Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
08.07.2012, 17:17

Македонија и фрли ракавица на Грција

Владата презема иницијатива за динамизирање на дијалогот со нашиот јужен сосед

Гордана Дувњак

Македонија и' фрли ракавица на Грција, преземајќи иницијатива за динамизирање на дијалогот со нашиот јужен сосед. Но, колку ваквата понуда, која доаѓа во време кога нема никаква позитивна вибрација од „другата страна“ е израз на добра политичка волја, а колку, пак, во прашање е маневар да се одглуми конструктивност. Експертите се воздржани во очекувањата дека е можно да се случи некаков драматичен исчекор, но во принцип ја поздравуваат желбата за дијалог. Се разбира, доколку намерите се искрени!

Професорот по меѓународно право и поранешен шеф на дипломатијата, Денко Малевски, вели дека никој разумен не може да биде против почнување дијалог.Тој дури во најавените предлози, препознава елементи од Привремената спогодба од 1995 година, на кои во изминативе години не им се посветувало внимание.

„Дијалогот сам по себе е за поздравување. Но,она што буди сомнеж е што нашите политичари подолго време не демонстрираат сериозна волја за дијалог, туку отпор и напаѓање. Да бидам искрен, не гледам дека двете страни одат кон таа голема цел-помирување на грчкиот и македонскиот народ, па оттаму можно е дека станува збор за купување време, или, пак, за покажување иницијативност пред меѓународната заедница“, нагласи тој.

Сепак, професорот вели дека треба да и' се даде шанса на Владата да покаже до кој степен е искрена. Малевски нема да биде изненаден ако ваквата понуда наиде на „млака реакција“ од грчка страна.

„Грција е преокупирана со себе и со проблемите поврзани за економска егзистенција, па би било чудно кога во вакви моменти, приоритет би му дала на решавањето на спорот со името“, вели Малевски во изјавата за нашиот весник.

Викендов, од македонската влада најавија дека ќе ја динамизираат соработката и комуникацијата со Грција, со цел побрзо да се изнајде решение за спорот со името, затоа што сметаат дека поминало многу време без реакција од Грција. „Во функција на динамизирање на соработката и комуникацијата, предлагаме средби за унапредување на дијалогот и засилување на довербата, на различно ниво, помеѓу функционери од двете земји, и тоа на ниво на министри, премиери, или на кое било друго ниво што тие ќе го определат, нешто, за што повеќепати сме се залагале и повторно го реафирмираме. Исто така, сметаме дека динамизирање на разговорите во рамките на Обединетите нации е значајно и неопходно, процес, кој треба да продолжи со интензитет и суштина, а во кој се очекува изнаоѓање на решение“, изјави новиот портпарол на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Како што беше објаснето, со цел да се подобри атмосферата и да се зајакне довербата, македонската влада предлага реализација на иницијативи кои значат оплеменување на односите меѓу двете земји, како регулирање на битни сфери кои се од полза и за граѓаните и за компаниите од двете земји.

За какви иницијативи станува збор?

Според Ѓорѓиев, се предлага потпишување на Декларација за пријателство и соработка, основање на заеднички образовно-историски комитет,потпишување Рамковен предлог за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција, основање на заеднички комитет кој ќе биде составен од претставници на министерствата за внатрешни работи на двете земји, граничната полиција и царината, договорно регулирање на економската соработка преку склучување договор за одбегнување на двојното оданочување, основање на заеднички контакт центар на министерствата за внатрешни работи на двете земји“...

Ѓорѓиев додаде дека за овие иницијативи досега имале добиено негативен одговор, или никаков одговор, што не содејствува со вистински и рационален однос кон работите и покажува незаинтересираност за соработка. Но, се надева дека пристапот ќе биде променет.

Владата повторно ќе иницира и отворање нов граничен премин Маркова Нога-Герман, кој би бил во функција на сообраќајот меѓу трите земји во т.н. Евро-Парк Преспа, како и нов граничен премин Николиќ – Дојрани, но и реактивирање на граничниот премин Сеово, кој е и иницијатива на општините Гевгелија и Аксиополи (Бојмица).

„Подготвени сме за дијалог, за разговор, за аргументација, на средби на секое ниво, директни и под покровителство на Обединетите нации, со цел унапредување на нашите односи и надминување на отворените прашања“, додаде портпаролот на Владата, Ѓо��ѓиев, велејќи дека македонската влада ја разбира тешката ситуација на Грција во моментов.

Тој нагласи дека треба да се почне со конкретни иницијативи, нагласувајќи оти само со позитивен одговор Грција ќе покаже дека има посветеност, чувство за одговорност кон регионот и кон проширувањето на НАТО, посебно кон ЕУ, како што и впрочем, како што рече Ѓорѓиев, се залагаат во нивната стратегија.


Статијата е прочитана 3658 пати.

Испрати коментар



Политичарите го игнорира јубилејот на борците од НОВ
ВМРО-НП
Интервју -Слушајте ги вашите партнери и пријатели
Грција бара искреност од Скопје
Теута Арифи на конференција За албанското соседство
Цветковски
„Работното лето“ освежено со рози и портокали
Милионски потфати во Царината и во Финансиската полиција
Еден оди - тројца води



Itar Pejo, 09.07.2012 00:20:35
Po koj znae koj pat ce mu pokazeme na svetot deka grcite se tie koi sto ne sakaat da se dogovorat. Site ni velat: najdete resenie za imeto a nie pokazuvame konstruktivnost so predlog za otvoranje na novi granicni premini. Mangupi se nasive, cel svet go motkaat okolu maloto prste.
Весна.С. од Прилеп, 09.07.2012 01:43:11
Ракавицата е фрлена во лицето на Македонскиот народ - тие бараат разговори на конкретни иницијативи ,а тоа значи разговори за конкретни предлози за новото име на државата-за Грците под поимите компромис и прифатливо име подразбираат -име за сеопфатна примена која нема да го содржи зборот Македонија или македонски и кое ќе се применува и за означување на идентитетот на народот и јазикот.Владата и Претседателот треба да си ги исчистат ушите за да можат подобро да слушаат што им порачуваат грчките политичари.
florida, 09.07.2012 05:32:00
Ne treba voopste da insistirame za pregovori nie sme tie sto gi mrsime koncite.Ne brzajte za vo evropa bidejki sudbinata na evropa seuste ne se znae.Ke se slozime na sekakvo ime za da vlezeme vo evropa ama site drzavi vo slucaj evropa da se raspadne si ostanuvat toa sto se---a nie kako za kade ke sme ?Grcite celta im e kompletno odumiranje na imeto Makedonia od taa teritorija e togas slobodno ke disat. Plodot neka sozree sam ke si padne na zemja ako se kacuvame da go skineme ima nesakani posledici od pagjanje. Pzdrav Makedonijo
Митре, 09.07.2012 09:22:41
Тешки глупости на Македонската дипломатија кои немаат координација со европа и служат за провокација и секој во Европа тоа го знае. Дома може да служат за самопромоција на авторите као проект некој ама надвор никој не го есапи и нема иднина.
pile, 09.07.2012 10:27:53
Uste eden proziren i prepoznatliv politicki manevar namenet za megjunarodnata javnost, i toa soopsten preku portparolot na Vladata, dodeka macninata vo stomakot od postapkite na prijatelite i sojuznici na Republika Makedonija,kako i za politickiot genocid koj go vrsi sosedna Grcija, Premierot samiot gi izjavuvase kako vistinski patriot.Megjunarodnata zaednica veke ima izgradeno mislenje i go ima osueteno vladeenjeto na Gruevski i familijata, taka da ovaa nepominuva, tuku naprotiv ke bidat zajaknati pritisocite vrz rezjimot i neserioznosta na Gruevski so potcenuvanje na prijatelite od zapadot, ke go cini politicki zaborav,koga veke ne go poslusa G-din Andov navreme da se trgne od vlasta.So poslednata izjava na ministerot za nadvoresni raboti na Republka Grcija, veke e jasno deka za nadminuvanje na sporot i deblokada na evrointegraciite na Republika Makedonija ima samo edna precka, a toa e Nikola Gruevski i negovata neprincipielnata politika za vnatresna upotreba.OSTAVKA
PDK-Sydney, 09.07.2012 11:45:55
Pozdrav do FLORIDA, odlichen komentar. Jas samo bi dodal, i im davam na znaenje na site koi se za kompromis so Grcija za novo ime na drzavata deka se site predavnici. Sekoja promena vodi kon nashe unishtuvanje kako narod-nacija a toa go baraat Grcite!!!
mitre, 09.07.2012 12:37:20
Сепак работава е во стилот ЃОА НЕШТО РАБОТИМЕ........ништо друго...........
eu, 09.07.2012 13:30:18
interesno tie kako florida i onie od avstralija ni vikat ne brzajte so evropa nezaete kako ce zavrsi...a tie samite 20ilj kilometri pobegnale od mkd...bez eu pazar nema idnina i ekonomija,eu dava i milijrdi za se zivo videte samo grcija 1000 milijrdi evra i pak ce dadat,spanija bara 100milijardi evra i ce dovie,kipar samo 10...a namkd sekako ne i trebat nikakvi pari........
advantage, 09.07.2012 14:40:57
Vremeto veke 4 godini ne raboti za nas.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 32°C

Делумно облачно

Среда
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) „Вранец спешл селекшн“ на „Тиквеш“ влезе во светската винска елита
Ова е второ вино на „Тиквеш“, покрај „бела вода“, кое за помалку од една година добива висока оценка и можност за пробив...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...
(ФОТО+ВИДЕО) Се ожени Андрес Иниеста
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, 28-годишниот Андрес Иниеста заплови во брачните води со својата партнерка А...
(ФОТО) Калашников распали во Хераклеа
На концертот на Горан Бреговиќ присуствуваше три и пол илјадна публика која претежно беше средовечна полна со емоции и с...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |