10.07.2012, 12:05 Братоубиство во сервис за миење возила во Скопје
Убиството се случило вчера наутро околу 9 часот на улицата „Иво Лола Рибар-2“ во сервисот за миење возила „Монца“, кој бил во сопственост на двајцата браќа Слободан и Бранко Стојчевски.
Двајцата започнале расправија околу сервисот, по што Слободан со нож му нанел неколку убоди во телото на братот.
Од страна на затекнатиот И.В. (1956) од Скопје и вработените од сервисот, Слободан бил совладан, а ножот му бил одземен. Притоа И.В. се здобил со исекотина на левата рака.
По настанот, повредениот Бранко бил пренесен во Ургентниот центар, каде што им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од страна на лекар.
Увидната екипа од местото на настанот подигнала траги, нож, облеката од Слободан и И.В., а земена е и облеката и крв од почи��атиот Бранко.
Од полицијата информираат дека осомничениот е приведен и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред надлежен Истражен судија. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
|