12.07.2012, 11:35 „Пежо-Цитроен“ ќе укине 8.000 работни места
„Пежо Цитроен“ денеска официјално соопшти дека има намера да укине 8.000 работни места во француските производствени погони на индустриската група, поради влошувањето на ситуацијата на европскиот автомобилски пазар.
ПСА истовремено планира да ја затвори во 2014 година и фабриката за производство на Цитроен Ц3 во Олне-су-Буа во парискиот регион во која се вработени 3.000 лица. Покрај отпуштањето на овие работници ПСА ќе укине уште 1.400 работни места во фабриката во Рен, и преостанатите 3.600 работни места се доброволни заминувања, вработени во администрацијата, испитувањата и развојот и комерцијалисти.
За ублажување на последиците од затворањето на фабриката во парискиот регион, ПСА ќе им предложи на околу 1.500 работници нови работни места во преостанатите индустриски погони во Франција.
ПСА денеска соопшти дена во првото шестомесечие забележал чиста загуба од 700 милиони евра поради влошената коњуктура и смета на намалување на европскиот пазар за осум до десет отсто на своите продажби на овај пазар.
За француската автомобилска индустрија ова е сериозен удар, бидејќи првпат по 20 години по затворањето на фабриката на Рено во Бијанкур, повторно се затвора цела една фабрика.
Министерот за социјални прашања Марисол Турен најави дека Владата ќе ангажира експерт кој за 15 дена ќе треба да изготви извештај за оправданоста на оваа одлука на ПСА. Според министерката, групата ПСА последниве години од француската држава добила помош во износ од четири милијарди евра, пари кои биле исплатени без ништо во замена од ПСА.
Синдикатите се подгтовуваат на „војна по земјотресот“ и фабриката во Олен ја прекина работата по најавеното затаворање во 2014 година. Според синдикатите, кога се укинуваат 8.000 работни места во директното прозиводство, бројката на работните места кои се погодени од ваквата одлука е за три или четири пати поголема, поради подизведувачите и произведувачите на автомобилски делови.
Во првата половина на годинава продажбите на ПСА на европскиот пазар се намалија за 15,2 отсто, по намалувањето од 60 отсто во 2011 година. Истовремено вредноста на групата на берзата се стопи како снег, таа денес на берзата вреди околу 2,5 милијарди евра, односно колку прозиводителот на бела техника Себ.
„Пежо-Цитроен“ не се соочуваат првпат со кризата, ако во осумдесетите години тие спасот го имаа со фамозното „Пежо 205“, денеска задачата е многу потешка бидејќи најновиот „Пежо 208“ лансиран во април годинава, за разлика од 205 која немаше многу конкуренти, денеска се соочува со најмалку дваесетина конкурентски возила. |