Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
24.10.2012, 17:21

Загрижувачки пораст на самоубиствата

Момче скокна од зграда во Скопје. Виничанец три пати во иста вечер се обидел да се самоубие, четвртиот обид бил кобен

За само два дена згаснаа два млади живота по извршени самоубиства. Со скок од зграда на улицата „Братфордска“ вчераутро 18-годишниот Ј.К. од Скопје си го одзел животот. Само еден ден претходно во Виница, 34-годишен маж по три неуспешни обиди, четвртиот пат успеал да го оконча животот. Пред само неколку дена, во скопската населба Козле, 21-годишна студентка се фрли од покривот на зградата. Мотивите за самоубиствата се' уште се непознати, но бројките покажуваат алармантен пораст на млади луѓе кои одлучиле да посегнат по сопствениот живот.

Последниот случај во полицискиот билтен беше евидентиран вчераутро околу 10,30 часот. Осумнаесетгодишното момче се фрлило од зградата во која живеело во скопската населба Капиштец.

Момчето паднало врз покривната конструкција на хотелот „Гранит“ и веднаш починало. На местото на настанот екипи од СВР - Скопје извршија увид во присуство на јавен обвинител и истражен судија. Соседите вознемирени од смртта на младото момче велат дека не знаат што го натерало да посегне по сопствениот живот и да го оконча на ваков трагичен начин.

Еден ден претходно, трагично заврши и животот на 34-годишниот виничанец О.Ѓ. Тој во само една вечер трипати се обидувал да си го одземе животот.

„Најпрво си ги исекол вените со жилет, потоа се удрил по челото со тапиот дел од секира, но не успеал да се самоубие. Третиот пат се качил во помошна просторија од куќата и се обидел да се обеси со електричен кабел, но кабелот се скинал“, велат од полицијата. При четвртиот обид, тој зел пластично црево за вода и се обесил. Полицијата извршила увид на самото место и по наредба на истражен судија телото е предадено на семејството. Мотивите за двете самоубиства се' уште се непознати.

Статистиката вели дека само во изминатите неколку дена се регистрирани пет самоубиства, но она што загрижува е драстичниот пораст на бројот на самоубиства во однос на минатата година. Анализите покажуваат дека зголемениот број самоубиства не се однесуваат само на главниот град, туку и на другите градови во државава. Кочани е рекордер по самоубиства во источниот дел на земјава. Евиденцијата на кочанската полиција говори дека во изминатиот месец се случиле 15 самоубиства во градот и во околината, а дека во целиот источен регион имало 35 самоубиства. (Љ.С.)


Статијата е прочитана 3007 пати.

Испрати коментар



Пожар во Студентскиот дом „Пелагонија комерц“ во Битола
„Косили“ ќе се испитува дали е опасен



G. Stojanovic, Holandija, 25.10.2012 09:15:40
Socuvstva do semejstvata na zrtvite! Ne sakam da zvucam umno - bidejki site otposle kako da znaat sto trebalo da se napravi... Megutoa mislam deka pricinata treba da se bara vo slednite sferi: nemanje na stabilni uslovi za zivot i perspektiva / alternativa za idninata, bezrabotica, beda i sto e mnogu vazno nedostatok na socijalna mreza (ne mislam na internet, facebook i drugi povrsni raboti) - tuku nemanje bliski lugje so koi ke moze da se spodelat i najintimnite tajni, stravovi i grizi. Ne sakam da generaliziram, no primetuvam deka mentalitetot na lugjeto i kaj nas e smenet (sekoj za sebe i se gleda samo svojot interes) a toa e znak deka se oddalecuvame od samite sebe i socijalnata mreza se raspagja - so site mozni posledici. Prijatelski pozdrav,
Miki, 25.10.2012 10:13:43
Nikako da razbere ovoj narod deka mu e ubavo!? Deka sme lideri vo sekoj napredok, vo site reformi? Deka vladeenjeto na Gruevski i Ahmeti seto toa ni go ovozmozuva? Treba i ponatamu da im dademe podrska da ni bide uste poubavo, a tie na koi im e loso.....Fala im i na tie koi odnadvor ni pomagaat so toa sto ja odrzuvaat na vlast ovaa humana koalicija, za dobrobit na site nas!
Borce, 25.10.2012 11:14:37
Pricinite za ovaa tendencija se poznati na vladata..
Никола, 25.10.2012 17:19:16
Ако изборот е помеѓу смрт и понижувачки живот во вмрофска Македонија...
Vladimir Borozanov, 25.10.2012 20:00:17
Konecno nekomu mu tekna. Prodolzete. Odlicna tema za istrazuvacko novinarstvo, ama ne samo statiika. I za drugite nasilstva kaj mladite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
  


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 9°C

Недела
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (36)
Tито во дилема дали да се разведе од Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Обама гласаше во Чикаго
Со предвременото гласање тој стана првиот американски претседател кој гласал пред денот на изборите...
Верски профит во Мека
Милиони луѓе секоја година доаѓаат и и' носат милијарди долари на саудиската економија...
Доналд Трамп во отворена војна со Обама
Ќе даде пет милиони долари во добротворни цели ако Обама ги објави своите документи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |