Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
16.10.2012, 17:15

Обвинување за непотизам на Биотехничкиот факултет во Битола

Невена Груевска, која е докторантка на Битолскиот универзитет, обвинува дека Факултетот станува фамилијарна институција

Битола - „Непотизам царува на Биотехничкиот факултет во Битола“, обвинува битолската докторантка Невена Груевска. Факултетот кој е во состав на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ наместо да го развива и поттикнува образованието и знаењето, станува фамилијарна институција.

Груевска, која целокупниот свој образовен процес го има завршено на истиот овој факултет, каде што во 2009 година магистрирала во првата генерација магистри со успех од 9,75, а од 2005 до 2008 година била ангажирана и како демонстратор на катедрата за месо, вели дека во текот на изминатите десетина години постојано конкурира на објавените огласи за вработување помлади асистенти, но секогаш добива негативни одговори, иако на сите конкурси нејзините карактеристики се со највисоки вредности и целосно исполнети критериуми.

„Најодговорно тврдам дека на Факултетот за биотехнички науки владее невиден непотизам, на кој вработувањето е неостварлив и далечен сон за обичен дипломиран инженер. Тоа е достапно само за одредени кругови луѓе, блиски до внатрешната структура на Факултетот и за членовите на нивните семејства“, обвинува Груевска.

Ова свое тврдење таа го докажува и со најновиот завршен конкурс за асистенти на кој како најдобар е избран м-р Владимир Китановски, инаку син на професор д-р Димче Китановски. Според Груевска, тој е само еден од низата вработени од потесното семејство на професорот на Универзитетот во Битола.

„Професорот Китановски им најде вработување на своите блиски токму на Универзитетот. Така, неговата сопруга, Весна Китановска, на почеток работеше како референт на Факултетот, а подоцна ја префрли на Педагошкиот факултет во Битола. Неговата ќерка Елена Китановска-Ристеска работи во Ректоратот како советник и истовремено е професор по англиски јазик на Биотехничкиот факултет. Петар Алтипармаковски, внук од сестра, го згрижи како возач на службено возило на Факултетот“, набројува Груевска и потенцира дека со своето гласање како член на Сенатот на Универзитетот, проф. д-р Китановски, најверојатно, помогнал за декан на ФБН да биде поставен Љупче Кочовски, кој, пак, бил кум на неговото семејство.

„Можеби револтот ќе беше помал доколку синот на Китановски се издвојуваше со своите квалитети во позитивна смисла и го заслужуваше своето работно место. Но, за жал, тој се запишал како вонреден студент на додипломски студии, бидејќи едвај го завршил средното образование, па не можел воопшто да се запише како редовен студент“, нагласува Груевска, заклучувајќи дека за да се прикаже како најповолен кандидат, кај синот на професорот Китановски биле издвоени единствено неговите солидни познавања на интернет, како и големата желба за научноистражувачка работа.

Непотизам на Битолскиот универзитет практикувале и други професори, вели Груевска, за кои по име и презиме ги именува во писмото што веќе го испратила до премиерот Никола Груевски, запознавајќи го со реалната слика за кадровските решенија на Биотехничкиот факултет во Битола.

Со каков квалитет и капацитет за пренесување знаење располагаат вработените професори и особено нововработените асистенти на овој факултет навестува и интересот за запишување на завршените матуранти во оваа академска година.

„За жал, Биотехничкиот факултет стана најнепосакувана членка на Универзитетот ’Св. Климент Охридски‘. На двата уписни рока се пријавени многу помалку студенти од предвидената квота од Министерството за образование. А згора на тоа, сите пријавени кандидати се со мошне низок просечен успех во текот на школувањето“, вели таа.

На крај, Груевска, која е мајка на три деца, јавно прашува како пред синовите ќе ја оправда отсутноста од домот, изработката на терен на магистерскиот труд, а сега и подготовките и на докторскиот труд.

„Како да ги насочувам своите деца да ги стекнуваат вистинските вредности во животот во својата татковина кога јас не можам соодветно да ги реализирам стекнатите знаења“, вели Груевска.

Деканот на Факултетот за биотехнички науки во Битола, Љупче Кочовски, негира дека има непотизам во установата со која тој раководи. Сепак, потврдува дека синот на професорот Китановски го поминал првиот филтер за вработување. Тој вели дека на конкурсот се јавиле осуммина кандидати кои се' уште имаат право на жалба.

„Тричлена комисија одлучува кој ќе се вработи на Факултетот, се земаат предвид највисоките квалитети. Јас не сум во таа комисија. Од друга страна, нема законска пречка дека професорите не можат да ги вработат своите деца на истата установа, тоа падна на Уставен суд. Но, Факултетот е далеку од непотизам“, вели Кочовски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1924 пати.

Испрати коментар



Хомосексуалците без партиска поддршка
Фабриките да бидат далеку од луѓето



Правник, 17.10.2012 01:08:48
Ех... А Правниот факултет „Јустинијан први” што вработува „доктори” без одбранети докторски дисертации? ;)
bitolcanec, 17.10.2012 09:52:12
se prasuvam i nemozam da razberam zosto bas Gruevska da bidi vrabotena na biotehnicki fakultet i ako ima nekoj problem treba zakonski da go resava a ne vaka kolumni da pisuva za sekogo jas da sum kako kandidatite so gi spomnuva javno i omalovazuva ke ja tuzam pa neka odluci sudot koj e vo pravo i neka si oseti na svoja koza.
Sonja, 17.10.2012 10:08:13
Na Slavjanskiot fakultet vo Bitola, fizika predava matematicar so doktorat na Institutot za pravnopoliticki istrazuvanja. E studentite so ke naucat? Ama vazno da platat i ke dobijata diplomi. Sramota, ima tolku fizicari so zvanja vo Bitola.
лекарка од провинција, 17.10.2012 10:12:27
за жал тоа не се случува само на вашиот факултет во Битола ,тоа го има на секаде.А ,што да правиме со нашите деца што работаат кај новопечените газди-неписмени и збогатени преку нок.Ова го кажувам од искуство со моите факултетски образовани деца па дури и со посдипломски студии.Работаат незнам по колку саати дневно,без празник ,без годишен одмор,да не се трудни ,да се изродени ,а за платите не прашувајте.Како ке го зголемуваме наталитетот ,кој е во надолна линија.Срашно,страшно!!!!
Jonce, 17.10.2012 10:51:55
Zosto mori cupe ne napisa i za Zivko Jankulovski, zosto ne napisa i za Dragi Petkovski i za drugi so si gi primija site deca tamu. Malku mu e ova na tie pesoj tamu, go unistija fakultetot. A gospod e golem i pravdata ke stigni.
nekoj, 17.10.2012 11:19:47
Seto ova sto e napisano kazuva mnogu za toa kakv institucii se ovie i kolku nisko pagaat, zar navistina sakas da rabotis tamu?
до кога веќе !!!, 17.10.2012 11:45:49
Браво за госпоѓата!!! Конечно некој јавно да се побуни, против небројните неправди кои ги трпиме од хаотичното уредување без ни трунка лојалност, и тоа така цели дваесет и кусур години. Поради вакви глупос��и пола население ни емигрира во странство, а од останатите пола аплицираат. Па и со право кој сака да живее во држава во која правниот систем се уредува по непишани правила односно по мафијашки правила.
Технички факултет Битола, 17.10.2012 15:01:34
Нека одат новинарите на Технички факултет Битола за да напишат како деканката Весна Ангелевска - Микаровска си ги вработи сопругот и синот, а на своите сегашни и претходни продекани им ги вработи сопругата, внуката и сестрата.
zagrizen, 18.10.2012 08:11:51
Gi citam komentarive i se cudam. Aj nemojte taka lugje, ta nepotizmot bese vo komunistickoto vreme. Sega e demokratija, a komunjarite se gonat kako vesterki. Tie sto go neguvaa nepotizmot. Togas bese mnogu mracno.Sega se nekoi novi vreminja vo ubavata ni Makedonija, ne razdeni.. Kakov nepotizam, toa ne e mozno. Ke da ke e Tito kriv, a, Neli Felco?!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 8°C

Сабота
Сончево
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (29)
Јованка се обидува да го дискредитира Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Револуционерниот Ентони Брекстон го отвора „Скопскиот џез-фестивал“
Во пет вечери, од 19 до 23 октомври, со полноќна програма, на Џез-фестивалот гостуваат значајни имиња од САД, Јужна Амер...
Глупоста и глупирањето станаа ценета форма на живеење
Инаетот ми е голем и нема лесно да им го отстапам местото на медиокритетите“, вели Кокан Димушевски, композитор, клавија...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |