17.10.2012, 17:16 Мое ќоше
Трај��е од Австралија
Ерол Ризаов
Што може да направи совршен уредник во македонското новинарство
Колегите од Македонскиот институт за медиуми ми дадоа домашна работа да зборувам пред уредници, новинари и студенти на тема „совршен“ уредник. Се разбира, појдов во нивната работилница без големи амбиции и со мала надеж дека нешто ќе помрднам од место или ќе предизвикам барем еден мал чекор напред како што очекуваа поддржувачите на овој проект, двајца познати уредници од Холандија. Неисе, иако никој не е совршен, се обидов да портретирам еден добар уредник. Тамам го стокмивме каков што треба да биде: да е професионален, етичен, храбар и да стои зад новинарите, да е чесен, натпартиски, добро образован, културен, позната јавна личност, конзистентен во своите ставови, неговото име и презиме да носи квалификатив на објективност, да има зад себе новинарски успеси и подвизи, да не сее магла и јазик на омраза, да не е националист, радикал, сексист , расист, фундаменталист, да не се обидува да креира политика, да не излегува секој ден пред јавноста со штит и меч да ја брани татковината и со зборови да убива непријатели и предавници... брзо увидовме дека таков нема, а и да има, веднаш би останал без работа.
По стоти или илјадити пат откривме и зошто е тоа така. Притисоците од власта и од центрите на моќ, нерегуларниот медиумски пазар, коруптивното и селективно рекламирање на најголемиот огласувач во земјата Владата и јавните државни претпријатија кои направија пустош низ медиумите, неповолната сопственичка структура, примитивниот популизам, политичките и деловни спреги, малата политичка и комуникациска култура, застојот на вкупните демократски процеси, стравот, загрозената егзистенција на новинарите, отсуство на еснафска заштита и на правната држава, големата сиромаштија и беда, безработицата и бесперспективноста и уште цела низа добро познати причини го претворија македонското новинарство во аполгетски концерн за производство на добри вести и успеси на власта. До тука сме прилично усогласени речиси сите уредници и новинари без оглед кој каква партиска и професионална опашка има зад себе. Сите речиси без исклучок ги прифаќаат овие дијагнози и идентификации на состојбите. Главниот проблем е кога ќе појдеме во редакциите и кога треба да се подготви утрешниот весник, вечерните вести на телевизиите и радијата, кога ќе се актуализираат порталите и онлајн-изданијата, кога треба да се дадат темите, да се одобри и пушти во етер тоа што сработиле новинарите, кога ќе почнат да sвонат телефоните од партиските центри, од менаџерските и од газдински кабинети кои ги знаат текстовите од своите инсталации по редакциите уште пред да ги види уредникот, е тогаш, веќе не останува ништо од нашиот портрет.
Новинарите во работилницата беа шокирани од податокот дека во последните седум години во водечките весници се сменети, или си заминале над 15 главни уредници и над 50 уредници на рубрики, а во телевизиите таа бројка е неколкупати поголема. Зошто е тоа така. Таа тема никој не ја истражил. Може само да претпоставуваме. Ете така уште еднаш ги согледавме нашите патила и маки без да најдеме одговор што би требало да се направи како чекор напред.
Вчера во редакцијата дојде мојот пријател и колега Трајче Бошковски, спортски новинар во „Нова Македонија“, кој на 46-годишна возраст, во новото време на демократија и независност, 1993 година се исели во Австралија. Онака продуховен и измазнет, нарача капучино без кофеин, но со цимет. Ми раскажа дека работел во Мелбурн во локални весници на македонски јазик. Пишувал во спортските рубрики. Изградил голема куќа која вреди над 500.000 долари, сега има пензија од 1.500 долари, исто колку и неговата сопруга. Сите во Австралија ја добиваат кога ќе наполнат 65 години. Синот завршил за инженер по енергетика. Уште на трета година од факултет го барале големите нафтени корпорации. Сега работи во една таква за 23.000 долари месечно. Ќерка му завршила психологија и се дума кај да работи. Ако останев тука, вели Трајче, ќе бев уште во оној мој ќумез од стан, со 180 долари пензија месечно која и сега ја добивам од Македонија. Најверојатно, пред тоа повеќе години ќе бев без работа, а децата тешко ќе можев да ги школувам. А и да завршеа, каде ќе работеа. Го прашувам Трајче не многу изненаден од она што го слушам, дали сето тоа го заработил за 19 години со новинарство. Да, со новинарство и од австралиската држава која има огр��мен почит и респект кон луѓето од оваа професија. Му велам некој се изборил и гинел за тоа. Да, вели, ама пред сто, двесте години, а сега тоа се свети работи на австралиската демократија.
