10.07.2012, 19:38 (ФОТО) Се урна потпорен ѕид на Водно, жителите на зградите евакуирани
Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои едната е населена, дел од населените граѓани се евакуираат
ФОТО: Петр Стојановски
Потпорен ѕид кој се наоѓа на улицата „Салвадоре Аљенде“, во близина на хотел Панорама попладнево попуштил, се скршил и оштетил автомобил, а ги оптоварил другите потпорни ѕидови.
Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои едната е населена, дел од населените граѓани се евакуираат.
Станува збор за целосно новоизградени објекти. Една од зградите не била воопшто населен��, додека во другата имало станари.
Според првичните информации, од напукнатиот ѕид било оштетено едно возило, а под притисок се и останатите потпорни ѕидови во околината.
|