Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Свет
15.07.2012, 17:56

Александар не баш Велики

Низ очите на ирански историчар, големиот војсководец бил пијаница и разурнувач

Лондон - Александар Велики е насликан во западната историографија како легендарен освојувач и воен командант, но она што тој го оставил зад себе е многу поразлично ако се гледа низ очите на Персија и на денешната иранска историографија, тврди професорот Али Ансари, директор на Институтот за ирански студии на Универзитетот „Сент Ендрјус“ во Шкотска.

Според професорот Ансари, Александар не заслужува да биде нарекуван Велики затоа што го уништил до темел Персеполис, церемонијалната престолнина на стара Персија. Градот што бил изграден од Дариј Велики и разубавен и насликан од неговиот син Ксерксес бил целосно разурнат по една „пијана ноќ“ на Александар, помината со своите команданти и по наговор на неговиот љубовник, Грк, како одмазда за палењето на Акрополис од страна на војската на Ксерксес.

Иранскиот историчар не го прифаќа опишувањето на Александар во историите на Западот, како освојувач на Персија и голем воен стратег и гениј, затоа што на тој начин, се добива впечаток дека стара Персија постоела само за да може да биде освоена од Александар. Тој ги обвинува за тоа грчките записи, во кои инвазијата на Александар, се опишува и објаснува како првата од многуте крстоносни походи на Западот, за да му донесат цивилизација на варварскиот Исток.

Таквото толкување е погрешно, затоа што персиската империја била цел на освојувањата, не за да се цивилизира и за да и' се донесе западната култура, туку затоа што тогаш беше најголемата империја што светот ја познавал, на која античките Грци, иако војувале со неа и се восхитувале, тврди иранскиот професор Ансари. Тој открива дека многу антички Грци, по двете војни со Персијците, во кои победиле, сепак, заминале да работат на персискиот двор. Ансари вели дека и политиката за управување на териториите што се освоени при воени походи, што му се припишува на Александар, всушност, е персиска политика, која тие ја применувале при своите походи.

На Александар Велики, овој ирански научник му забележува што немал никаков респект кон персиската религија и култура, уништувајќи многу нејзини светилишта и културолошки локации, што е обратно од заслугите што му ги припишуваат од западната историографија. Ансари, сепак, признава дека по уништувањето на Персеполис, Александар почнал да го менува својот однос кон Персијците и дури наредил да се обнови градот Пасагад, што неговата војска претходно го уништила.

„Ако живееше подолго, можеби Александар ќе беше запаметен по повеќе вакви дела, а не по уништувањето, но Персијците се сложиле со својот македонски освојувач, примајќи го и него како и другите освојувачи, при правењето на својата национална историја“, вели во својата студија професорот Али Ансари.


Статијата е прочитана 3823 пати.

Испрати коментар



Банда силувала камперки во Мексико
Кина и Филипини на раб на воен судир
ОН не најде потврда за масакрот во Сирија
Мадона ја изнервира Марин Ле Пен
Отповикан свештеник во фармерки
Алпинисти измрзнаа до смрт на Алпите
Србите живеат на одложено



jovan, 16.07.2012 01:12:59
A znaete li deka i Srbite nasle nekoj *teorii* deka Alexandar bil Srbin? Duri i polnoto *orginalno* ime mu go doznale. Alexandar Karanovic. Toa mu bilo vistinskoto ime. Covek veke ne znae koj e po lud. Ili pa istorijata(onaa koja ja znaeme) e navistina lazna, pa sega sekoj ja *isprava* na svoj nacin. No vo edno se slozuvam so ovie nasi anticki Makedonci. Antikata ne pripaga na Grcite, i Grcite ne se kolevkata na Evropskata civilizacija. Toa im e nezasluzeno prepisano od nekoj zapadni istoricari, a denes veke pocnuva eden vid revizija na taa istorija, posebno istorijata i potekloto na Vizantija, koja nepravedno im e prepisana isto taka na Grcite. Toa sto grckoto pismo i jazik se koristelo za pisuvanje, ne znaci deka se bilo Grcko. I Rimskiot/Latinskiot jazik i pismo se upotrebuvale za pisuvanje, vo crkvite, no ne bile site Rimjani kade sto se upotrebuvalo. I vo Angliskite crkvi Latinski se pisuvalo pa i propovedalo, no nikogas Anglicanite ne bile Rimjani/Latini.
Ѓоко, 16.07.2012 01:41:42
во текстот пишува `неговиот љубовник ГРК`,дали тоа значи дека персијанците(сегашни иранци) прават разлика помеѓу античките грци и македонци,или тоа е само наша желба
EU, 16.07.2012 07:20:12
Od pogled na persijancite Aleksandar veliki bil na isto nivo kako i Hitler,a za Mk e legendaren osvojuvac na tudji teritori. A sto ostavil od osvoenoto posle negovata smrt?.Odgovor: Nisto.
cobe, 16.07.2012 09:04:13
И јас му се чудам да денешниве тупамароси во Македонија што се ѕанесуваат толку по Алекс Големиот ..............
Edencovek, 16.07.2012 09:17:32
sto ostavil bilo koj na komu se napraveni spomenici niz istorijata,NISTO,sto koj ostavil koga zaginal nikoj ne umrel od prirodna smrt a tova e znak na prokletstvo i gavolsko. Koja antika koja prikazna koj aleksandar koj vojvoda koj ubica koj izdaica. nie od seto tova imame samo izdatoci na milionski vrednosti smetki ispalteni na isto taka nepoznati vajari i umetnici slikari koj do cera nemaa ime denes se i vo cela evropa poznati . od istorija ne se zivee tuku se umira.
neron, 16.07.2012 09:18:08
александар велики....освојувач, хомосексуалац, мислам дека за година две, знам што ќе викат по тој.. исто како со кошаркарите еднашка беа хероји освојувачи а на крај испадна се пијаници.. предавници и ткн.. знаете зошто затоа што ова историја за македонците што ја издаде политиката на груевски ... знаете на крај.. ќе посаката да бидете и бугари и срби и може и илири.. LOL.. само македонци НЕ.. премногу лажна историја ви создаде политиката на груевски..
Колега, 16.07.2012 11:13:44
Алексндар нетреба да се слави толку многу. Тој ја растури државата која ја направи неговиот татко Филип кој е и по заслужаен. Наместо да ја засили, зацврсти државата на таткому, отиде да освојува. Доволно беше што прво ги покори Елините (сегашните Грци) и елинските градови по островите каде што и припаѓаат и да се зацврсти таму и на север.
Hristos da im zavidi, 16.07.2012 13:32:20
Im se divam na poedinci kolku ja poznavaat istorijata. Verovatno se bile i na pojadok kaj Aceta.
Silvester, Sidnej, 16.07.2012 14:31:55
Pa kakov moze da bide osvojuvac pred 2500 godini? Da ne pisuval emaili na protivnicite, ili gi povikuval na razgovor so nescafe? Toa ne e nikakva tajna za pohodot kade Alexander unistil se pred sebe. Dali voopsto imate pojma za vremeplov? Znaete li deka kebab e persisiski zbor za kebap? Ne, nemate pojma neli. Kebapite se cisto makedonski izum neli? Edno e mnogu simptomaticno kaj Makedoncite. Istorijata se napisa od nekoj si tokmu kako nam ni odgovara. Se e svrteno kon nas. Dlaboko sum ubeden deka denes retko ke najdete covek sto ima pojma za istorija. Priodot kon nestata e izveteperen, kompletno iskriven. Posebno mladite site se ubedeni deka Filip im e dedo i Olimpia baba. I tolku. I ne e cudno sto nikoj vo svetot ne ne podrzuva kon patot na resavanje na sporot so Grcite. Ve molam citajte, prosetajte i slobodno razgovarajte i zadruga literatura osven taa sto vi ja trubat doma. Taka ke dojdete do posiroki soznania i polesna logika. Ako ne, ne zboruvajte nesto sto nemate pojma. Pozdav.
mikan, 16.07.2012 22:30:03
Citajki gi komentarite do sega napisani, se povece sum ubeden deka nie Makedoncite sme naslednici Aleksandar: site sme generali (najdobri): Curtius Quintus Rufus Arian Kartli Georgian
darijasofist, 16.07.2012 23:31:09
да конечно некој што ја гледа историјата во право светло, тоа е вистинскиот александар и не е воопшто велики

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 8°C

Петок
Сончево
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (28)
Јованка е загрижена: „Ќе ме растргнат по смртта на Тито“! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |