18.10.2012, 17:01 Семејството на премиерот пред очите на јавноста
Никола Груевски се обидува да го покаже и човечкиот лик на политичарот и гласно да каже дека не е се' во кариерата, велат експерти
Наум Котевски
Во екот на кампањата против опаѓање на наталитетот и во време на груба девалвација на човечките вредности, премиерот Никола Груевски се почесто се' појавува во јавноста заедно со неговото семејство. По посетата на циркусот, скопската Зоолошка градина, Етно-селото и мегалитската опсерваторија Кокино, деновиве тој со сопругата Боркица и ќерките Анастасија и Софија беше на прошетка на Водно и се возеше на скопската жичарницата.
Груевски, кој на средбата со бизнисмените во „Александар Палас“ рече дека опаѓањето на наталитетот многу повеќе боли од економската рецесија, не пропушта да ја прикаже својата семејна идила од камерите и фотоапаратите. Многубројните фотогалерии објавени на интернет порталите и во весниците на кои се гледа како тој ги лула своите ќеркички на лулашки и како во ерата на високата компјутерска технологија ги учи да летаат змејови, не се некаков папарацо подвиг, туку се дел од смислената промена во ПР- тактиката на премиерот, како обид за воспоставување поцврст и поискрен однос со јавноста.
Наспроти еродирањето на етиката на јавниот збор и реториката на поделби и создавање непријатели на политичката сцена, македонскиот премиер, веројатно, се обидува да го покаже и човечкиот лик на политичарот и гласно да каже дека не е се' во кариерата. Неговиот тим мудро проценил дека луѓето се' повеќе се интересираат за личноста на оние што ги водат и оттаму паметно ги користи сите алатки за подобра промоција пред граѓаните. Подобро упатените во оваа област ја поздравуваат идејата на Груевски за малку поинаков комуникациски чекор, но напоменуваат дека сето тоа ќе остане во доменот на политиканството и пропагандата, односно на обид за освојување некој политички поен повеќе, доколку во борбата за зголемување на семејните вредности и на наталитетот не се вклучат сите општествени фактори. Во таков случај, според нив, главната цел е промашена.
„Јасно е како реагира јавноста на семејните слики на премиерот. Тука нема дилеми. Повеќето си велат дека ако тој е семеен човек и се грижи за најблиските ќе се грижи и за државата. Нормално е за јавните личности да сакаат да го прикажат она што не било дел од јавноста. Мене лично не ме изненадува тој изблик, таа желба на премиерот да го покаже семејството, да покаже пред граѓаните дека е семеен човек. Впрочем, тој е лидер на една демохристијанска партија“, вели Гоце Пачемски од агенцијата Имиџ ПР, кој е загрижен што во борбата за враќање на вредностите е исклучена научната мисла.
Според него таа и граѓанскиот сектор не смеат да бидат оставени на периферијата. „Со илјада книги преведени на македонски не се помага науката. Доколку не видиме суштинска промена на тоа поле, попусти ќе бидат обидите на премиерот, се разбира ако се искрени“, додава Пачемски.
До неодамна Груевски според начинот на политичко дејствување беше споредуван со премиерот на Русија, Владимир Путин. Особено во желбата да демонстрира издржливост, работливост, одлучност, политичка сила и цврста рака. Но, за разлика од Путин, кој е секогаш подготвен за авантура во сибирската дивина, за нуркање во водените длабочини, за пилотирање борбени авиони, како и за јавање коњи гол до појас..., Груевски досега пред камери покажа дека сака да игра фудбал и да вози велосипед по патеката на скопскиот кеј, слушајќи како што самиот велеше техно музика.
Сепак, последните семејни фотографии за момент го „спасуваат“ премиерот од паралелите со Путин и го носат многу поблиску до споредби со начинот на кој функционираат американските претседатели.
„Американските претседатели, особено во изборна година, интензивно го покажуваат своето семејство. Семејната тема е една од водечките во американското општество. Кај Путин работата е сосема друга. Кај него не може да се забележи семејната активност. Тој секогаш ја велича сопствената сила и цврста рака. Тоа е многу важно во политичкиот амбиент во Русија“, оценува Пачемски.
Татјана Лопарски од „Елемент ПР“ потсетува дека „една фотографија вреди милион зборови“ и дека е таква и последната фотографија на премиерот со неговата сопруга и ќерките. Според неа, тоа моќна фотографија која што покажува многу – почитување на семејни вредности, искрен однос, смиреност.
„Таа фотографија зборува многу за оној што ја гледа, бидејќи го чувствува премиерот близок до себе, до обичниот народ – слика на татко во вистинска смисла на зборот. Семејството е основа на се', врз кое што се базираат вредностите во едно општество. Ова е одличен потег од многу аспекти. Првпат на ваков начин е прикажан животот на еден политичар во Македонија“, вели Лопарски.
На прашањето дали е важен карактерот на политичарот за спроведување ваква ПР стратегија и може ли секој успешно да ја реализира, Лопарски одговара дека се' зависи од тоа колку тој сака приватниот живот да го спои со својата јавна функција.
„Се' е до желбата. Досега имало обиди. На пример, Владо Бучковски исто така беше секогаш достапен за јавноста со детали од својот приватен живот. Но, што се однесува до комуникациската стратегија на Никола Груевски, барем досега, се' е направено беспрекорно одлично. Смислено, реализирано и ефектуирано како што треба. Кој и да му е советник одлично си ја врши својата работа. Сите ние сакаме да видиме како живее премиерот, кои се неговите навики, како се однесува со своите најблиски. Љубопитноста е дел од сите нас. Психологијата вели дека колку повеќе дознавате за политичарот, толку тој ви станува поблизок. А ’близината’, комбинирана со политичка стратегија која се води континуирано, значи многу на денот на избори“, вели Лопарски. |
|
Статијата е прочитана 5219 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 19.10.2012 00:06:20 | Nikola se odnesuvase kako Putin pa sega, po necij sovet, pocna da gi koristi zenata i decata za svojot imidz. Kako Sarkozi. Neznam dali znae deka Sarkozi se izgore. |
| jovan, 19.10.2012 01:13:24 | Zosto e opadnat natalitetot, znaeme.Mladite nemaat ni za sebe, ne pa zaednica so deca da stvaraat.I sega vo edna takva situacija da izleguva nekoj vo javnost koj ima iljadnici evra prihodi i povlastici i da dava primer kako se gradi srekna familija e vo najmala raka licemerije.Ne samo na premierot, nego i na site drugi politicari pa i biznismeni bi im preporacal vo vakvi teski i opasni vreminja da si gi cuvaat familiite na strana i da ne se rasvrlaat mnogu so nivnata sreka, bidejki narod neznae kako da prezivee do utre, razocarani od nemanje idnina, depresivni sto stareat sami bez bracen drugar i potomstvo, i sega uste nekoj da im*dava primer* kako trebalo da ziveat.Neka se stavat vo situacija na nekoj mlad covek koj e vo triesetite, nevraboten so nitu den staz, pa togas neka gi pokazat*semejnite vrednosti*i kako se gradi *srekno semejstvo*.Vo sprotivno, stanuva nevkusno i kontraproduktivno.Mnogu mladi sakaat da bidat zeneti/mazeni, no ednostavno nema uslovi, a nikoj ne veruvu vo toa i |
| Дон_пп, 19.10.2012 02:01:41 | Прекрасно и подршка |
| ФЕЛИКС, 19.10.2012 08:01:13 | Нема причина да политичар не се појавува во јавноста заедно со семејството.Ова во светот е подигнато скоро на највисоко ниво.Во САД ова функционира безпрекорно, во тоа секидневно се уверуваме да семејството е постојано присатно на председателските конвенции на двата кандидата за председател.Повеќе пречи кога политичар настапува во соло издание,како да е без семејство и осамено верувам се чувствува без подршка.Па така може да се остави впечаток да кога нема јавна подршка од семејството,тогаш му се намалуваат шансите за подршка на електоратот. |
| Mirce Vladimirov, 19.10.2012 09:59:16 | Do Jovan : spored tebe natalitetot vo Makedonija e vo pad poradi nemastijata. Vo Germanija, Francija, Slovenija, Holandija, Belgija... isto taka pagja natalitetot kaj HRISTIJANITE poradi nacinot na razbiranje kako kako bi trebalo eden covek da zivee. Nasite mladi isto kako i na zapad ne sakaat da formiraat semejstvo, preferiraat sloboden zivot bez obvrski a brak EVENTUALNO od 35-ta godina pa natamu. A do togas bioloskiot casovnik veke zavrsil rabota, i zatoa ostanuvaat na samo edno dete. Istoto e i kaj mladite od pobogati semejstva, nikoj ne stapuva vo brak pomegju 20-30 godina od zivotot, sto e mnogu mnogu pogresno. Znaci, ne samo kaj nas tuku vo cela Evropa bez ogled na ekonomskite priliki. |
| koki, 19.10.2012 11:17:37 | Обична фасада..................... |
| milena, 19.10.2012 11:50:06 | Jovan..vo pravo si...mladinata nema skapan denar vo svojot dgeb a nitu pak kade da se vraboti -za stalno....nemaat krov nad glava- seuste ziveat so roditeli...mislat kako da preziveat od den za den a ne da sozdavaat semejstva..Tazno e toa...Sega premierot ce ni demonstrira Americki sablon za Familija. I tie cesto go upotrebauvaat terminot Semejstvo-ama nekako slabo im odi-sekoj e razveden..
Uzas. Strasno e ova sto politicarite -site do eden se so kupeni diplomi ili nekoi tatini deca.. |
| Ајван Доктор®, 19.10.2012 12:54:42 | Тенка е границата меѓу добриот ПиаР и манипулацијата со јавноста!Ова е чиста злоупотреба на деца,не помала од носењето на децата на политички собири!Зошто?Никому не му пречи тој да се појавува во јавноста со дечиња и без новинари и пропагандна машинерија!Не пречи ни да отиде на (приватна) семејна прошетка со нив подалеку од очите на јавноста,и само тогаш и во тој случај таквото појавување со семејството не е манипулација и е сосема оправдано!Во случајов,тој настапува со идеја да ни се претстави и покаже како семеен човек (небаре другите немаат жени и деца!)и токму затоа преоѓа во злоупотреба на сопствените малолетни дечиња за себични,лични,пред сè—политички цели!Го гледавме како оди пеш до работа,го гледавме и како вwти педали,бwза на велосипед и сvуша „техно“,при што само малоумници може да поверуваат дека секојдневно оди пеш на работа,па и во тоа дека е подобар татко од некој „обичен смртник“!Патем,за какви ли „вредности“говорат Пачемски и Лопарска?!За семејните?! |
| do site dobronamernici, 19.10.2012 15:17:14 | Bi bili ubavo ako ovaa smeislena scena bese odsekogas upotrebuvana, sto bi deluvalo kako nesto prirodno. Normalno e pojavivanjeto sose semejstvo niz svetot; vo SAD taka i vo Francija, no toa se pravi NAJ PRIRODNO i cesto, a ne pred samite izbori. Nadvor od Makedonija se znae koj Pretsedatel ili minister.. pratenik kade ke letuva i kako go minuva odmorot. Seto toa e nenamesteno i prirodno,ili barem taka intelegentno deluva, ne kako kaj nas sega,, bas kog ni cukaat na vrata izborite! Vprocem, vakva gluma izmislena od P R kukjata e sosema providna i negativno vlijae kaj svesniot naroect, vo odnos na bozemnata ednostaviot zivotot na samobendisaniot ni lider. No raka na srce, P R sovetnicite odlicno si ja vrshea i do sega rabtata za dobroto na liderot, no protiv potrebite i srekjata na narodot!Vo remeto na *komunjarite ne im gi znaevme soprugite na ministrite, ama nemashe potreba da bidem ljubopitni,ziveevme siguren zivot,koj Feliks ne e vo moznomoznost da go vidi,pred da si smeni ocila |
| anti-patriot, 19.10.2012 15:44:28 | nema nikakva potreba od vakvo ,,toporenje,, i guranje pod nos na javnosta premierovata familijarna idila,kako i nekakvo si glumenje na semejni vrednosti predhodno izrezirani od manipulatori od negoviot kabinet.od nego se ocekuvaat drugi raboti a ne glumatanje pred javnosta za negoviot familijaren zivot.nikoj i ne se pretrgna od zelbata da se zirka vo negoviot privaten zivot. |
| suze, 19.10.2012 18:20:51 | Браво Јоване ,но за жал целосно си во право!А овие што те кудат очигледно дека се едни од оние ретките кои живеат во благосостојба. |
| vivo, 19.10.2012 20:51:21 | abe vie dodeka ja svatite politikata nivna lujge na mars ke ziveet bravo grujo znam pametno ke si e predajs tvojata funkcija svaka cast pozdrav. |
| zena, 19.10.2012 21:05:52 | Samo mozam da vi kazam edno losotija od narod ste. Edno nesto da ne se kaze dobro. Sram da Vi e i ne lutete se na sosedite samite doma ne se trpite. |
| детелинка_пп, 19.10.2012 22:10:01 | Секој еден политичар пред се треба да биде човек во душата за да може да се грижи за овој народ како што тоа го докажа, покажа и прави премиерот Никола Груевски! Прекрасна фотографија! |
| bez deca, 20.10.2012 00:10:58 | gicitjam komentarive, i se cudam. maldite bile bez dinar vo dzeb???? nemozam da poveruvam, poradi toa sto istite tie maldi sedat po kafani po celi denovi, pijat i pusat, se hranat po resorani, i odat minimum dva pati godisno na odmor, eden leten i eden zimen. taka da ne e do parite samo. nasite babi i dedovci sekako deka bile uste posiromasni pa ragale i po 6 deca. taka da ne e do parite samo. i do menuvanjeto na svakanjeto na lugeto. vo pravo e eden citatel koj sto veli deka lugeto sega poveke si ja sakaat licnata sloboda. imanje deca znaci golema odgovornost. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (31)Власта ништо не може да ја замени. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|