Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Македонија
13.07.2012, 18:33

Сашо се врати дома

Додека младите бегаат од сиромаштијата во странство, Сашо Ѓорѓиевски реши да се врати во Македонска Каменица

Иван Бојаџиски



Штип – Сашо Ѓорѓиевски се врати дома во Македонска Каменица, кај сопругата Снежана, ќерките Александра и Симона и синот Марио. Овој 37-годишен човек испишува една нетипична приказна од сите досега слушнати во источниот дел на државата. И додека најголем дел млади луѓе од истокот гледаат да побегнат од сиромаштијата и безработицата, за среќата да си ја побараат во некоја друга земја која им дава шанса за опстанок, Сашо го направи спротивното. По две години работа во Австрија и осум години печалбарење во Италија, со некоја спечалена пара на своето конто, реши дека е доста. Доста туѓина, доста осаменост, доста живот без семејството.

„Во Италија заминав во 2004 година. Тогаш во мојата Македонска Каменица беше пустош. Рудникот Саса беше затворен, Каменица пропаѓаше во секоја смисла, другите мали фирми немоќни да го решаваат проблемот со невработеноста. Претходно две години бев на печалба во Австрија, ама на црно. Со спечалените пари отворив фирма и продавница за прехранбени производи во родниот град. Ама си ги потрошив сите пари. Едноставно туку луѓето купуваа само она што им беше најнеопходно, немаа пари за повеќе“, вели Сашо.

Во 2004 година, во периодот кога се случи авионската несреќа во Мостар во која загина претседателот Борис Трајковски, заминал за Италија. Дваесет месеци работел на црно.

„Кој се фали од живот во туѓина, без семејство, тој не ја зборува вистината. Тешко ми беше, се чувствував осамен, морав се' од почеток. Дома имав сопруга и три деца, срцето ми се кинеше кога ќе помислев на нив. А друга мисла освен мислата за семејството кај мене не доаѓаше“, ја раскажува својата приказна мл��диот човек од рударското гратче од кое во последните петнаесет години се иселија над 1.500 млади.

Сашо бил добар во градежните работи. Првите три години работел како општ работник, од 2007 година отворил сопствена фирма со четворица вработени.

„Работа имавме и повеќе од доволно, работевме квалитетно и чесно, а луѓето во Ница Монферато, градот во кој живеев и работев, не бараа да им градиме куќи, да им ги реновираме старите градби. Во декември, минатата година, ми падна камен на срце, една голема тешкотија ми дојде на душата и си реков дека е доста. Веќе знаев дека Македонска Каменица во 2011 не е ист град како оној од времето кога јас замина во туѓина. Се вратив и не се каам. Отворив мала фирма за градежништво со тројца вработени и овие шест месеци добро ми оди. А и Каменица повеќе не е оној пропаднат, сиромашен град. Рудникот работи, општинското раководство на чело со градоначалникот Дарко Митевски направиле многу за ние сега да имаме убаво гратче. Вака може да се живее и да се просперира“, објаснува Ѓорѓиевски.

Тој е задоволен од брзината со која тука ги средил документите и отворил фирма. „Беше речиси неверојатно. За еден ден, во Централниот регистар во Кочани ги средив сите документи. Тоа порано не беше така, што мене ми даде почетен елан во намерата со својот бизнис да успеам во родното место“, додава тој.

Овој млад татко на три деца вели оти е точна она мудрост дека само дома си е дома. Тврди дека нашите во Италија тагуваат по родните огништа. Иако има и такви кои се задоволни и од животот во странство, па велат дека можеби таму ќе останат и до крајот на животот.

„Нашите луѓе во Италија се почитувани како работници. Најмногу се барани во земјоделството. Работат како аргати, иако меѓу нив има и такви, најмногу до десет проценти, кои отворија свои фирми и сега се газди. Просечната плата во Италија е 1.000-1.200 евра, можат да ти останат, да тргнеш настрана до 500 евра месечно. И тоа со максимално штедење. Ница Монферато е град како Кочани, има 30.000 жители од кои над 3.000 се од Македонија, речиси стопроцентно од истокот. Главно од Кочани, Виница, Делчево, Каменица“, раскажува Ѓорѓиевски.

За Италијанците вели дека се добри луѓе. Посебно добар однос имаат кон Македонците. „Нас посебно не' ценат бидејќи од сите други дојденци таму, ние се покажавме највредни и негуваме одговорен однос кон заедницата. И затоа Македонец тука веднаш наоѓа работа“, вели Сашо Ѓорѓиевски, кој последниве шест месеци среќата си ја бара во родното гратче Македонска Каменица и во спокојот на своето семејство.


Статијата е прочитана 3668 пати.

Испрати коментар



Несреќите се лоша слика за туризмот на Охридско Езеро
Фабрика за овошје и зеленчук во Демир Капија
Камионите со руда го нарушуваат мирот на кавадаречките села
Чистење на каналот Радиовце - Бистрица
Топлотен аларм за половина држава
Не купувајте јајца и сирење од тезга
Ветерот носеше покриви и дрвја во Скопје
Изгаснати 28 пожари во Скопско
Гранка од стогодишна јасика усмрти дете
Македонска помош за пожарите во Бугарија и Грција
Фоторетровизор



jony, 14.07.2012 00:22:08
Сега кога ќе ти навалат инспекции и казни,ни почитуваниот градоначалник нема да може да те спаси,ќе молиш да се вратиш во странство ама дај боже да не те примат назад за да ја делиш судбината наша со овие лудаци желни за трошење наши пари.Е тогаш пак вака интервју да дадеш.
Itar Pejo, 14.07.2012 00:24:22
Dobro e sto i Utrinski stanuva patriotski vesnik. Vo momentov koga se objavuva deka rekorden broj makedonski gragani i rekle zbogum na tatkovinata, dobro e da se objavi trogatelna statija za vracanjeto na eden covek. A toa deka nasite rabotnici se mnogu ceneti vo stranstvo, uste Tito go kazuvase. Bilo kade, vo EU, SAD ili Avstralija, nasite ne smeat da kazat deka se makedonci. Vednas pocnuvaat da gi vlecat za rakav od site strani i im nudat rabota. Sekoj moze da proveri na Google i Wikipedia, po ceneti rabotnici od makedoncite naema.
jas, 14.07.2012 05:56:17
Probajte da go najdete za 6 meseci vo MK
pecalbar, 14.07.2012 10:12:23
i jas sum eden od bivsite pecalbari i sum siguren deka saso ke go smeni mislenjeto mnogu brgu,kaj nas nema uslovi za biznis kolku pari da imas specaleno glava nema da krenes od inspekcijite za najmala sitnica gledaat da ti pisat kazna,nekoj mora da ja placa golemata drzavna administracija.Tocno e koga si vo tudjina i koga solidno imas specaleno zelba ti e da se vratis pokraj svoite,mislis po tolku godini sepak nesto e smeneto kon podobro ama vistinata e sprotivna.Nasata drzava e ispartizirana do kraj se vrabotuvaat partiski bez razlika dali toj moze da odgovori na toa rabotno mesto bitno e da e clen.
Gjorgji, 14.07.2012 12:10:44
Od imeto na moeto semejstvo i licno moe ime Ti posakuvam toplo dobredojde doma i uspeh vo rabotata i zivotot. Cinizmot koj nekoi se uste sakaat da go prodadat kako intelektualizam e na izumiranje zaedno so korifeite na toj otroven model na razmisluvanje i ziveenje. Covek koj go saka zivotot, semejstvoto i tatkovinata ne moze da bide cinik.Idninata im pripagja na onie koi rabotat i ljubat. Uste ednas Gospod so Tebe i samo napred. Gjorgji Todoroski
Sirot, 14.07.2012 12:36:14
Зошто ли самата Македонија прави се` чесните и одлични работници, на чијшто грб буквално ЛЕЖИ секоја растурничка власт во последниве 20 години, да не успеат самите да застанат на нозе и да ја застанат и земјата искористувајќи ги своите одлични човечки и природни потенцијали? Каде е саботажата? - Па ако направиш бре услови чоек да живее ќе има и за ајљазите. А по правило најајљази и неспособни секогаш иделе во политика, ПРОСТО зашто за друго не ги бива. А што ќе прават сироти ајљази кога се` ќе изедат? - Ќе почнат да не` јадат некои со двоглави прици...
slavica, 14.07.2012 17:13:34
koj rabotel vo stranstvo ili se uste e ke go razbere ovoj covek bravo za odlukata treba da si hrabar da doneses vakva odluka vo ova vreme a danok segde se plakja nie pecalbarite malku ja iskrivuvame vistinata za zapadot pa zatoa pozdrav do saso i negovoto semejstvo i samo napred
Печалбар, 14.07.2012 19:17:57
Просечната плата е 1000 до 1200 € месечно а можеш да тргнеш 500 € настрана? А даноц�� имаш платено? И на крај од тие 500 до 700 € месечно со колку живееш? Плаќаш кирија? Вода? Струја? ЈАДЕЊЕ? Некако математиката не ми е баш најреална ама ајде : со среќа враќањето во татковината... Ќе видиме колку од заработката ќе ја ставиш во џебот на урбаната мафија кога ќе ти побараат рекет ;)
od ostrijot, 14.07.2012 21:18:40
sto begat eden se vraka dobra reklama za vladata.
EU, 14.07.2012 21:27:07
Ziveam i rabotam vo edna zemja na EU, kade sekoj kvartal tocno na 15ti mora da platis danok na dohod (48% od bruto zarabotkata). Ako rabotis kako G.-ot od tekstot na crno, mnogu brzo ke ti se sluci deportacija ili nema da ti go prodolzat prestojot. Vo Makedonija, moras da se soocis so realnosta deka pomalku se zarabotuva, a i pomalku danok se plaka. Megutoa, doma si, nemas strav od deportacija ili prodolzuvanje prestoi. Se si ima svoi prednosti i nedostatoci, no semejstvoto e sekako na prvo mesto.
tebe, 14.07.2012 21:58:29
sekoja cest na covekot,ama treba da bide iskren i neka kaze kolku dava toj sega na negovite rabotnici,nadnica prekuvremeno,obrok.i tn.abe sramota e drzava od 2 miliona da ima 20 %administracija,20 % penzioneri i se na grb na 300 000 vraboteni vo privatniot sektor so 200 evra plata ako odi site 30 dena rabota.pozdrav
Dobredojde doma!, 15.07.2012 00:37:32
Dobredojde doma, te pozdravuvam Makedonecu. POMNI i ne zaboravas deka ova e TVOJA drzava i nemoj nekoj da ti se pravi GAZDA vo nea! So sreka i samo napred.
nekoj od istok, 15.07.2012 06:35:19
Za onije pechalbari shto se vraakaat pak vo Makedonia da investiraat ima edna izreka koja glasi teshko svakaat a brzo zaboravaat Tie pechalbari mislat deka oti otishle na pechalba deka zemjata e siromashka a ne aramiska, Mnogu pozdrav do site.
G. Stojanovic, Holandija, 15.07.2012 08:26:59
Vakva hrabra odluka e za sekoe pozdravuvanje! Bravo za covekot i mu posakuvam mnogu uspeh i srekja! A sto se odnesuva do site cinicni i negativni komentari bi go kazal slednoto:kako prvo nikade na zapad ne vrnat pari od nebo (ovde vrne samo dozd za zal) i site socijalni sigurnosti poleka ama sigurno isceznuvaat. Kako vtoro covek koj saka da raboti i si go saka semejstvoto i ja pocituva svojata tatkovina - uveren sum deka ke uspee sekade, iako pocetnite okolnosti de mozebi teski. Sekoj covek si bara alternativa za da go resi egzistencijalnoto prasanje. Samo so dobra rabota i iskren odnos kon lugjeto se dobiva pozitiven, traen rezultat. Prijatelski pozdrav,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |