влада според изјавите на Аврамопулос останува на истата позиција како и претходната за спорот за името. Меѓутоа една од пречките со кои ќе се соочи по пат е ултра-десничарската и нацистичката Златна зора, која е дел од новиот парламент. Пратениците на Златна зора неколкупати при тридневната расправа во собранието посочија дека не се согласуваат со политиката на владата за сложено име со географска одредница, односно остануваат на нивните екстремни ставови дека не треба да се даде Македонија, за која сметаат дека е една и грчка.

Офанзивно или во мат-позиција

Грчкиот весник „То вима“ посочи дека одредени грчки дипломати бараат иницијативи од грчката влада за спорот за името пред Грција да се најде во мат позиција. Причината за ова се сомневањата дека македонската влада во септември на генераното собрание на ОН би можела дапобара признавање под уставното име, но и замореноста која постои во ЕУ, НАТО и Вашингтон од застојот во преговорите за името. „Во тајни документи до кои дојде „То вима“ најмалку тројца главни амбасадори во своите извештаи во заклучоците пишуваат дека доколку Атина седи задоволна од непоместливоста на владата во Скопје, ќе се соочи со непријатни изненадувања“, се вели во анализата. (М.П.)

Плевнелиев: Името да нема територијални претензии

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вели дека Бугарија сака името за кое преговараат Македонија и Грција да не создаде услови за територијани претензии. „Бугарија нема да се меша во овој спор. Кога ќе се најде решение, ние апелираме, изјавуваме тоа име да не создаде предуслови за територијални претензии од едната или од другата страна“, вели Плевнелиев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Бугарскиот претседател очекува промена во однесувањето на македонската влада и „ ...да се ценат минатото, историјата и основите на ЕУ кои се однесуваат на добрососедство и добрите намери“.(М.П.)

Статијата е прочитана 2513 пати.

Испрати коментар



Политичарите го игнорира јубилејот на борците од НОВ
ВМРО-НП
Интервју -Слушајте ги вашите партнери и пријатели
Македонија и' фрли ракавица на Грција
Теута Арифи на конференција За албанското соседство
Цветковски
„Работното лето“ освежено со рози и портокали
Милионски потфати во Царината и во Финансиската полиција
Еден оди - тројца води



od ostrijot, 08.07.2012 21:18:29
grcite uste nese svatile oti oni se losite a nije sme dobrite.
dedo dimo, 08.07.2012 21:55:23
Za imeto na edna ili ni edna zemja ne se zboruva ,toa e pravo na narodot od taa zemja da se izjasnat kako ke se vika nivnata zemja,Vo svetot nema druga zemja nitu pak imalo shto se vika Makedonija . Pograbeni teritorii odMakedonija da .Redno evreme komshiite da se osvestat i da se izvinat za ona shto go pravat protiv Makedonskiot narod.
aleksandar, 09.07.2012 06:36:23
Od grcka strana nikogas nema da prifatat da se imenuvame kako R.Makedonija no nie sme makedonci i apeliram do site deka treba cvrsto da zastaneme vo odbrana na nasata drzava,cest, minoto istorija i se sto poseduvame toa nikoj ne moze da ni go zeme a najmalku juznive propadnati sosedi.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Делумно облачно

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...
(ФОТО+ВИДЕО) Се ожени Андрес Иниеста
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, 28-годишниот Андрес Иниеста заплови во брачните води со својата партнерка А...
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
На концертот на Горан Бреговиќ присуствуваше три и пол илјадна публика која претежно беше средовечна полна со емоции и с...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |