Хороскоп
Овен
Вложувате дополнителна сила во решението на проблемите. Борбата не е лесна, но е успешна. Ја преминувате опасната здравствена ситуација. Можни се киксови кога е во прашање љубовта, тука паѓате од грешка во грешка. Тешко се приспособувате.
Бик
Можни се недоразбирања, недостиг од енергија и лоша концентрација. Пожелно е да не инсистирате на работа по секоја цена ако почувствувате одбивност кон тоа, туку одложете го до моментот кога ќе се чувствувате подобро. Свртете се кон љубовта.
Близнаци
Стигнуваат добри вести. Размислувате за договорите, новите работи и за здравјето, сите идеи што ви паѓаат на памет стојат на цврсти нозе. Тоа не се случува често, па искористете ги поволните ситуации. Ако постапите правилно, следува вистински успех.
Рак
Не ви е лесно. Љубоморни сте и посесивни, но само затоа што сте несигурни во себе. Реални причини нема, но што да се прави кога е тоа посилно од вас. Свртете се кон работите што покажуваат видливи резултати, кон работата на пример. Поубаво ќе се чувствувате.
Лав
Трпеливо ги остварувате целите во изолација, свесни дека ќе ви се исплати тоа. Доколку сте нерасположени, една од причините може да има финансиска природа. Моментално не сте во можност да ја фасцинирате околината со подароци и трошење.
Девица
Размислувате во добар правец. Вашите активности не се сведуваат единствено на планови, туку сакате да преминете од зборови на дела. Сега е вистинскиот момент. Успехот е евидентен, па немате причина за дилема. Емоциите се во втор план.
Вага
Тамам сакавте да земете воздух и да соберете сила за нови потфати, повторно се појавија нови проблеми. Емотивното незадоволство, исто така, е присутно. Склони сте вината да ја префрлите на друга страна. Пожелно е да бидете објективни.
Скорпија
Вложувате максимален напор, а резултатите се незабележливи, што страшно ве нервира. Зошто сте тврдоглави? Штом ќе видите дека нешто не оди, значи дека не е вистинскиот момент, па свртете се кон другите работи. Бидете внимателни.
Стрелец
Бидејќи се' ви пречи, најдобро е да се изолирате и да најдете мир. Многу работи можат да ве орасположа��, но тие се наоѓаат далеку од очите на јавноста. Некоја непрочитана книга, колекција слики или добар филм - заслужуваат внимание.
Јарец
Одлучивте да ги истерате работите докрај, па нема сила што може да ве одврати од тоа. Емоциите се настрана, а разумот упорно работи. Не се оптоварувате со споредни нешта, приоритет му давате на она што ви е моментално многу значајно.
Водолија
Дали се однесувате коректно во однос на законот? Доколку не можете да дадете потврден одговор, итно вразумете се и исправете ја грешката. Во спротивно, ќе имате конфликт со законот. Врската со Скорпијата е доведена до точка на вриење.
Риби
Во глава ви се мотаат безброј идеи. Тотална конфузија! Иако мислите дека ќе ги спроведете потпирајќи се само на сопствените сили, грешите! Потребна ви е помош, па прифатете ја. Повеќе внимание посветете му на здравјето.
|