Како треба да изгледа совршен уредник во Македонија, го прашувам Трајче.
Ај не ме заебавај, рече. |
|
Статијата е прочитана 3419 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Mudrec, 18.10.2012 01:10:01 | Ako Erol kaze deka zivee vo kumez od stan, zema mala plata, ima problem da gi skoluva decata i ne moze da gi vraboti, i jas bi mu kazal Aj ne zaebavaj. Prikaznite za Trajce se seenje magla deka vo stranstvo se e lesno, samo ovde se crnila. |
| Marioec od Azija, 18.10.2012 01:49:08 | Erol si prizna deka site kaj nas si imaat partijska opaska pa nezavisen novinar kaj nas e fatomorgana.Se slozuvam potpolno.E sega se interesni decata na Trajce,i ne samo negovite,tuku na dosta golem broj na nasi iselenici.Zosto?Ovakvi strucnjaci i se potrebni na Makedonija,a gi ima sigurno skoro od site profesii.Prvo da se vklucat vo obrazovnio sistem.a so toa ce se podigni i nivoto na obrazovanie,a i kvalitetot na strucni kadri kaj nas koi ce mu dobrodojdat na naseto stopanstvo,a i ce bidat konkurentni na globalnio pazar.Dosta so podcenuvanje na dijasporata,sega e treta,cetvrta pa i peta generacija,a ne prvata nepismeni kako sto nekoj velese,nepismenite ostanaa doma. |
| Mapkoc, 18.10.2012 02:00:01 | Од она што го постигнал г. Трајче во Австралија, на многу мина без перспектива во татковината им, ќе им потекне вода на уста, и поинтензивно ќе размислуваат и тие да тргнат надвор. Ова произлегува од оптиката преку која г. Ризаов ни ја доловил среќата на г. Трајче. Имено, требало да се каже дека тој дошол во развиена демократска земја, и веднаш го почувствувал нејзиното богатство, кое е пак резултат на „минат труд„ на генерации. Повеќе е од жално да Македонија, ниту по осамостојувањето, немала ни од далеку среќа да биде водена како Австралија. Затоа млади луѓе, мизерно платени или невработени, чаре бараат и во прекуокеанските земји. Али, Бог да чува, има мислења да и една Словенија од осамостојување не била „праведно„ водена, па оттаму се иселиле 20.000 души, повеќе интелектуалци. Општината Равне на Корошкем пак „размислувала„ да и‘ се приклучи на Австрија, бидејки пропаѓала во Словенија! |
| zagrizen, 18.10.2012 02:36:58 | Erole, pa seto toa sto go napravil Trajce mozese i ovde, a ne da odi vo Avstralija ! Mozese i uste poveke, ke se nadgradese, ke doktorirase na nekoj eminenten ni Univerzitet. Eve kako primer da go zememe Prof. Dr. DP Latas.............. kakva Avstralija, kakvi tugjini. Neli Felco?! |
| od mene od daleku, 18.10.2012 03:53:36 | Pocituvan Erol Rizaov, ne spomenavte deka vo novoto vreme na demokratija i nezavisnost vo 1993 godina, bese aktuelna Vladata na Branko Crvenkovski ?! Vo toj period se otpocna so kontraverznata tranzicija i privatizacija, sto bese edna od glavnite pricini za iseluvanjeto na poveke familii od Makedonija ! |
| USA, 18.10.2012 05:19:16 | Istata paralela moze da se povlece i za bravar, moler ili bilo koja struka. Sto ke bese Trajce namesto Avstralija da zaminese vo grcija? Tolku za sporedbite. A, znae li avtorot deka Avstralija i Kanada seuste se vo sopstvenost na Angliskata Kralica.......isto kako i kukata na Trajce! |
| Siljan, 18.10.2012 06:26:11 | Kako prvo G-dine Erol,sto vi znacat nesovpadjanjata vo vasiov tekst, vo ednina:Се разбира, појдов во нивната работилница без големи амбиции и со мала надеж дека нешто ќе помрднам од место или ќе предизвикам барем еден мал чекор напред како што очекуваа поддржувачите на овој проект, двајца познати уредници од Холандија. Неисе, иако никој не е совршен, се обидов да портретирам еден добар уредник i vo mnozina:Тамам го стокмивме каков што треба да биде...По стоти или илјадити пат откривме и зошто е тоа така...Koi toa Ti ili Vie?Ti,zenati,decata,komsiite ili Partijata i nevladinite sponzori go stokmivte?A najodlichno vi odgovoril Trajche:Да, со новинарство.Da so toa,a ne so platenichki pamfleti koi sekoj den gi pisuvas protiv ovaa Drzava,sto me tera na povrakanje.Ili stani novinar vo zreligodini ili odi vo penzija.(Te molam ne pisuvaj poveke plateni tekstovi,dovolno se zbogati). |
| seirdzija, 18.10.2012 08:15:17 | Se sto e normalno vo zapadniot svet,ovdeka e barem za sega e nevozmozno.Namesto demokratijata da go unapreduva opstestvoto,kaj nas taa go unazaduva.Nego Erol mislam deka imas sreca sto Todorov ne ti e minister,pa da ti stegne edna tuzba,plus da ti go proveri novcanikot i da konstatira deka ne si gladen i deka ne si za zalenje,hehe.Vo realnosta i toa malku sloboda sto ja imavte do 2006,sega e prerodena i manifestirana i ne ostana od nea ni kamen na kamen.... |
| ФЕЛИКС, 18.10.2012 08:15:41 | Според некои ,,совршен уредник,,е оној кој постојано ќе зборува за сопствен либерализам и постојано ќе дозволува да медиумот објавува критики само кон една страна.При тоа ќе дозволи да поедини колумнисти,експерти и др. да се китат со титулата аналитичар на домашната политичка сцена.Место аналитичко опсервирање на сите политички чинители тие во името на аналитиката настапуваат едносмерно.При тоа запомагаат за некаква тортура и загрозена медиумска слобода на говорот.Интересен настап,непречено се критикува а при се прикажува за медиумската неслобода и притисоци.Има и поинакви мислења во тие либерални медиуми кој не се објавуваат оти биле критични кон некои кој им се симпатии на ,,либералите,, Тоа го подведуваат вероватно под медиумска слобода на правото на одбирање што ќе се објави а што не.И на крај медиумска слобода како и другите слободи се освојува не се бара да им се даде.А освојувањето на медиумската слобода се освојува со непристрасност и аналитика на сите политички опции тука. |
| С.Малински, 18.10.2012 08:20:06 | Да ми ти пукне бубалето од вакви лажговци, што новинар беше па стекна толкаво богатство и тоа од новинарство,кога во Мелбурн се издаваат само два весника со многу скромен тираж.Австралиската пензија е всушност социјална помош,еднаква за сите и е лимитирана од стекнатиот имот приходите во семејството и износот е далеку од она што трајчесе испофалил. |
| Jordan, 18.10.2012 08:23:57 | Prasaj si go tvojot poltron b.c. zosto e seto toa taka vo Makedonija!Kolku pari ukradoa negovite oligarsi koi seuste vladeat vo Makedonija! |
| boki, 18.10.2012 08:30:56 | erole ne pagaj na ovie evtini stosovi na ovie nasive seljaci od Avstralija bev tamu gi vidov teska mizerija se...da ne nabrojuvam sega sto prostotiluk vidov kaj makedoncite tamu zatoa ti vikam ne pagaj na ovie evtini lagi od ovoj nekoj si trajce kaj sto sin mu zemal 28000 dol hahahah laga nevidena ... prasaj go kolku klozeti i septicki jami ima iscisteno i kolku e zadolzen vo banka za taa kuca sto ja ima kupeno sto se fali deka e negova...koja be mizerija se ... |
| gjoko, 18.10.2012 09:16:33 | A sto mislis za slucajot na onaa zagrizena zena od gradot Fargo , Juzna Dakota,koja se javila vo zivo na radio programa.
Zenata protestirala na odlukata na vlastite da postavat zankovi (so lik na elen) na najfrekventnite mesta na patistata so sto gi pottiknuvala zivotnite da minuvaat i se doveduvaat vo opasnost, koga kje go videle znakot?Kolku penzija ima kutrata? |
| zz, 18.10.2012 09:27:23 | a j ne zaebavaj arno ti veli covekot. a ti mu kaza za ovie 15 godini koj gi stitese lopovite i tajkunite koj se napolneti do vrf. a za kolk pari ve kupija . |
| Trajce nas e golem mas, 18.10.2012 10:01:27 | Erole, bi se slozil deka kaj n as nema moznosti i uslovi za slobodna rabota na mediumite, ama ona so Trajceta od Avstralij i ti pretera. Od kade do kade Trajce za 15 godini , kako sportski novinar vo lokalen vesnik na mak. jazik bi zarabotil kuca vredna 500.000 dolari?! Veruvaj istata mu e zamena so hipotekaren kredit i ce ja isplaca dozivotno.Pokraj toa Trajce i zenamu zemale 1500 dolari penzija, plus nasa od 180 dolari( znaci zemal dve penzii?!). Erole , ne znam kolku ja poznavas Avstralija. Pa tamu penzijata e eden vid socijala i e podednakva za site, plus ako imas povisok bankoven racun, biznis, rentas stanovi i sl. nemas pravo na penzija. I eve kazuvas si n mu zarabotuval 23000 dolari mesecno?! Erole ,ili Trajce te lazel ili tebe ti se izmasale cifrite. |
| Gargamel, 18.10.2012 10:14:43 | Go pocituvam Gospodinot Erol,so golemo G,zatoa sto vo medioumskiot mediokriteten prostor,vo mrakot koj ne opkruzuva vnesuva svetlina.Jas i moeto semejstvo sme Trajce.Za da ja zacuvam mojata nezavisnost od partijskite profesionalci,so diplomata pod miska,gastarbajterski,gi skoluvav decata,gi ucev i jazici i doblesti i samostojnost.Sega sum povratnikistrosen od suroviot zapaden kapitalizam,no so polno srce zatoa sto nitu Siljan,nitu Feliks,nitu Nikolco,nitu Bane i Buki mozat da mi ja prodavaat partijsko oboenata ubavina na ona sto napravija od Makedonija.Zalam sto mojata profesionalna angaziranost ne bese ovde,doma,za podobruvanje na kvalitetot i kvantitetot ostaven od komunjarite za idnite generacii,za nasite deca.No uste poveki zalam i me boli sto e Makedonija denes blagodarenie na partijskite poslusnici.Zatoa Erole ti blagodaram za doblesta da si profesionalec i kriticar na ubavinatakoja ne opkruzuva po osamostojuvanjeto.A mozevme,i znaevme,i imavme,no gi imavme gnidite. |
| VMRO-DPMNE Dolzno kako grcka, 18.10.2012 10:15:30 | „Капитал“: Ревизорите не сакаат да ги контролираат партиските пари |
| Dijaspora, 18.10.2012 10:22:34 | Трајче и ти не заебавј. Немој да правиш такви глупости те рачунам за паметен. Од кое новинарство заработи богатство кога долар од таму немаш земено. Не е убаво да се лаже нашиот народ таму ДОМА!!! |
| Buntovnik, 18.10.2012 10:24:52 | Gi citam komentarive od ovie koj mislat deka i doma mozat da napravat kako Trajce itn.. Gi boli, jasno e. Pa ako seto toa moze i vo Makedonija kako moze opincari vo makedonija kradat od vas i se bogatat a vie pametnite sto se mozete, zverite kako glupaci vo neopisana mizerija. Ne samo materijalno tuku i spiritualno. Stanavte nacija na demoralizirani luge. Na takvi lugemozes da im gi stavis site dokazi pred nosot, tie nema da veruvaat. Ke te prasaat - me zaebavas?- |
| Ај не ме заебавај !!!, 18.10.2012 10:33:52 | Ероле (Г)Ризаов, можеше ли Трајче да мрдне напред ако Ти му дозволеше !!! Не бе пријател !!! Колку години си залепен за новинарското столче !!??? Колку генерации млади новинари не пркнаа од Тебе и таквите како Тебе !! Дувни ветре покажи ми ја вистинската страна Ти беше системот а сега зборуваш за Трајче !! Тоа што Трајче го нашол во Австралија не било од дедому Петре оти тој ни гаќи немал кога илјадници робијаши ја граделе Австралија !!Ајде Ероле не заебавај туку пишувај и понатаму што Ти е кеиф и ликувај оти кај нас се е недемократско и неубаво!! |
| пензионерка, 18.10.2012 11:10:14 | Дежурната пишувачка екипа на вмро-дпмне, едвај дочекала да излезе колумната на г-дин Ризаов (цела ноќ не спиеле- видно од коментарите). Инаку и ние имаме роднини во Австралија... па смешни се коментарите, што ќе каже најубаво е во МК (ај не се зезајте). |
| lesno e, na gotovo!, 18.10.2012 11:24:06 | Site komentatori go ispushtaat glavniot argument za dobriot zhivot na ?Trajche a toa e shto toj otishol, NA GOTOVO, vo vekje sredena drzhava i demokratski i ekonomski. Zatoa, dobro e shto Rizaov spomnuva deka Avstralija se borela za vospostavuvanje na red i poredok pred 100-tina godini. Znachi I TOE TAMU GO POMINALE NASHIOT PAT, ama ne potkleknale tuku uporno, SO GODINI I TRPENIE sozdavale, za sega, nekoj od nesredena drzhava kako Makedonija, da odi tamu, NA GOTOVO. Zakluchok: ako se potrudime za 10-tina godini mozheme i nie, tuka, da sozdademe, Avstralija, samo treba POEDINECHNA VOLJA, a ne da chekame nekoj drug da sraboti napredok namesto nas! |
| do boki, 18.10.2012 11:31:31 | Boki, 23000 dolari e plata na visoko obrazuvan covek , ne na cistac na septicki jami , ako ne si razbral vo tekstot.A toa deka postojat i Makedonci so visoko obrazovanie ti ne mozes da go razberes bidejki tuka site se vo ist kos , i obrazovani i obrazovani a vo Avstralija samo kaj cistacite na septicki jami mozes da pristapis |
| Realniot i partiski neopredelen Feliks ???, 18.10.2012 11:50:03 | Dali e Erol platen partiski poslushnik ili ne - ne znam! Ama znam da e mnogu chitan (naj chitan) i ushte povece komentiran. I shto e najbitno, groto chitateli tokmu nemu mu veruvaat, poradi shto mnogu go pochituvaat i go smatrat za No.1. A takvi kao Siljan, Stiljan, Feliks i sl. so svojata omraza i nesmasni komentari ne zasluzuvaat ama bash nikakov komentar. Bi bilo chesno od nivna strana da se trgnat od ovde i da mu se vratat na megafonot, pardon, profesorot Latas. Neka mu go nosat medot i mlekoto shto treba da go prodava na studentite, a do sega ni go prodavashe nam. Chao Felko! |
| Внимателен читател, 18.10.2012 11:59:55 | Ете што ти е макдонски начин на идентификација на проблемот и неговото решавање за што пишува авторот во текстот наменет за состојбите во медиумите. Според реакциите главната енергија е пренасочена, не кон трагедијата на макдонското новинарство, туку дали Трајче лаже или навистина има куќа, дали има толку пензија дали куќата ја направил со кредит итн. Или каков е Ерол, дали и тој има стан, или нема и слични глупости.
Прво, најважно е зошто во Македонија не може да функционира нормално новинарство. За тоа има одговор во текстот. Второ придобивките во Австралија на сите граѓани се платени со борба и за тоа има во текстот. А Трјче и сите на Запад нормално е да земат хипотекарни кредити за било која поголема инвестиција. За да земеш таков кредит треба да се исполнат услови. Ако веќе работел таму 19 години можел да земе и таков кредит. Зошто тука не може да се исполнат условите за кредит е вистинското прашање. А за децата проверете сами, кој сака да учи таму, стига да сака. |
| Кераунос, 18.10.2012 12:19:44 | Владините гласноговорници ја зголемеија активноста.Со новите задолжуванја на владата ќе им се покачи хонорарот па така го исполнија
сиот простор за коментар.Што браноте сите вие
послушници на власта???И зошто???Што толку уб
аво и добро и се случува на земјата во која жив
еете???
Не сте му дораснсти на г.Ерол и коментари
те ви се сосема изгубени и несоответни.Ви се по
враќа и ви се гади од затруената храна што секојдневно ја жвакате бранејќи ја власта па се празните блуејќи преку вашите коментари. |
| Легнете си , дпмневчиња!, 18.10.2012 13:16:25 | Што задача ви даде Горското началство , што плукате веднаш , без да го прочитате текстот , за разбирање да не зборуваме?!Но , 500 денари се петсто денари , фелчовци мои драги! |
| Goce USA, 18.10.2012 13:29:40 | Prvo i najvazno, nikoj ne veli deka vo tugjina e lesno i sve e med i mleko. Naprotiv. AMA 150.000 lugje zaminale i ne se vratile vo poslednive 15 godini. A ne se vratile ne zatoa sto im e sram tuku zatoa sto dobile sansa za podobar zivot, dobile sansa za idnina koja kaj nas odamna ja nema. I site gi uzivaat plodovite na svojot trud a ne samo da prezivuvaat. Za razlika od nas ovie drzavi se pravno i ekonomski sredeni so stapki na nevrabotenost poniski od 10% i so odlicni socijalni sistemi. Zatoa site onie luzerki muabeti od stilot eve sega ke propadnat i tie ili tamu im e poloso se samo del od bedata na nasiov narod. Bez navreda. |
| melbourne, 18.10.2012 15:01:31 | Vnimatelniot citac sekoja cest, a za poveketo komentatori koi sakaat da se ottrgne vnimanieto na citatelite od vistinskata poenta na Erol(mesanjeto na politikata vo mediumite vo Makedonija),da im kazam deka obicen rabotnik vo fabrika vo Avstralia zema 40000-60000 dolari vo godina i toa nee tesko da se proveri duri i od tamu(Makedonija).Samo tuka ne go obvrzuvaat da glasa za ovaj ili onaj pa ke te vrabotam.Kritikite vo Avstralia se nasoceni kon toj sto e na vlast,a ne kon toj sto e opozicija,bidejki vlasta e taa sto nosi odluki koi direktno gi zasegaat lugjeto,odnosno glasacite. |
| Nikola, 18.10.2012 15:39:40 | Kole 18 10 2012god
Jas znam nie Makedoncite se cakame i sme isti i vo Makedonija i vo Australija.Koj misle deka e po kulturen po ucen podobar i sto gi gledat Makedoncite,prosti nikakvi,neka ne se mesa so Makedonci obicni so DOMASNO NSSLESTVO,bidete sigurn moseme bez vas.OSTAJTENE NE SE KASKAJTE |
| bezanec, 18.10.2012 19:13:21 | Браво Ероле ! Со твоите колумни ги разобличи сите подлизурковци на власта кои се без ум, разум и мисли на својот исперен мозок. Тоа е доказ зошто сме немале држава се до 29-30 Ноември 1943 година кога Маршалот Тито на состанокот одржан во Јајце со делегатите од сите републики без македонските,одлучи дека Македонија ќе биде федерална република- држава на ФНРЈ,со свој јазик,култура,религија државна управа. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Ведро
|
Петок
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C
|
Сабота
Облачно
Макс: 19°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (35)Дали Јованка била параноик. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|