12.07.2012, 08:41 Cончево и многу топло
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот повторно ќе има продор на влажна и нестабилна маса од север кој ќе услови изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 31 до 41 степен.
Во Скопје слично време, со температура до 39 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.
Утре температурата ќе опадне за два до три степена и дневната ќе биде помеѓу 32 и 38, а за време на викендот времето ќе биде сончево и повторно многу топло. Во текот на наредната недела ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови малку посвежо време, односно ќе има пад на температурата за пет до осум, а очекуваме дневната да биде помеѓу 25 и 34 степени во вторник.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива нормално по суви и чисти коловози.
Од 01.07 до 31.08. тешките товарни возила со над 7.5 тона вкупна маса, имаат забрана за движење секој петок од 15:00 - 24:00 часот и секоја сабота и недела од 07:00 - 24:00 часот. Ова ограничување не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини има зголемена фрекфенција на движење, но нема подолги чекања, освен на граничниот премин Табановце каде чекањето за влез е над 30 минути.
Оние возачи кои планираат да тргнат на подолг пат, тоа да го сторат по можност во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот. |